Ако одите преку Гевгелија, имате Лидл во Поликастро после граница, а ако одите преку Меџитлија (Битола) имате Лидл во Лерин (Флорина).
Јас имам одено во Валона, Јонуфра, Орекум, Спиле. За Валона можам да кажам дека плажите не беа чисти , канализацијата ја пуштаа во морето , морето беше плитко, а за смештај можеше да најдеш во хотелите во прв ред ама скапо , за тоа барај погоре но во најжешкото да се качуваш по угорници тешко. Дека ни беше прва година газдарицата ни намале цена. За превоз од поручек голема гужва 2 часа додека стигнеш до центар, така да со автобус беше добро. За Јонуфра нема место за шетање по некој ресторан до море а таму беше и главниот хотел , хотел Јонуфра ама огин скапо + доручек, ручек , вечера а апартманите норамлно ние бевме 4 луѓе. Околу25-35 евра во апартманите. Плажата е песок а водата камчиња ама многу длабоко. Орекум е убаво место после сите градови ама хотели малку. Само една вила имаше каде бевме ама за нигде. Газдарицата фина ама биле 3 браќа еден вила, еден паркинг, еден ресторан. Се тепаа на сред плажа будали луге. Плажата беше за нигде песок ама водата цела алги, затоа одевме од другата страна кај марината(пристаниште) демек поубаво но можеше да најдеш и медузи. Морето плитко беше а цените 30€ а другата година 35€ Спиле е многу поблиаку од другиве градови, ама да не можеш да го најдеш испикано негде низ ридови а кога ќе стигнеш плажа една улица како 1км покрај плажа ресторани. А апартмани подалеку од плажа на 50 м ама во една немало вифи, друга кујна, незнам што неможеш да се разбереш не знаат англиски. Плажата многу убава песок и во вода многу плитко ама тогаш погодивме кога имаше најмногу медузи па ич не убаво поминавме за цени не знам бевме на еден ден. Се надевам помогнав мене ниту едно место не ми се допадна па затоа годинава сакам да одам во друга држава. Јас сум како да кажам личност за повеќе економија па затоа ако имате одено негде кажете ми и како се движат цените. За слики можете да најдете кај мене на фејзбук профил пишете ми по порака па ќе ве прифатам можете да ги видете. Фала
Дечки ај од тие шо сте биле го Ксамил, колку пари отприлика би истрошил пар за 8 дена? Зборувам без превоз и смештај. Колку пари би ни требало? Како се движат цените таму, колку би коштало на пример да седниме и јадиме во ресторан просечен оброк?
Јас пред некој ден се вратив од Ксамил, , не е скапо по рестораните отприлика како кај нас пици од 400 леки нагоре, сокови по 150 леки, пиво зависи од 150 леки нагоре, брза храна исто евтино гиро 200 леки, тост и хот дог 150 леки. Во маркетите за нијанса поскапо оттука ама прифатливо сепак на море си нели само лежалки се малку скапи од 500 леки нагоре ама имаше опција на некои плажи и сопствен чадор да си ставиш, е сега колку ќе потрошиш се е во зависност од тоа дали ќе јадете постојано во ресторани или ке си купувате по маркети ама како и да е мислам дека е доста евтино како за на море, плажите се фантастични јас сум презадоволна, се надевам помогнав малку имајте убав одмор
Здраво...ме интересира дали некој бил на летување во Шенѓин Албанија да каже нешто за местово повеќе ме интересира плажата и водата дали е чиста...сакам да одам со деца ама некако несигурна сум дали е за со помали деца..Ви благодарам доколку споделите некое искуство
Бутици нема којзнае што избор повеќе се бутичиња со ствари за на плажа гуми, лежалки, бањарки и слично, како и со сувенири, бутици повеќе во Саранда. Бевме сместени негде во близина на плажите не беше баш вила туку комплекс од повеќе апартмани незнам како се викаше слабо се разбиравме незнаеа англиски скоро ич ама не беше лошо и евтино беше 25 евра за 4рица. Извини каснам со одговорт ама сега видов. Поздрав
Во секој случај е подобро од Охрид и поевтино. Е сега многу е битно кои се твоите критериуми за добар одмор. Ако сакаш вистински да се одмориш Драч е правото место поготово со дечко, семејство и сл. За друштво не би го препорачал бидејќи за разлика од Црна Гора и Бугарија е неспоредливо. Има премногу ресторани, кафулиња, продавници.. Единствено што не ми се допадна е што од 8 денови дури 7 водата беше брановита и матна и често дуваше ветар, но тоа е божја работа
Јас бев во Валона на 4 дена од кои 1 го поминав во Дерми. За друг пат ќе одам директно Дерми затоа што местото е магично. Е сега нема за шетање и купување ама ако одите да се одморите и за плажа е перфекно. Во Валона обавезно да го посетите Restorant Denta и Bora Bora Beach никако на гратска плажа малку подолу плажите се многу поубави. Фотографиите подолу се од Дерми.
Па има ресторани и кафулиња, доста продавници за сувенири. После 1 саат по полноќ е тапа. Скоро се е затворено. Можете да шетате по плажа и да уживате под ведро небо на лежалки. Скоро се е затворено. Плажите се чисти нема ѓубре, а за водата додека јас бев имаше секојдневни бранови и беше матно. Како е кога е мирно не знам.