Би сакала годинава да одам на одмор во Бугарија (или Турција) но повеќе сум за Бугарија. Ме интересираат ваши искуства, кои се најдобри места за млади луѓе и слично. Порано сум била со родителите но на пофалимијарни места. Сега ме интересираат местата како Сончев Брег, Златни песоци и сл. Какви се цените, дали вреди да се оди ...
Дефинитивно Сончев Брег. Преубаво е, забави колку сакаш има (мислам ако одиш со друштво, најубаво е таму)... Цените се прифатливи, не се многу ниски, ама сепак за такво место прифатливи се. Има и убави понуди во хотелите што се на самата плажа. Разгледај по интернет, можеш да најдеш и смештај во истите дури за 10 лева. Така беше пред некоја година, сега не сум сигурна толку за смештајот. Бурно туристичко место.
Јас ќе ти го препорачам Несебар! Многу убаво место за млади! Можеби не е поубаво од Слнчев Брег но е сепак поефтино,средено место кое важи за едно од попосетените во туристичката сезона!!! Сум била повеќепати таму на одмор и секогаш убаво си поминував! Има убави песочни плажи, добри дискотеки и редовно секоја вечер по некоја силиконска бугарка од Планета Тв , единствено за сместувањето е малце потешко да се најде нешто убаво! Во Стариот дел од градот има многу занимливи места, бутици, кафичи, ресторани, цркви... Прекрасно место за шетање и уживање! Стариот град Ако пак сакаш поскромен и ,,подомаќински,, одмор тогаш добро место е и Созопол,Поморие или Приморско, но тие важат за помирни места и помалце посетени! Единствено не би ти го препорачака Бургас,заради големината на градот и метежот,заради далечните плажи,заради нечистата вода! Се надевам ќе направиш правилен избор и ќе си поминете супер!
Фала Најверојатно ќе одам во Сончев Брег... пред неколку години бев во Несебар и Поморие - убави местенца но некако повеќе фамилијарно место ми делуваше а и плус сакам на ново место. Во секој случај фала ви
Еднаш бев во Несебар (убаво мирно местенце, ама не е лудница), и оти имаше многу дискотеки пешки сум одела до Сончев Брег (го испуштивме вовчето).
Лани бев Несебар, Сончев Брег, Варна, Златни песоци... Освен најубави, пофални зборови друго немам што да кажам. Цените се фантастични. Минатата година Сончев брег беше многу поефтино за разлика од Несебар, прашавме зошто е така, одговорот беше дека, сите почнале да одат Нсебар, ради пониските цени(што не беше случај и лани). Ние бевме во апартман сместени(со 5кревета, но 4ца), плаќавме по 5,5 евра од човек за вечер(без јадење). Навистина Бугарија е совршена за млади
Ауу да, со вовчето кое тргнуваше од Стариот Град на Несебар се одеше до Сончев Брег,ептен беше блиско! И со пешачење по плажите можеше да се стигне за брзо време до Слнчев Брег,мислам! Ако веќе си одлучила да одиш во Сончев Брег тогаш немој да ја пропуштите приликата да одите на Аква паркот! Ахх колку убави спомени имам од таму! Спојлер
Многу ме интересира морето какво е. Никогаш не сум била, ама имам желба за Бугарија да ја посетам ама се ме спречува она Црно море Слушам секакви коментари за водата, а јас одам на одмор за да се сунчам и бањам, така да водата ми е прва на листа, не дискотеките. Бранови големи. Не даваат да се бањаш? Нечисто? Неубаво? Какво е?
