Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одмор во Албанија

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од T-At, 3 јули 2011.

  1. Sylvanas

    Sylvanas Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Некој да ми даде предлог за сместување во ксамил, за двајца почетокот на август. Знае ли некој која цена е апартман за двајца оваа година што бил...
     
  2. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.207
    Допаѓања:
    8.431
    Бил некој во Драч ? Каква е водата ме интересира, цените , плажите, ноќниот живот.
     
    На Priroden му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Tinna.xD

    Tinna.xD Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2013
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    225
    Пол:
    Женски
    Лани бев во Голем, тоа е малку пред Драч. Во Драч плажите и не ми се допаднаа многу, има премногу гужва и нормално од самата таа гужва и водата не е многу чиста, а во Голем прекрасна е, чиста и нема многу гужва. Ние бевме сместени во Хотел Долари, цената за 4ца беше 35е со поручек и храната таму беше ефтина и многу убава. :D
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Vekamk

    Vekamk Нов член

    Се зачлени на:
    7 јули 2017
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво би сакала да Ве замолам да споделите детални искуства од Орикум или Хамара односно Валона сме биле веќе во Ксамил и Саранда и во Ксамил неби пошла пак беспари да ми даваат. Ме интересира какви се плажите и морето во местава, како е за смештај, какви се местава дали има нешто како шеталиште продавничиња и сл. Не ми треба ноќен живот него за семеен одмор? Дали генерално ви се допаѓа Вас? Фала однапред ако имате некоја слика ќе Ви бидам благодарна.поз
     
  5. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    536
    Пол:
    Женски
    Јас најверојатно сум од ретките што не им се допаѓа Албанија како дестинација за одмор,бев пред 10тина год во Саранда и одевме во Ксамил на плаза,затоа што во Саранда плажата ми е крш,Ксмил морето е убаво и се останато за никаде,од 1-5 ,0 за Албанија на одмор ,колку сака нека е ефтино(и стварно беше ефтино) никогаш не би ми паднало на памет више во Албанија на одмор
     
    На Vekamk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.324
    Допаѓања:
    8.069
    Некој што бил околу средина на септември да сподели искуство? Дали е топло за сончање и дали е топла водата?
     
  7. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.683
    бидејќи си била насекаде ме интересира каде е најубаво морете и каде препорачуваш да се оди јас до сега не сум била сакам оваа година прв пат... и дали е теско да се најде сместување таму на лице место и цени за сместување отприлика, благодарам :D
     
  8. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.683
    некој искуство во драч да бил?
     
  9. danata

    danata Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    5
    Дали некој го посетил Спиле Албанија, моментално го има во понуди по агенции, па ме интересира искуства
     
  10. mcokolada

    mcokolada Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2015
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    453
    Дaли знaјте зa вo Ксaмил некoе сместувaње нa плaжa првa линијa? Хoтел или aпaртмaн штo сте зaдoвoлни
     
  11. ladymici

    ladymici Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    802
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно зошто одите до сарана преку планината која сите велите дека е хорор.... имате и друга рута од Леван не влегувате за Валона туку се исклучувате за Тепелена -Ѓирокастр- Јоргуцат тоа тие 120км и од тука уште 44 километри до Саранда.

    Има некој да ми предложи апартман за во Саранда? нека пише ако има контакт ве молам.
     
  12. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.545
    Допаѓања:
    172.765
    Точно
    патото преку струга има две рути
    едната е пред валона по тепелене убав пат миниш градче селце и накачуваѓ само една помала планина
    другата рута е од валона до саранда покрај обала возиш цело време,патот е долг околу150км асвалт ама цело време е лево десно нагоре надоле и возиш 20-30 цело време Патот е лош у смисол многу лоши кривини нагорнини 10%и надолнини исто толку едно 5саати се возат овие 150км
    преку грција патот е писта околу 500 км од кои 450 автопат со 2-3ленти 50км регионален пат
     
