Има такво правило, за некои држави е дури 6 месеци пред истекот, само не знам дали ќе прават проблем сега за Бугарија. Испаѓа како ќе ти се погоди тој на граница Некои ги враќаат, некои ги пуштаат.
Јас имам многу пријатели што одат секој ден на пат за Бугарија и досега не се погодило да прават проблем за тоа. Бар немам ни слушнато. Мене ми правеле проблеми за вињетка и осигурување само.
дечки имам слушнато дека не е пожелно да се оди на одмор сончев брег само женско друштво,имало многу манијаци,вистина ли е?
некој од оваа година што бил на сончев брег да сподели импресии за цените? и колку пари би требало да се поминем добар одмор за 10дена без смештај и пат?
За разлика од лани (бев и лани и оваа година) цените се покачени. Ако фатиш порано, можеш да поминеш 7 дена и за 250 евра во хотел.
Демек тие женски што одат на Сончев брег одат за да гледаат историски знаменитости и културното наследство на Несебар? Се знае зошто се оди таму на одмор
Јас ништо не признав за да негирам нешто. Всушност, барем денес е лесно да се информираш од различни извори. Не верувам дека некој оди да плива во тоа мочуриште таму само затоа што е убаво, лол Сончев брег си важи за такво место и си одат луѓе со исти манир, желба, интерес и таму убаво си се солидализираат
Кога не си бил, боље воздржи се од коментари. И да, идат и за историски знаменитости. Идат и за ноќен живот. Знам за што мислеше дека идат. Али само 20% од тие девојки идат за тоа. Како што јас знам. А кај машките тој процент е 90%. Јас знам еден другар летово што бил таму. Ја оставил девојка му во хотел и и кажал дека ќе се прошета до продавница и фатил кривина. Јас три години по ред идам во Сончев Брег. Лани, преклани и оваа година. Така да све знам за таму, што се прави и како се прави.
Дали некоја престојувала во хотелот Slavyanski или Condor? Ме интересира дали се многу далеку од центарот, бидејќи се блиску до плажата. И храната дали е ок? Или доколку имате да препорачате некој што ќе е на добра локација.