Таа рекламира само еден локал, што делува доста скапо, па затоа сакав да слушнам и нечие друго искуство
Имам другарка во моментот е Орекум ,биле пред некој ден Дерми вика било прескапо како на Ибица да си а не Албанија .За Миа да ама ако ја прашаш кажува за цени од прилика како е и за лежалки и за се ..
Јас бев во 2020 година на еден ден. Сега по слики гледам дека е изменато многу со нови приватни плажи . Местото е преубаво , плажите и бојата на водата се рајски. Ние бевме со кола се паркиравме на крај од Дерми не плативме ништо. Но сега гледам на ова место има локал. Ние за еден коктел , еден сок и две лежалки преудобни на прва линија плативме 1900 денари . Има ресторани тогаш со океј цени сега незнам. Има и огромно место за со свој чадор. Ние имаме опција можеби пак да одиме оваа година во Дерми ама да бидеме сместени во Химаре. Ако одите баш би сакала да споделите мислење.
Сместувањето во Дерми отсекогаш било поскапо, а сега се веќе и покачени цените. Плус, има доста новоизградени убави хотели. Просек цена е околу 100 евра за просечна соба, 200 за нов хотел, одма до море. Тие покрај море имаат и вклучена лежалка на плажа. Малку погоре во селцето можи да се поевтини. Септември исто се намалени цените. Но компарација на хотели од тип на Абонора, Насау, Ла Бриса, Хавана со некој таков од Грција, во Албанија е дупло поевтин, а морето е прекрасно. Простор за свој чадор сеуште има, на сите три плажи ( Дерми, Дримадес, Паласа )
Многу убаво објаснето, благодарам. Знаеш ли како се движат цените на чадор со две лежалки сега, а како во септември? Претпоставувам има разлика мала во цената од временскиот период.
Искрено лани бевме во хотел со сопствени лежалки, па не знам дали се промениле цените во однос на претходно. Но последно кога плативме беа околу 600-800 леки. Тоа е 300/400 денари. Можно е сега да се поскапени, околу 1000 леки / 500 денари, но не верувам повеќе од тоа. Некаде цената зависи и од тоа во кој ред е лежалката, пример на плажата Јала.
Бил ли некој во септември во Албанија, Влоре? Дали е топло за со деца? Бебето нема многу да се бања, но бате (3г) знам дека нема да искочи од вода
Здраво девојки,ми треба инфо,доколку некој е упатен. Понеделбик (08.0 тргнуваме Албанија ,се враќаме 14.08. Другарка проверува дека личната карта и е со важност до 15.08 Дали ќе и прават проблем на граница? Пасош нема :/
Да прашате во некоја институција. Во МВР на пример. Да прашам некој ако знае. За во Валона, хотел Нимфа, каков појадок даваат? Дали е разновиден? На пример во еден хотел кога бевме, во Рафаловичи, само варени јајца и сирење и кашкавал имаше.
Нема да и направат проблем. Јас бев во Јули во Валона, комшиите што беа во вилата жената го изгуби новчаникот, а она била влезена со лична карта беше и до полиција да пријави и од таму и кажа дека Албанија и Македонија имале договор некаков и навистина се вратија без проблем на граница.
Јас бев во Валона периодот од 4 Јули. Сместени бевме во една вила преку букинг резервиравме. Вилата беше одма до плажата Ри, лежалките сите беа 500 леки (250 ден наши) за цел ден (фискална добиваш задолжително). Сабајле одиш се сместуваат седиш до кога сакаш потоа оставаш пешкири и торба одиш да ручаш и во апартман да одмориш и кај 17:30 се враќаш се ти стои на место, никој ти нема чепнато и пак си седиш до 20 ч. Многу е ефтино кај и да седнеш кафич, ресторан, пицерија буквално цело шеталиште го поминавме. Јас еспресо сопругот Макијато, две флаширани води во кафич 320 леки ( 160 ден) Палачинките им се феноменални најевтината 180 леки (90 ден) со Нутела, бисквит и некој крем. Вафла задолжително да пробате такво нешто тука немам пробано огромна со еден тон Нутела 200 леки ( 100 ден) Пиците им се секаде феноменални од 450 леки па нагоре зависи каква сакаш. Ние јадевме цело време Маргарита и со 4 вида сирење. Плажите сите им се добри со лежалки и чадор и песок ситен, освен таа градска плажа катастрофа. Водата топла беше немаше бранови. Во маркетите исто ефтино. Ние за 7 дена потрошивме се на се 150 евра - лежалки секој ден, доручек, ручек, вечера во ресторан, кафе во кафич. Вода купување и се што ти душа сака.
Jas bev pred 3 godini tamu, pojadokot bese super imase jajca na site nacini, kroasan so dzem, musli. Obavezno so pojadokot nosea i cinija ovosje. Mozes da si zemes i mleko, kafe. Mene ubavo mi bese a i plazata bese super
Здраво, јас бев во Дерми годинава, крај на јули, почеток на август, 7 дена. Смештај ние многу касно резервиравме и немаше некој избор на booking, плаќавме 110 евра со појадок за двајца во хотел (скапичко). Цените за лежалки се движат од 1000 до 2500 леки, во зависност од beach bar-от. Водата е многу убава и чиста, ние периодот кога бевме беше супер и немаше многу гужва, иако во пик на сезона. Цените по ресторанчињата исто варираат, ама отприлика 500-700 леки за пица маргарита, за паста / рижото со морски плодови 800+, бургерите исто се тука некаде со цена. Нема многу опции во маркетите и не се нешто снабдени, ние во принцип по ресторанчиња јадевме. Ако не сте со кола барајте смештај поблиску до плажа, бидејќи целото место е угорници и ридови. Пиши ми ако нешто плус те интересира ќе споделам
Конечно некој да ни каже нешто конкретно хаха. Фала ти за информациите. Мене ме интересира дали има паркинг покрај плажите и како се движат цените за паркинг ако имаш информација?