Jas sum momentalno vo Saranda,nit merki nit nisto.Haos e mnoguu guzvaaa mnpgu turisti 24h e guzva.Preku Kosovo dojdovme ,vo 2h trgnavme i nemase voopsto guzva ni granica ni po patot Vo 11h veke se smestivme.
Јас вчера се вратив од Саранда Полицискиот час важи само за кафичите, клубовите. Се гаси музика во 23ч а се затвораат во 00ч. Иа луѓе после полноќ, значи можеш да се шеташ,да патуваш во тој период. Ние за накај Саранда одевме преку Ѓирокастер и р и патот е многу добар, освен последните 30тина километри кадешто искачуваш и се спушташ по планина а и тука се огромни кривини и тесен пат. За назад одевме преку националниот парк Логара и можам да ви кажам дека патот е потежок ама прејак! Какви убавини се изнагледавме неможам да ви опишам. Го препорачувам овој пат доколку имате возило што може да издржи по угорници и стомак за големи кривини. Патот преку Ѓирокастер е полесен но и баеѓи подосаден.
Некој што е моментално во Валона или бил до скоро, да не има случајно некој стомачен вирус тука? Најпрво мислевме дека е класично труење со храна, ама се сомневаме во другово. Или од водата евентуално. Ама подобри сме сега.
Јас сега си одам од Валона, да стомачен вирус е.Јас и дечко ми го фативме разлика во еден ден со повраќање и дијареа.Те молам чувајте се, пијте електролити и од аптека купете нешто за смирување на повраќањето и ако имате дијареа.Јас и дечко ми пиевме tripsol (електролити помагаат многу), смекта за чистење на цревната флора и vomix за повраќањето.Ако ти треба нешто пиши ми обавезно во лп.
Да да така беше, мене еден ден а дечко ми два дена го држеше, исто и пријателите еден ден ги држеше. Со дијареја и повраќање цел ден, после следниот како нови бевме. Утре веќе си одиме така да ништо не ни треба, фала за одговорот.
Здраво дали е некој информиран дали после 1ви септември за влез во Македонија има можност да се тестираш на самата граница?
Девојки дали одел некој за Дерми преку Ѓирокастер ? Кој пат е полесен за возење,преку Логара или преку Саранда па Ѓирокастер?
Албанија не е за со дете, фатете си златно Анталија со авион all inclusive, да ве види Господ, да си одморите со дете.
Оваа година најверојатно изборот за одмор ќе ни биде Албанија. Не сакаме ептен пензионерски, ниту пак ептен гласен одмор и песочна плажа. Помош од искусни феминки - кое од следниве места би бил најдобар избор: Саранда, Химара, Борш, Џерми или Орикум?
Дали некој бил во Голем (Драч) ме интересира за дали се наоѓаат лежалки.Оваа година ќе одиме таму ,лани бевме во Ксамил значи саат време баравме лежалки не се наоѓаа ужасно беше ,гужви ,катастрофа плус газдите на локалите си чуваа за нивни клиенти.Дали е случајот со Голем ист? Оти со дете сме не намеравам да се влечкам по плажа да се молам
Во Голем(Драч) плажите ти се големи, широки и секогаш во секое време можеш да најдеш слободни лежалки. Ако си сместена на хотел повеќете или речиси секој хотел има свои лежалки на плажа,што значи нема потреба да плаќаш плус за лежалки.
Напротив Албанија ти е за со дете поготово накај Голем,Спиле,Драч,Шенѓин и Велипоје, каде плажите ти се големи,широки и песочни и водата ти е плитка што го прави идеално за со мало дете. А ако сакаш all inclusive имаш еден куп хотели што го понудат овој концепт, каде ќе поминеш поевтино од преценетата Анталија и имаш по разновидна и по вкусна храна,поготово морската храна.
Да, лесно ќе најдеш. Само одете порано да речеме 10-11 часот да си фатете убави места и оставете пешкири, после може кога сакате да си дојдете на плажа.Сѐ е премногу блиску, од сместувањата обично ни 5 минути нема до плажа.