Ксамил одат доста со мали деца, мислам дека е најпогодно. Плажичките што се во самото селце се „оградени“ со копно и неколку островчиња (не се на отворено море), па така нема многу големи бранови. Само, има премногу гужва во јули и август. Доколку планирате за тие месеци - лично јас не би ви препорачала. Спојлер: Дрон слика од Ксамил 360 степени https://www.google.com/maps/@39.767...-k-no-pi0-ya323.4151-ro-0-fo100!7i9000!8i4500 На други места - не можам да кажам, не сум била
@mcokolada Се согласувам, Спиле е баш како измислено за со мали деца. Плажата долга, ситна песок, преубава. Местото како место не нуди нешто ептен занимција и забава, но како за со мали деца и мирен одмор е прекрасно.
Здраво дали можи некој да ми предложи смештај во Саранда? И колку е мотор да се изнајми на ден ако знае некој?
Може да ми дадете некој контакт или некој линк за таму. И како им се движат цените за сместување дали знаете? За жал оваа година сме ептен со ограничен буџет.
Здраво, бил некој на почеток на јули на одмор во Валона? Какво е времето? Дали водата е мн ладна? За сместување да барам директно таму, или од тука? Искуства некој?
Здраво на сите. Со мало двегодишно дете сум. Одмор во Албанија сакам со песочни плажи, смештај многу блиску на плажа или на самата плажа ? совет за каде и контакт? Спиле , Орикум , Дерми?
Спиле мало место една главна улица 2ресторани 3 маркети пицерија голема и широка плажа со ситен песок и плитка вода одмор без пари тео травел битола ја нудат првата црвена вила таа е прва до плажата
Ние пред 2 години бевме почеток на јули, водата беше претопла,можам слободно да речам иста како дома ко ќе се бањаш. Сместување на букинг најдовме, ако сте со деца поарно мислам е пред време да си најдете
Водата зависи и од времето барем недела дена пред да одиш ако е вакво цел месец како што прогнозираат.. скапавме веќе во дожд цел балкан Иначе и ние одамна имаме отидено и водата беше топла ама и времето беше топло а не како сега
Да, јас бев пред две години, во Орикум (11км после Валона). Бевме почеток на јули, водата беше претопла. И времето ни се погоди, освен последната вечер кога фати страшна бура и летаа маси и столици. Сабајлето си заминавме, не бевме на плажа после невремето да ти кажам дали беше поладна после бурата (ма да сигурно била). Сместување најдовме преку познаник, тој ни даде број од еден човек и кога стигнавме во Орикум му се јавивме, не однесе до апартманот и задоволна сум. Евтино поминавме многу, цел апартман за 30е беше. Мислам дека ќе најдете сместување и на лице место, иако сега ние за Саранда си резервиравме. Мене па ми е страв во случај некој да дојде на лице место да го побара апартманот на наш термин, дека hostot ќе ја откаже нашата резервација и нема да можеме да најдеме сместување. Имал некој вакво искуство до сега? (преку Airbnb резервиравме, free cancellation има до денот пред chek-in)
Каков е патот до Дерми? Гледам дека има три опции, преку Косово е најбрзо. Малово не ми сака многу возење со кола, знае глава да го боли често, па кога читам дека има 8-9 часа возење, ми се темни. Сум била во Валона, од Охрид тргнавме, многу долго ми се виде, ама тогаш не беа ни патиштата уште направени. Сега не знам како е.
Од кај и да фатиш ке морсш покрај брег да возиш асфалт е нов ама и кривини нагорнини и надолнини од 30 повеле не се вози Ние од Драч до Ксамил некои стотина км ги возевме 3 саати Ама гледката е сон цело време покрај брег попатно сите места ке ги видиш и сите плажи
Саранда. Ксамил плажите се многу убави, ама навечер нема каде да се оди. Мене лично Саранда ми е преубава.