Јас само што се вратив од Сончев Брег. Направив и мал RoadTrip (Албена, Златни Песоци, Свети Влас, Бургас, Варна, Созопол)
На Bedroom 10 лева лежалка и 10 лева чадор, на Musai 8 лева лежалка и 8 лева чадор Инаку цените за сместување во Сончев Брег се од 15 лева за човек па нагоре, а во Несебар од 12-13 лева па нагоре (приватно).
Дај ми локација и број од тие што издаваат по 15 лева во Сончев Брег. За следно лето да сменам ако не.
Јас со дечко ми се мислевме годинава да одиме во Сончев брег, ама ме уплашија сите дека повеќе било место за машко друштво него ли за пар.. малку ме охрабри
Несебар е океј место за парови. Пред 2 години бевме со дечко ми и уште еден пар си поминавме топ. На Сончев брег се журките и дискотеките. Иначе да за ефтино е како кај нас со цени но морето не чини не може да се спореди со другите
Сончев брег е повеќе за друштво, машко женско не е важно ама зависи и од вас, дали сте по журките или повеќе сакате мирен одмор. Јас бев со дечко ми и супер си поминавме. Нема правила
Ние сме три пара планираме да одиме во бугарија али како што читав подобра варијанта е несебар за нас отколку с.брег е сега сакам да ми кажете дали ке ни биде проблем таму да си најдеме смештај и отприлика до која цена би се сместиле јадењето каде е добро вила да ни препорачате плажи дискотеки има ли во несебар пијалакот како им се движи очекувам одговор
Во Равда имам за 5-6 евра смештај. Ако сакаш контактирај ме. Блиску е до Несебар. Иначе плажата не е нешто нај нај. Иначе имаш дискотеки и во Равда, ама боље ти е кога си на такво место да одиш во Сончев Брег. Малку е по опуштено али добро е.
Дали некој престојувал во Хотер Риор во Сончев брег да ми каже какви се апартманите за четири, пет луѓе. Дали се сите пет кревети во една просторија или имаат една соба плус.Прашавме во агенција но не знаеа да ни кажат.
Јас сум била во Риор. Има два дела нов и стар и двата се добри, нови и одржавани. Но незнам да ти кажам за апартманите. Ние бевме 2 во соба, имаше еден брачен и двосед на пуштање кој не го користевме во една иста соба. И ние бевме 5 , поделени во два апартмана.
Вака сега. Рзгледував некои понуди за Бугарија. Аранжман за Несебар со вклучен превоз и сместување најдов за 105евра а пак за Сончев Брег со доручек,ручек,вечера и вклучен превоз за 229евра. Никогаш не сум била во Бугарија па незнам како се движат цените во однос на храната,пијалоци, излегувања. Дали се исплаќа ова со хотелов во Сончев Брег? Или е подобро само автобуски билет да си купам па таму да барам сместување? Сакаме да идаме со другар
Ние се одлучивме преку Савана Party Generation да идеме во Златни Песоци.Е сега прашањето ми е има превоз за до Несебар минибуси нешто, и колку кошта?
Најубаво е да одите со автобус и таму да си најдите смештај , во маркетите имаш готово јадење дома не ти се исплајќа да правиш , многу е ефтино . За 229 евра ќе шеташ и шо сакаш и кај сакаш ќе јадеш и ќе пијаш , а за Несебар не ти е скапо , толку ќе те фати и таму да бараш , колку шо памтам превозот беше 40 евра а сместувањето 60 евра .
Не знаев точно во која тема да го поставам прашањево, па се одлучив за овде: Дали при влез во Бугарија прават проблем ако рокот на траење на пасошот истекува за помалку од три месеци? Во агенција еден вика дека нема проблем, друг вика може да те вратат, се случило да ни вратат луѓе И сега не знам што да се прави, а платен е аранжманот.