Зависи каде си. Валона е супер, само мириса на канализација. Подобро е ако си без агенција, за да можеш да шеташ на повеќе места. Пред две години од вечер (во Валона) беше 35, сега е 70. И тоа изнајмување од тамошни, нашиве македонци изнајмуваат за цели 80 евра од ноќ (цена за оваа година). Ксамил е преубав, ама многу незадоволство од луѓе кои биле годинава (заради драстичните цени). Вака кога гледав поевтин одмор ти излегува во Италија неголи Албанија.
Здраво Дали некој бил во шенѓин самостојно без агенција. Дали може да се најдат приватни сместувања и како се со цени. Ве молам за искуство.
Јас сум била 2020 ама без бебе Тежок е патот по планината ако одите од таа страна. Плажите се убави ама има возење ако сакате да видите повеќе. Водата е нешто слично како на Лефкада (нели јонско море) ако си била. Обично е камчиња, ретко ситен песок. Сместувањето ни беше во угорница па ни се расипа колата од дрнкање т.е падна еден дел. Не е плитко туку оди веднаш длабоко. Градчето не е лошо, очекував поефтино барем во тоа време ама искрено немаше голема разлика со Грција. Тешко е за паркинг и за возење низ уличките, а и лудо возат таму. Ние убаво си поминавме ама мислам дека не е за со бебе.
Здраво дечки, Сакам да прашам бил некој во Валона сега после коронова? Нешто прочитав плсжите смрдуцкале и требало да се оди настрана. Триста коментари има не можам да ги дочитам. Пишете ми ги вашите препораки
Јас бев во 2021. Не сум задоволна од поминот, испофативме стомачен вирус дали од храна дали од вода немам појма. Точно дека треба да возиш малку за убави плажи пошто другите се катастрофа. Не смрдеше но не беше најубаво во градот, и беше ептен со милион луѓе.
Vie prepustvavuvam so svoj prevoz bevte dali ima taka nesto Sto nosi do tamo kombinja ili nesto slicno?
Ние бевме со кола, искрено да не те излажам мислам дека имаше тогаш комбиња но не сум сигурна. Ако имаш опција подобро да одиш со кола зошто поубавите плажи се подалеку, ако немаш опција за со колз искрено не би ја избрала Валона за летување