  13. Кена Рис

    Кена Рис Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2017
    Пораки:
    933
    Допаѓања:
    5.103
    Скептична бев за Албанија како дестинација за летен одмор, но се уверив во спротивното. Сум била во Драч, Валона, Саранда и Ксамил.
    Драч не ми се допадна многу, морето е доста валкано исто така и плажите. Во Голем (малку подалеку од Драч) се наоѓаат почистите плажи, таму беше подобро. Песокта на плажите е вештачка, дуваше ветар и моравме да си одиме во соба зошто очите ни се полнеа со песок. Во морето имаше многу алги и не беше баш чисто за капење.
    Валона е идеална дестинација доколку сакате карпести плажи. Јас лично преферирам песочни. Морето во Валона беше значително почисто и тиркизно. Во рестораните никој не зборуваше англиски - тешко беше за комуникација со персоналот. Повеќето таму зборуваат италијански. Најчесто имаше пицерии и продавници за gelato. Јас преферирам да јадам морска храна кога сум на море.
    Саранда како град навистина е преубав - цело време е во градба, има многу убави ресторани, хотели, кафулиња за млади, продавници за облека, дискотеки и стриптиз барови. Плажите беа крш, но беше прилично ефтино.
    Топ дестинација во Албанија ми е Ксамил. Бев таму во јуни оваа година и се фрапирав - не очекував дека во Албанија би имало такво убаво место. Би ја издвоила плажата Бора Бора. Песокта е ситна, водата пречиста и тиркизна. Се нудат услуги за изнајмување на jet ski, глисери, има можност за пловење со бротче до островите. Рестораните нудат одлична храна - цените во јуни беа смешни. Никогаш во животов претходно немам пиено толку Corona :rofl:
    Да резимирам, во Албанија не е како во грчките летни дестинации, но може да се помине убав и ефтин одмор.
     
    На 0805OH му/ѝ се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.129
    Допаѓања:
    67.244
    Пол:
    Женски
    Сте барале ли смештај во Албанија, дали Ксамил или Саранда директно на лице место? Или се е издадено веќе? За јули од прилика.
     
  15. vesna212

    vesna212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    49
    Здраво, ме интересира за колку време се стигнува до Саранда ако се патува со кола преку Албанија? Каде е подобро за сместување Саранда или Ксамил, мислам каде е поевтино :D и како се движат цените во маркетите и рестораните?
     
  16. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.545
    Допаѓања:
    172.765
    цените во маркети и ресторани ти се исти ко кај нас за нијаса може и малце поефтино
    за плажа препорачувам Ксамил ние и таму имавме смештај
    Оди си слободно и ке си најдиш смештај таму
    со кола од ск до ксамил преку грција ти се едно 600км
    исто и преку албанија е тука некаде со км само преку грција ти е многу рамен и прав автопат
    ако одите албанија гледај да одите валона и од таму по новиот автопат не покрај море не е страшно него е заморно 130км ке ги возиш 3часа дека е кривини ама погледот цело крајбрежје од валона до ксамил е назамисливо убаво сите места сите плажи ги гледаш од патот
     
  17. vesna212

    vesna212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    49
    А на плажите дали мора да изнајмиш лежалка или имаш опција да си носиш сопствен чадор ?
     
  18. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.545
    Допаѓања:
    172.765
    има плажи со лежалки и они се нешто најскапо таму
    има плажи и со дел каде можеш да мавниш пешкир ама редки се
     
  19. vesna212

    vesna212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    49
    Дали има во Ксамил убави места за шетање навечер како шеталиште, каде е поевтино сместување Ксамил или Саранда се мислиме каде да бараме сместување?
     
  20. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.545
    Допаѓања:
    172.765
    поефтино сместување Ксамил
    За шетање нема нешто посебно улица по некоја пицерија ресторант лулашки за дечиша трмболина вовче душек напумпан како замок
    Саранда има повеке за шетање има шеталиште ресторани бутици близу Ксамил е на некој км
     
    На vesna212 му/ѝ се допаѓа ова.