1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одмор во Албанија

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од T-At, 3 јули 2011.

  1. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.495
    Допаѓања:
    144.177
    Во Валона пред нешто помалку од 10години контењерите им беа на сред плажа, пред водата.
    Се градеше кај ќе им текне. Не се знае каде е улица, каде се гради.
    Тогаш им требаа уште 20год да стигнат до вистински туризам.
    Не барам многу , ама несредени канализации, ареа на сите страни ни пречи.
    Ѓубрарката оставена пред пицерија каде се јаде и таму си стои.

    После 4 ден пут под ноѓе и назад.
    А колку ни испофалија пред да одиме, па на крај видовме со свои очи.

    Од тогаш не ми текна за Албанија, можеби после 10год, сега не.
     
    Последна измена: 23 јули 2016
    На joy1 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  2. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.525
    Допаѓања:
    7.420
    Пол:
    Женски
    И пред да го прочитам твојот пост,исто мислење имам:)
    Никогаш не би отишла тамо;)
     
    На joy1, Tanjamm и duffi им се допаѓа ова.
  3. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.495
    Допаѓања:
    144.177
    Не спорам дека е сега променето. Ама додека не видам со свои очи не верувам.
    И нас не убедуваа пред да тргнеме колку е убаво. :)
     
  4. slavicaaa123

    slavicaaa123 Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2016
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Женски
    Isto ii nas ne ubeduvaja ajde da odime mnogu e eftino vodata e topla ova ona pa ajde ke odime pa ke vidime kako ke bidi..:$:$
     
  5. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.525
    Допаѓања:
    7.420
    Пол:
    Женски
    Кој сака да ме убедува,не може да ме убеди:)
    Едноставно,моја нога нема да стапне тамо:)
     
  6. twilight123

    twilight123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2012
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    ќе одам во август во саранда во хотел јони
    дали сте биле на местава и како е?
    сите го фалат местото дека било преубаво и ефтини ресторани имало
     
  7. mariatim

    mariatim Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    1.151
    Допаѓања:
    12.529
    Пол:
    Женски
    FB_IMG_1469573821476.jpg FB_IMG_1469573863226.jpg FB_IMG_1469573858432.jpg FB_IMG_1469573892271.jpg @ALISA0000
    FB_IMG_1469573037111.jpg сaрaндa FB_IMG_1469573014220.jpg received_1263341417039598.jpeg плaжa Бoрa Бoрa Ксaмил received_1262496943790712.jpeg aпaртмaнoт кaј штo сме
     
    Последна измена: 27 јули 2016
    На kjukli, Winter Lady, Makedoncence и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. MargaritaD^2

    MargaritaD^2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2015
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    365
    Пол:
    Женски
    me interesira za albanija kako e za deca posto vozrasni ne mora pasos tuku samo so licna karta. a za deca ?
    mali deca pomali od 15 god. 6 god dete o 8 god bebe
     
  9. Girly90

    Girly90 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Другарка моја уплати за во јони ама ги зезнаа од агенција нешто околу цената. Инаку колку што се сеќавам е во центарот на само шеталиште. Саранда ти е нешо налик Охрид, место на рид едно главно шеталиштњ и некои споредни улички над него. Мене ми се свиѓа јас и годинава ќе идам. во вила Лида веќе вторпат уплаќаме таму зошто првиот пат бевме презадоволни од услугата на домаќинката. Нема некој ноќен живот, местото замрува после 12ипол-1 ама до тогаш е препуно. Обавезно да јадеш пица во Лимани најубавиот ресторан на шеталиште и најубавата пица ever. Ако не идеш со кола обавезно рентај зошто не можеш да идеш во Саранда а да не го посетиш Ксамил додуша 1еур е автобус у праврц а има и една плажа Пашкур/Пашкири нешо така ја фалеа на листата на најдобри плажи во Албанија
     
    На Winter Lady му/ѝ се допаѓа ова.
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.062
    Пол:
    Женски
    Пошто викате Валона она, Валона ова.
    Јас бев и супер си поминав. Слики од плажите и морето.
    [​IMG]

    Првите два дена беше облачно па водата беше бара за бањање. Топла и чиста.

    [​IMG]
    [​IMG]

    Следните неколку дена времето се подобри. Сликата подоле е друга плажа.
    [​IMG]
    [​IMG]
    И на крај Валона од Кузум Баба
    [​IMG]

    Ако нешто се гради тоа е претежно во градот, се гради шеталиште и проблемите со канализации им се решени, малку подалеку од градчето има плажи кои се подобри од градската плажа која не е погодна за капење затоа што Валона има пристаниште.
    Едно од најлошите работи со кои се соочува Валона а и општо цела Албанија се лошите возачи, катастрофа возење. Валона им проблем со гужвата во градот, патот го прошируваат за да ја намалат гужвата, јас кога си заминав беше затворена една лента па сообраќајот се пренасочуваше по други патишта.
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.659
    Пол:
    Женски
    За деца пасош, нема како поинаку.
     
