Во план сме да одиме во Ксамил, па ме интересира како се движат цените за соба за двајца, дали има плажи кои не се наплаќаат? Благодарам.
Еве едно искуство да споделам за Ксамил, само што се вративме и си поминавме преубо Патувавме со 8м бебе и 4г дете од Прилеп до Ксамил патот е 9 сати возење со паузи и граница. Автопат, само што пред да влезеш Ксамил неизбежна е авантурата низ планина и кривини Преубави вили апартмани сето им е во грчки стил, ние бевме во вила Клеа преку агенција 7 дена Цените им се како кај нас за храна има доста маркети, а по ресторани е одлична услугата Плажите ги има преку 10 сите се приватни, Бора Бора 600 ден за 2 лежалки без пијалок, продолжувајќи на горе по 500, Коко плажа се 250 ден имаат препреубав бар мора да го посетите последна плажа правец Саранда ни кажаа од 1 Јули ќе имаат нови цени на менито. Инаку Саранда е 20мин со кола и е препрегужва за паркинг на улици оставаш коли, пренаеселен згради хотели, пристаниште. Амстел пиво 90 ден па продолжуваат нагоре цени сокчината им се 80 коктелите од 200 па нагоре Водата е рааај, чиста тиркизна
Малечки се и се сите со сопствени лежалки на хотели ресторани има на почетокот плажа на Бела Виста и на крајот пред Коко плажа простор за со свој чадор ама е со камчиња плажата исто има мал дел пред Стела плажа означен како слободна зона
Дали може да се најде место на плажа околу 11-12часот? Или мора рано да стануваш за на кај 8-9 да си на плажа?
И мене ме интересира за сместување како да се организирам,на лице место,на букинг....дали да се ориентирам блиску до центар,дали секаде се достапни маркети и ресторани,или се сконцентрирани на едно место само...?
Јас резервирав преку букинг, ама имаш многу луѓе што седат надвор по главната улица и нудат апартмани. Мене ми беше страв дека прв пат идеме таму и само 3 дена бевме да утепам пола ден у барање добар смештај не ми се исплатеше никако. Смести се во центар според мене, таму имаш се, а не е многу големо местото, не знам како да ти споредам еве Охрид шеталиштето напред плажа позади хотели апартмани згради ресторани маркети и една главна улица магистрален пат што и да е, тоа е. После градчево, има воена база се влегува во неа и убави ресорти и плажи ти се 5-10мин со кола ни толку. Имајте во предвит дека не знаат баш англиски таму луѓето. Во секој кафич, плажа имаше по еден вработен што разбира и него го викаа за да можеш да се разбереш.
Феминки со сега немам искуство со одмор во Албанија, кое место го препорачувате за со мали деца едно 3 месеци и 3 и пол години. И дали имате искуство со одмор во септември од 10ти водата дали е топло, климата... Каков е патот, одалеченост на плажите од сместувањето, ресторани, маркети. Ваш предлог и сугестии се добредојдени, фала ви
Моментално гужва има, може да се најде најкасно до 10:30/11. Цената на две лежалки и чадор е 1000, 1200 дури до 1500 леки знае да биде.
Да не знаеш како се движат цените по ресторани за храна во Ксамил, во сабота ќе одам па да знам одприлика како се движат цените.
Покрај плажа рестораните се поскапи болоњезе шпагети 900 леки, пиците се од 400 леки па нагоре, гиро и донер 200 леки, нескафе 200 леки, пивата од 300 леки па нагоре, морската храна е поскапа во споредба со други години кога сме иделе.
Одприлика како во Скопје по кафиќиве/рестораниве се цените значи горе доле. Фала ти многу Уште едно прашање, дали времето е многу топло?
Planirame da odime godinava vo Sengin, gi citav komentarite na Carolyn. , no denes mi Kazaa deka ne bilo bas cisto, vo smisla gjubre po plaza, okolu deka se gradi, me interesira vodata barem Dali e dobra sepak odime najveke za nea. Vi blagodaram
Крај на Јуни месец кога бевме ние можеше да се најди преку цел ден скоро на сите плажи место во секое време А за овај период од Јули сигурно ќе е повеќе гужва зш кога си одевме се осеќаше повеќе раздвиженост, возила и цени на лежалки
Mozno e Avgust prv pat da odime vo Albanija dodusa uste ne znaeme kade. Vie sto imate odeno opsto prasuvam,koe mesto ima ubava plaza? Ima Li alhokol po marketi? Kako se cenite? Znaci se Bi mi bilo od korist
Ние каде што одевме на плажите надвор од градот водата беше пречиста, песокот го чистеа секое сабајле со едни како гребулки.