Порано скоро секоја година идевме за Бг. и баш за овој одмор се спомна и Бг. Убаво е,евтинко,за разлика од др. места можеш да си дозволиш да си седнеш и да не платиш 50евра за 2пици. Сеа во нашите агенции почнале да нудат повеќе хотели и тоа хотелите над 200евра.Не викам дека е скапо,но за Бг. скапо е,таму смештај да најдеш можеш и за 100евра и помалце. И ние се двоумиме Несебар или Сончев брег,иако сме парови,сите ни викаат демек не е ,па коа ќе видиш ни Поморие не е за парови...тетки,баба сите топлес немаат гајле Иначе водата знае за време и после бура да биде малку прљавка ама се средува тоа. И коа има бранови дозволуваат да се бањаш само до жолто знаме.Ама во Бг. секогаш има бранови ептен екстремно ако е неможе т.с на твој ризик. Исто и плажите се средени т.с има луѓе кои ги средуваат (имам видено во Несебар) Мн. е напредната.Некој што бил пред 10год. и да иде сеа,ќе се изненади
Росси плажите се песочни, прекрасни,најубави! Ако си љубител на песочни плажи тогаш сигурно ќе ти се допаднат, уредени се со лежалки и чадори (нели тоа се подразбира) и на секоја плажа има шанкови и кафичи, така да трчањето надалеку за еден сок лесно се одбегнува! Водата исто така е чиста, не како на Јадранско Море,ама сепак е чиста! Единстевно во Бургас не е баш чиста водата, дури можам да кажам дека е и гнасна (дали заради многуто народ, дали заради пристаништето, не знам да кажам точно ) Бранови (во зависност од тоа како ќе ти се погоди времето) се случува да има,а мене пак баш тоа ми прави ќејф! Не даваат да се бајнаш само кога има црвено и црно знаме (и тоа се подразбира) ама досега не ми се има случено да има таква забрана! Значи убаво е, особено песочните плажи! (единствено ќе им замерам на лошата кујна,немаат убава храна бугарите)
Бугарија сон за одмор ....ма каква Грција каква Црна Гора.... А за Охрид не зборувам истите пари што ќе ги дадеш во Охрид супер ке си поминеш во Бугарија... Јас во Бугарија имам одено во повеќе градови Обзор- мало место но преубави плажи најубави во цела Бугарија приморјето шо е верувај.....чисти,средени,нема мн. онака приватни плажи на хотелите туку поголем дел е слободно .... Несебар-град кој ми се мн. допаѓа но не ми се допаѓаат плажите некако ептен ми се сите приватни а оние слободните не се баш пријатни (мој заклучок) не се чисти не се толку мн. средени и сите се со крпите и лежалките еден врз друг.... Поморје-и стариот и новиот дел се убави за ноќен живот и забабава.Во новиот дел плажите се средени но исто турканици еден врз друг а во стариот дел е малку повеќе како за фамилијарно патување-одмор и поефтино е ...можеш комотно да си идеш во стариот дел за поевтини пари смештај и покомотни плажи а за навечер излегувања во новиот дел пешки одење можеш од стариот до новиот дел за 20 мин. да стасаш.. Сончев брег-преубаво за забава со друштво но цените мислам дека се малку повисоки... Бургаз-град убав за семеен одмор... ЈАС кога пак би имала можност да одам би одела во Обзор мало,слатко убаво градче
Aква паркот. Што ме потсетивте бе? Прекрасно е овдека, преееекрасно. Главечки се спуштив на жолтиот топоган, не ми се верува која глуперда бев. А бранови има многу. Навистина многу. Барем јас кога бев така ми се погоди. И ме лепна медуза на грбот, па си носев црвенило како тетоважа да имав. Можеби до периодот е.
Од секогаш ми се свиѓала Бугарија, секаде би отишла... Како помали села фамилија одевме, секоја година и останувавме по 20 дена, па и небеше скапо. Оваа година неможам да отидам ама другата сигурно одам
тоа се бара значи дефинитивно Сончев брег... ауу здравје само едвај чекам! иначе кога бев во Бугарија имаше бранови ама зависи какво беше времето и во зависнот од времето толку медузи се појавуваа (многу ми е страв и гнасни ми се ама ај) и скоро на секоја плажа во водата имаше ограничувања до кај смее да се плива, не дека не одеа луѓево и понатаму ама на сопствена одговорност. А разгледував понуди некој сместувањето беше слично колку ОХРИД! сега за ништо не би одела во Охрид...
Уф Бугатија ми разбуди стари спомени Ако сакате уживање и добра забава ви ја препорачувам Бугарија. Имам одено во Поморије ( и во старо и во ново ), Сончевбрег и Несебар секаде е супер ама Несебар е најубаво за млади.
Не сум била да нагласам на одмор, не ми се допаѓа морето мислам Црно море неквалитетно, и фактот што кога ќе стават знаменце ( а многу често го ставаат) си ограничен во пливањето. Да ти се плукнам во таквиот одмор, има други земји каде сум била и прекрасно сум си поминала и морето е квалитетно, пр. Јадранско има ли поквалитетно и поздраво? А и Егејското ми се допаѓа, барем знам се бањам кога сакам, каде сакам. А и во земјите каде што сум била ноќниот живот е 10ка. А од Бугарија слушам само дека ноќниот живот бил добар, и за шетање имало. Па во другиве земји ем ноќен живот, ем шетање и има што да се види и историја и градби и се, ем квалитетно море. Дефинитивно не би одела Бугарија.
Ме интересира како се движат цените за сместување и општо за јадење, пиење, излегување.. Слушнав дека биле како во Охрид. Навистина ли?
Никогаш не би отишла. Толкав пат за такво море, не фала. За толкав пат добра забава има и на Крф и на Закинтос ако веќе споредуваме, а морето е сон. За минус 100 евра не би одела негде само затоа што има добра забава. Ако одам на море сакам во море да се бањам, а не на базен! И ве молам не споредувајте Јадранско или Егејско со Црно Море кое не е ни море уствари. Од мене лично едно големо БЉАК за Бугарија.