После Химаре, Борш...Преубаво е. Само да знаеш дека каменести се плажите. Борш и Химаре ги рачунаат како најлуксузни место во Албанија
Те молам за инфо како е морето од аспект на длабочина? Дали е премногу плитко? Да се заборавиш од одење до длабоко или не? Фала ти
Не е многу длабоко ама на пример не е како во Драч да шеташ километар до колена. Влегуваш има плиток дел па постепено оди длабоко. Ова не важи за градската плажа зошто не сме биле таму. Сме оделе со кола на плажите ван град.
Јас бев прв пат годинава и би рекла зависи што очекуваш. Немав големи очекувања и беше за викенд сосема океј. Смештајот беше полош од слики,но сепак океј. Морето е исто како во Црна Гора, буквално се е исто како во Улцињ. Одам за Химаре следно. Ве молам препорачајте плажа со цени и дали има плажи со конзумација како во Грција?
Химаре бевме сместени на 3 секунди од градската плажа која е повеќе фамилијарна и за со сопатвена опрема. Плажата е преубава, чиста, се тука има ресторанчиња, кафичи. Другиот делнод градот е помладалешки т.е барови кои издаваат лежалки( за цени појма немам) и тој дел баш плажата е со поголеми камења. Да знаеш дека во Химаре 99% се Грци со грчка култура. Имаш маркети, болница, пекари. Проблем е паркингот за кола т.е има со плаќа ама ние плаќавме 700 денари на ден, што многу ми се гледаше