Цените во маркетите се како кај нас, значи не е скапо освен малите дуќанчиња покрај плажа, сладолед, сладолет може да се најде за 50ден. топче поркај плажа, за друго цени незнам затоа што ние бевме во хотел со полн пансион и само 10€ потрошивме за сладолед и грицки за децата, мислам дека лежалките се некаде 5€ но не сум сигурна...
Предлог место за Албанија после Валона? Погодно за со две дечиња и пристапни цени? Дали некој бил Орикум или Радиме да знае какви се плажите?
Јас лани бев во Радиме скроз на крајот, има бар плажи или мали плажи со лежалки што се плаќаат, нема слободна плажа . Една улица десно плажи и барови, лево ресторани и апартмани, нема каде да прошеташ со мали деца треба на улица да одиш. До нас имаше маркет добро снабден со замрзнато месо, овошје и зеленчук , имаше и бели пецива само докај 9-10 саат сабајле снемува.
Zdravo. Dali nekoj ima iskustvo so hotel Orik? https://www.booking.com/hotel/al/orik-radhime.html?activeTab=photosGallery I preku koj pat e najdobro da se stigne do Valona?
Ние лани одевме од Струга, после граница пристоен е патот, само ако се погоди некој споро да вози, неможеш да го поминеш непрегледно е од кривини и регионален пат е со по една лента . После се спојува патот со автопатот што оди од Косово.
Зависи од кој дел на Македонија ќе тргнувате. Преку Косво е поубав ама подалеку , преку Струга пократко ама македонскиот дел пссебно Прилеп-Битола е катастрофа дупка до дупка. Албанскиот дел е ОК, до Елбассан малку потесен и попретпазливо возење а после Елбасан е магистрален последните 40-50км е автопат Хотелот изгледа супер, гледам се наоѓа во Радиме 10-12км од Валона каде е Јонското море тиркизно прозирно преубаво за капење
Спиле има тема за него тивко мирно мало село ништо посебно комарци врие Убава песоклива широка плажа ефтино Ништо посебно
Ние бевме со деца и ни се бендиса. Преубава песок и чиста вода. Во јуни бевме па немаше воопшто гужва, не знам како би било сега. Ноќен живот нема, само од еден бар ечеше музика. Имај предвид дека е село и не е многу развиено, ама има се што треба за вистински одмор. Спреј за комарци обавезно
Здраво, предлог агенција со која сте биле во Велипоје, Албанија? И како сте задоволни со местото, одиме фамилијарно со 2 мали дечиња. Поздрав
Женски едно прашање.. Патување до Тирана е подобро преку Косово или ваму доле, гледам пократок е патот?
Ако сакате вистински да се одморите без замарање за паркинг и без гужви, тогаш да. А како место селото ништо посебно
Jas pred 2 godini bev na odmor vo Ksamil, Albanija i si pominav prekrasno, plazite se top i setalisteto e ubavo
Лани бевме со децата (4год и 1,5год), во хотел Перандор на база all inclusive, презадоволни од хотелот, хигиена, соба раскошна (две спални со ѕид измеѓу), храната екстра од главно јаденје, салати до десерти, овошје, пијалаци... Лежалки на плажа, базен, цел ден бесплатни пијалаци, е сега плажата не е како ксамил, саранда итн... Ама пак затоа е плитко и за со мали деца е идеално, ситна песок за играње топ за 7 нокевања плативме 770евра за сите, други пари не ни потрошивме