Ова е од викенов што помина 09. Август 2020 Валона шеталиште Ова ми е едниствената слика шо сликнав на Paradise beach која што е во склоп на истоимениот хотел, лежалки 500L Овие три слики се од според мене најчистата и бистра плажа Coco Bongo кај хотелот Dior's на неколку метри после Nimfa Ги посетив овие два дена (саботата и неделата) на овие две плажи на враќање поминавме Golem (Drac) Доколу имате слики од другите плажи би сакала да ни испратите P.s. сакав да ви ставам и видео со панорама ама незнам како
Супер плажи и вода и се цени пристапни, гужва нема игла кај да фрлеш, мерки никако, маска никој не носи лежалките една до една... очи 4 ка отворени
Здраво, сакам да ве прашам вие што сте биле во Саранда како е местово? Убави ли се плажите има ли за шетање? Искрено никогаш не сум била во Албанија, ама сега па за на море само Албанија и Турција, со дм збориме ама за во Турција не сме, јас ке спобудалам 10 дена во хотел да седам. Гледам има понуди по пристапни цени, а и голем дел од познаници отидоа натаму на одмор, па ако може некоја од вас да ми каже нешто повеќе. Би оделе крај на август на пример.
Zdravo, nekoj shto ima poveke iskustvo so Albania, koe mesto poveke go preporacuvate, Ksamil, Saranda, Valona ili nekoe drugo, da napomenam deka bi odele so dve deca, od koi ednoto bebe
Јас лани бев во Ксамил, преевтино, ептен фамилијарно место, ресторанчиња на секој чекор, плажите чисти и песочни, ич да не му ја мислите.
Саранда водата е ладничка, инаку местото си е океј. Ксамил е супер. Јас сум била два пати во Саранда, па на неколку дена сме оделе во Ксамил. Колку што знам залив е, па водата е бана топла. Бидејќи сте со мали деца, Ксамил. На ова горе за водата плус плажите се преубави, со ситна песок. Баш децата можат да си играат.
Здравоо, да не планира некој да оди деновиве од Скопје до Саранда или Ксамил и да има 2 слободни места? Имаме потешкотии со дечко ми да искомбинираме превоз паа ако има заинтересирани would be great
Некако 500леќи за лежалки е многу,ние плаќавме по 300 а тројца бевме. Ова беше пред 4 години додека сеуште не беше откриена од македонските погледи и сеуште се градеше Валона. Посетете ја Kuzum Baba од таму се гледа цела Валона. Комплекси Liro не знам дали уште постои ама мене ми се допаѓаше целото место. Орикум-Portokalija Te Liri имаа убава плажа.
Се надополнив. А инаку од сместување вила Hodo ја препорачувам, на брдо е ама има убав поглед. Тогаш плаќавме 25е од ден за апартман со поглед на море.
Песочна плажа, ти препорачувам лежалки (400L), кај хотел Мираж е сеа погоре подолу може да се поефтини, цените за апартман беа во Julius 55евра од вечер, залез боли глава некаде на средина море јас си направив ваква слика плитко е, баш како сакам, со еден збор преубаво. Нема да зажалиш!
Здраво на сите,сакам да прашам сакаме да одиме Валона и сакам да слушнам искуства од сместувања,каде е најдобро да се сместиме..Орикум,дерби,предлози и цените како се движат,слушам и за некое место Химаре,каде се наоѓа?искуства ве молам.поздрав
Кога беше Грција опција за одмори 90%од луѓето ја кудеа Албанија како е ваква таква нечини и тие шо биле се потсмеваа со нив Сега??? Сега арна била Албанија се потепаа да отидат
Богами супер е и јас прв пат бев и баш сум задоволна. Гледам Охрид, Струга 50€ од вечер а услуга мизерна. Ни ден не би им седела таму Таму си плативме 60€ луксузен хотел 5*, спа базени море своја плажа. Па ти види каде повеќе се исплаќа