    На MargaritaD^2 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. odbojkarka

    odbojkarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Здраво. Ме интересира колку е одприлика приватното сместување во Саранда и дали лесно може да се најде престој таму на лице место. Прв пат сакаме годинава крај на август да појдеме овде, но не знам дали е подобро во хотел да одиме или пак приватно смрстување бидејки поевтино е најверојатно. И ако имате некор бројче или препорака би ви била благодарна
     
  13. Girly90

    Girly90 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Највеќе до 25еур за апартман е ако бараш на лице место.јас би ти препорачала приватно зошто хотелите вклучуваат и доручек а поефтино ти е да јадеш во ресторан (3-4еур беше за омлет) него во хотел што ќе плаќаш плус 6 7 еур за јадење. А препорака..вила Лида
     
  14. odbojkarka

    odbojkarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Може ли да ми кажеш и како се движат цените на јадењето, пијалоци и обични некои намирници во продавниците? Има ли навечер живот или пак досадно е ? И имаш ли контакт за да се резервира во вила Лида? Фала ти :):):)
     
  15. Girly90

    Girly90 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Од пред две години цените беа багатела у буквална смисла. Сите намирници беа поефтини од кај нас. Ние буквално ништо не купивме од тука.доручек во ресторан знам беше 3еур кајгана плус салата плус лепче +кафе/чај.Пивото беше 30ден у маркет а флаша на плажа 40 (ги претворам во денари нз колку леки се). Пица фамилијарна од 200-250. Кафето 40-60ден на плажа гиро 80-100ден. Е сеа викаат дека поскапеле као ама нз за 2 недели идам па можам тогаш да ти кажам :) за ноќен живот имаш кафичи ама не очекуј ништо wow пошо 12 преку сила 1 наеднаш саранда е штама. Јас идев во тоа оринџ бар што е на 5мин од шеталиште и тој дел штама беше ама мислам и кафичите на шеталиштето се исто. Журки на плажа немаш иако е препуно и совет за плажа иди во Ксамил пошо саранда се градски плажи и со камчиња, освен една што ја фалеа и е кон крајот на шеталиштето мислам Африка се викаше плажата. Автобус за ксамил исто веше околи 30-40 во правец а ксамил е на некои 15мин. Рентање кола е 40еур на ден ако ја земеш за повеќе веројатно поефтино ќе биде. Друго нз не ми текнува. Во лимани да јадеш обавезно јас за тоа мислам идам :) и има еден ресторан на највисокиот дел на брдото од кај што се гледа цела саранда.А за вила Лида немам јас контакт ама јави се во Камелија турс они ја рентаат. И побрзај ако успееш како мене да фатиш во 5 до 12 зошто беа распродадени голем дел од собите.
     
    На odbojkarka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.609
    Пол:
    Женски

    Не знам зошто ама ретко ми отвара фемина твои слики, Бубаче. А баш сакав да видам како си помина. Ние од автобус тоа што видовме кога поминувавме низ Валона воопшто не ни се допадна. Плажите беа како со кал...

    Инаку Ксамил е прекрасно место за одмор. Посебно фамилијарен. Минус е што има многу малку простор на плажите за сопствен пешкир/лежалка, скоро цели плажи се со изнајмување лежалки.

    2016-07-31 19.48.47.jpg 2016-07-31 19.55.35.jpg 2016-07-31 19.55.44.jpg 2016-07-28 16.38.15.jpg 2016-07-28 19.12.01.jpg 2016-07-29 16.46.00.jpg 2016-08-03 19.23.44.jpg 2016-07-29 15.47.42.jpg
     
    На Viktorijaaa5, Dust и buba4e89 им се допаѓа ова.
  17. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.558
    Допаѓања:
    171.457
    Пол:
    Женски
    Веројатно од Фб и се сликите, мене никогаш не ми ги покажува


    Ксамил ми е мн начичкано
    Бевме во Драч мн одамна, морето ме бендиса, плажите онака, 5,5/10
    Во самиот Драч уствари се и 4/10, ние бевме сместени околу 2км пред влезот на Драч, пред надвозникот..Секија вечер одевме во Драч ама тешко е некогаш за паркинг.
    Евтино, џабе.
    Бев и скоро во Драч, бевме во Тирана па на еден ден до Драч. Изграден е мн..до непрепознавање хаха
    Би идела пак. Може не на 10 дена, ама на една недела зошто да не..
     
