Ние одиме на викенд, за 2-3 дена таман било. Почиста вода има ако одите надвор од градчето. Градската не е баш јас таму не би се бањала. За шетање има шеталише, Драч е блиску исто и Велипоје. Ама вода како во грчка не очекувај. Скапо не е, слично како овде.
Ти благодарам за одговорот најверојатно и ние прво ќе одиме еден викенд па ќе опипаме терен како не бендисува. Требаше да одиме на еднодневно капење ама залади нечинеше времето и не отидовме. Вака на слики ми е ок сакав и одмор да истераме ама ќе размислиме.
Химаре не е за со мали деца исто како во Градиште е водата, чиста ама одма е длабоко. Ние бевме во септември минатата година, градчето е феноменално има се што то треба, од болници,маркети,пекари, ресторани ама баш се. Химаре е грчки град во Албанија, нема ниту една џамија, населението зборува Грчки. Албанија можеби за со деца е Ксамил,останатиот дел од Валона надолу се со плажи со големи камења
Lugenca sakame da odime na odmor vo Albanija, se mislime za valona ili velipoke , sakame pesocni plazi i d ima kade da se proseta da se sedne da se jade navecer primer… si dete od 2 ipol godini sme, ve molam za predlog
Валона има се од тоа што бараш. Голем е градот, убав, среден. Смештај барајте на кај тунелот, не кон центарот.
За со мали деца во Албанија подобро ти е накај Голем,Мали Робит,Ќерет,Драч големи песочни плажи и морето е плитко идеално за мали деца
Здраво. Ме интересира мислење за Ксамил? Какви се цените? Дали плажите се чисти? Има ли кафулиња,ресторани? Нешто интересно да се прошета и посети? Дали се плаќа со евра?
Моиве беа пред недела дена. Многу убаво било, средено, чисто пречисто, развиено, дури за 4 години понапред од нас биле со развој, многу изградено и уште се градело, како мини градче било, дури поубаво и од Саранда. Плажите чисти и водата. Ресторани, кафулина, маркети речиси на секој чекор имало. Цените исто како тука, само за 5 до 10-15 денари поскапо, пример ако е тука чоколадото 95, таму 110. И плаќање најчесто во Леки, 1 евро = 100 леки.
Ксамил е супер, пречист и урбанизиран, продавачите и луѓето таму се супер и прекултурни. Не е многу скапо ама имам слушнато дека во сезона (јули, август) е поскапо отколку во јуни и септември. Јас бев лани во септември и беше супер, немаше многу гужва и цените беа океј. Преку агенција во септември е пре ефтино и времето е супер. Плажите се убави водата уште по убава.