Zdravo dali moze nekoj da mi kaze za vo Orikum dali ima sansi da se najde tamu smestaj,so ogled na toa sto avgust e guzva.Ili ako nekoj ima preporaka bi bila blagodarnaksamil 3 godini tamu naogavme smestaj i bese super,dali i vo orikum ima luge sto nudat smestaj na lice mesto
Подобро најди си од претходно.. Ние дојдовме на сопствена режија и едвај најдовме смештај. Никаде не видовме луѓе што нудат сами смештај
Не, каменчести, малку е посвежа и водата, а чиста е и убава. Кој праша за букинг, во Албанија последниве пати се преку букинг одевме, посигурно ми е така, си знам кај сме сместени, вози и раат. @Hortenzija мислам прашуваше за алкохол, има, ете во Валона има синџир италијански Конад маркет од пиле млеко има, мене посебен впечаток ми има Валона оставено, имаш гратски плажички песочни, имаш и по накај тунелот на пат кон Орикум каменчести и приватни на хотелите што се таму при крајот на градов. Дерми и Химаре се многу фалени, ама што видов за некоја од плаживе заборавив сега која беше, има шут од тоа што граделе над плажата, рестораните се цемент бетониран и поставени маси. Местенцата повнатре се рурални, мали и не баш урбанизирани. Валона ми е поим за убав одмор исполнет со разнолики активности, Саранда е убаво, само е мало местото, збиени улиците и ридесто е и се прави многу гужва по плажите, се е збиено. Цените лани како и претходните години прифатливи, скоро како кај нас, за нешто и поевтино, сега годинава не знам баш, да не набиле цени ради тоа што повеќе туристи им се слеваат. Ја сакам Албанија, има убави места и плажи, имам идено неколку пати, сега пред некој ден се вратив од Грција, Халкидики, ама најискрено Грција, особено овој дел ми е одличен, се вративме од таму до Скопје со се граници за 4 часа, е Алабанија нема така. Ама за идење пак се изначекавме на граница и се плаќа за тестовите, што се своевидни недостатоци за одмор таму, ама воглавно тоа се моите впечатоци за летен одмор и дестинации.
I nie sme za Grcija ama na maz mi pasosot istekuva septemvri a vikaat i se zgolemuva br na zaboleni pa nekako ne sme bas sigurno kade...
Повеќе во Атина е тоа. За пасошот како што читав во групата патување во Грција од 1ви јули ги пуштаат и со пасоши со истечен рок, до крај на јуни како ги враќале ама од 1ви јули повеќе не, сепак дали е најточно ова не знам, немавме таква ситуација ние, валидни ни се пасошите, ама голема гужва е за влез на Евзони ( да @Ahoy ) на Ники еве @Ahoy пишуваше минимално се чека, така да можно е во тие гужви и да ги пуштаат ради дописот од мвр за роковите, ама подобро прашај во надлежни институции што точно ќе ти кажат или @Ahoy ако знае нешто подетално нека пише.
Меџитлија и Ники е исто, веројатно помеша со Евзони Иначе да, на Меџитлија/Ники ретко некогаш да има повеќе од 10 коли да чекаат и генерално се поминува брзо @Hortenzija ситуацијата со Ковид во Албанија е полоша од во Грција, со тоа што тоа не е јавно познато, односно Албанија не објавува баш веродостојни податоци. Албанија веќе не е ниту ефтина како што била, особено не каде што има убаво море, т.е. после Валона. Цената на смештајот е иста, ако не и поскапа од Грција. Инаку јас знам луѓе што поминаа со пасош истечен пред неколку месеци, но имам читано дека некој и ги вратиле. Најдобро да се јавите на ГП, па ќе ви кажат
Да, да, едитирав, јас пак читав за ова дека некои ги пуштале од 1ви јули ама откако се објаснувале и расправале, така да зависи и од службениците на граница. За цени за сместување во Грција не се прескапи како што прикажуваат некои, воглавно Албанија до лани беше поевтино ама годинава еве не бев сигурна и како што велиш можно е да се изедначило со Грција, сепак лани храната беше прилично поевтинка во Албанија во однос на цените во Грција какви што се вообичаено.
Ова мене туристички водич што редовно оди ми го кажуваше, ни јас не сум бил Пример во Ксамил годинава две лежалки и чадор биле 10€, само наем, без пијалок. Во Грција е исто толку или уште поефтино, некој 6-7€ ама ќе пиеш кафе пример, а лежалката доаѓа гратис. Инаку сега пред некој ден бев во Олимписка Регија/ Пиериа во кампинг ама одев до Паралија, искрен да бидам поефтина е од Охрид, а и водата на мое изненадување беше супер, до околу 13-14ч. колку што останував, после читав дека се матела ама пак ништо страшно. (последната ми слика во Фото Натпревар е Паралија )
Во однос на сместување и храна Албанија е секако поефтина од Грција, нема дилема. Крајот на јуни бевме, багатела поминавме, а изедовме се ' што плива во море (освен ајкула ). Во Грција такво опуштање не ни се случило. Не верувам дека сега има драстична промена во цените што се однесува до храната. Сместувањето е сигурно накачено, сепак сега е баш сезона. А Грција "води" пред Албанија со близината и најубавото море, барем за мене Егејот е неприкосновен и нема споредба со ниедно друго море.