  18. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Искуства и коментари за Ксамил, сега на 21ви ќе одиме
     
  19. deliza

    deliza Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    11.815
    Еве од мене тазе импресии и искства :D.
    Поради некои други обврски отидовме преку Косово. Патот не е лош, туку има доста кривини и тесни улици. Бевме сместени во Саранда,во хотел Чеко. Плативме 40 евра со доручек ( да наглас дека бевме преку агеницја па 5 евра држеа тие, иначе ако одиш директо таа иста соба ја плаќаш за 35 евра). Доручекот друг пат би го прескокнала, бидејќи не вредеше. Инаку се друго беше супер. Хотелот имаше лифт, голема тераса на самата соба со поглед кон море и кон целиот град, клима, фрижидер, плазма ТВ, wifi, купатило итн. Исто да спомнам дека газдите супер не пречекоа, многу драги и љубезни.
    Главното шеталиште на градот каде што се лоцирани и самите ресторани, беше одалечено околу 20 мин од хотелот (20 мин. пешки). Иначе одбравме престојот да ни биде во Саранда само заради тоа што не бевме со кола туку со автобус.

    Секој ден одевме во Ксамил со автобус и плаќавме по 100 леки (еден правец). Ги менувавме плажите и навистина имаше што да се види. Преубави плажи, чиста вода, секоја плажа има убави, средени ресторани-кафичи. Негде е помирно, негде има повеќе луѓе, тоа зависи од големината и популарноста на самата плажа.

    Нешто повеќе околу цените: (1 евро=134 леки)

    Чадор со две лежалки 500, 600, 700 леки зависно од плажата
    Риба 900, 1000, 1100 леки
    Пици - од 450 до 700 леки
    Вода во маркети по 50 леки (на плажа 70, 80 леки)
    Кафе од 150 до 180 леки
    Салати од 300 до 600 леки
    Пијалоци (кока кола, швепс итн 170-200 леки).

    Што вреди да се посети:
    Плажите во Ксамил препорачувам да ги менувате и да видите што повеќе.
    Ги посетивме и Калето,Бутринт и Синото око (Blue eye). Да ве предупредам дека еден дел од патот до Синото око е катастрофа. Мене ми кажуваа но не можев да замислам дека е до толку. Сепак со кола со преминува, пешки не ви препорачила. Иначе за влез плативме 100 леки по лице. За влез во Бутринт се плаќа 300 евра за туристи албанци и 700 леки за странци.Ако одите во Бутринт обавезно качете се до горе има музеј и кале.
    На Калето во Саранда има ресторани и ноќе жива музика.

    Ако сакаш дискотеки, има некои две три. (Orange club, Factory club).

    Тоа е тоа, ако нешто друго те интересира слободно ти стојам на располагање ;)

    Еве и некои слики:
    13936680_1175019039245628_1843205177_n.jpg 13956814_1175019072578958_784093398_n.jpg 13900570_1175018745912324_1435664744_n.jpg 13936913_1175018492579016_271730921_n.jpg 13942638_1175018472579018_1089239209_n.jpg
     
    На Viktorijaaa5, Rabbit, Snow-Queen и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.609
    Пол:
    Женски
    Да ја надополнам Делиза од погоре многу убаво ти објаснила, морската храна се движи од 400 леки па нагоре, и превкусна е. Има многу ресторани со мени надвор, со цени со се. Има еден парк на главната улица на Ксамил за деца, има лулашки, колички и други забави. Бутринт исто бевме и стварно е убаво, ама и напорно е, околу саат време е шетање околу, и дури и во 9ипол сабајле беше топло. Ако сте со мали деца, а мислам си, не би ви го препорачала Blue eye, возење од Саранда повеќе од саат, може и саат ипол за да стигнеш на некое поточе, а притоа патот е крш! Значи ептен крш! Океј е, ама искрено како на Вруток да бев, дури и Вруток е поубав и попристапен. Не знам како некои родители носеа дечиња по годинка, две, не вреди патот дефинитивно.

    Во Ксамил обавезно да си земете чамче и да прошетате околу островите, а има и чамчиња што возат до островите и таму може да се помине неколку часа и да ве вратат. Возењето е максимум 5 мин до најголемиот остров а чини од 1500 леки за двајца па нагоре. Ама, вреди! Островчињата им се преубави. Имаш погоре слики што постирав пред некој ден.

    И искрено се надевам дека ќе одите со кола, а не со автобус.. затоа што патот по кој одат агенциите е мачење. 14 часа пат за 600 км...
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.