Здраво, ќе може ли некој да ми каже која агенција има приступни цени за во Албанија( ме интересира за септември за двајца) , од кое место во Албанија во кое има ноќен живот и од која агенција сте задоволни?
Ксамил или Саранда? Како е за навечер има ли нешто кафичи ресторани ? Првпат ќе одам оваа година натака.
Плажи Ксамил, сѐ останато во Саранда. Според мене најдобро е да сте сместени во Саранда, а да одите до Ксамил за плажи. И да не сте со кола има организиран превоз, а и такси беше евтино барем јас кога бев (2015 и 2016). Обавезно посета на blue eye river.
Како што кажа членката подобро да сте сместени во Саранда, а на плажи да одите во Ксамил бидејќи во Саранда нема убави плажи, ама има кафичи, ресторани такви работи ако сакаш и ако сакаш да прошеташ. Во Ксамил само вредат плажите онака нема ништо. За превоз ако не сте со кола има автобуси за Ксамил мислам на секој саат ли беа, не знам точно ама има важно и не е скап превозот, јас лани бев на одмор таму.
Malo gradce no ubavo,Saranda so kola e mnogu blisko nie bevme pred 3godini Ksamil smesteni no odevme na plaza i vo Saranda blisku se preubavi mesta.
Убава е Валона, имаш мн. маркети, ресторани и кафичи на главното шеталиште покрај морето, а и на улицата што минува низ др. дел од градот. Нема трговски од голем тип има на почетокот од оваа другава улица Ваикики и дуќани за бела техника нешто, ама долж целата улица полно е со бутикчиња. Не е ич скапо, само има една мана мн. е гужва во сезона.
Како што ти кажаа и претходно убаво е покрај шеталиште имаш многу дуќанчиња , не е нешто многу поскапо од кај нас . Ние лани бевме сместени во центарот али на плажи одевме на страна затоа што поубавите плажи се подалеку и искрено малтретирање беше секој ден пали кола и вози за до плажа по гужви заглавувавме и по саат време.
Здраво друштво. Ме инетесира дали некој има скоро искуство со летување во Дерми. Ме интересира дали можат да се купат лежалки/чадор и колку отприлика чини тоа оваа година? Ви благодарам.
https://faktor.mk/opasnost-vo-egejs...vata-meduza-predizvikuva-paralizirachka-bolka Минатата година бев на Јонско море во Албанија, почеток на август и не видовме ниедна медуза. Годинава читав дека на Јонско се појавиле некои виолетови медузи, кои ако те убодат болките може да траат 1-2 недели. Низ цела Грција ги има моментално, а сигурно веќе и во Албанија. Што мислите за ова? Дали за еден месец би се повлекле или може да ги има до крај на сезоната? Колку се опасни?
Здраво. Дали има некоја агенција што прави еднодневна тура до Албанија ама дали има во вторник и среда? Никако не можеме да се погодиме за викенд. Ние сме од Охрид, колку што прашав нема...
Од 400 до 700 леќи се движат така ми кажаа пријатели што се моментално таму ,што е ефтино за разлика од Ксамил каде стигнала цената и до 2000 леќи
Заинтересирана сум за одмор во Дерми годинава, гладам многу убаво изгледа по слики. Некој да бил во скоро време да сподели искуство за цени за сместување/храна/лежалки ?