Евтино е, во ресторанчињата е исто како кај нас, а се покрај плажа. Исто и во маркетите, некои рабoти се малку поскапи, некои малку поевтини...
Здраво девојки да ве прашам да не знаете отприлика како се движат цените за пеглање по хотеливе? Конкретно прашувам за Хотел Верис(***) во Сончев Брег Бугарија. Би требало да се слични цените во повеќето хотели таму... Планирам од дома да си испеглам се пред да се спакувам, но имам неколку деликатни фустанчиња чиј материјал прелесно се гужва и сигурно ќе морам да ги препеглувам, а да м’кнам цела пегла, а одам во хотел некако не ми иде...
Во Бугарија е се преефтино, храна, пијачки, смештај багатела, кафичи има милион, дискотеки исто скоро нигде не се плаќа влез освен во дискотеките на Какао бич (3 се, во клубот Какао беше најскапо 15-20 лева влез) парче пица 2 лева е сегде, пекарите слично околу 2-3 лева е се, за коктели има скоро сегде happy hour цел ден 7-8 лева се два коктела, шотови по кафичи се лев, два максимум, други пијачки не знам само тоа пиев во некои дискотеки фрчат и гратис пијачки, флаери ги делат на улица. Лежалки беа мислам околу 10 лева 2 со чадор, освен на Bedroom тие креветите големи бели 20 лева беше и тоа е најскапо што може да се најде, сите плажи без исклучок се преубаво средени и по кафичите на нив е многу ефтино, кафе е околу 3-4 лева. Цигарите се малку поскапи од тука, вода од маркет е многу ефтина а за друго не знам, ама во главно Бугарија е багатела во однос на сите околни земји.
@Rabbit е сега тука е проблемот, морето е тињаза топла, топла е водата ама бранови цело време (има знаменца што обележуваат кога можеш да се бањаш), струите се страшно нешто на Црно море ако не си искусен пливач може да те завлечат, медузи и слични морски створења колку сакаш, под тебе буквално ништо не гледаш, кој бара мирно море не е за него Бугарија, затоа и секој хотел си има базен (дури и на плажа можеш да најдеш базен)
Имам слушнато негативни мислења околу морето ама луѓето ми кажуваа така било пред 20 год. кога они оделе и за тоа ме интересираше дали уште е така, а и има нешто што е толку ефтино. Да одам на море а да се бањам во базен ми е многу нелогично. Фала многу на мислењето, јас лично не би одела на одмор во Бугарија, а како што сум моментално со мало дете па ич.
@Rabbit такво си е морето, не е сменето од пред 30 години татко ми кога одел тамуЈас пред 2 години бев, си бев предупредена дека е такво, а не можеш ни да се бањаш којзнае колку, 2-3 дена црвено знаме имаше не смееш да влезеш, и жолто кога е има бранови огромни, уствари затоа е живо џабе се таму. Ама туризмот е ориентиран кон млади, кои се дојдени воглавно за журкање, Сончев Брег е лудница бетер од Кавос, Несебар е помирно и одат и фамилии, ама има и доста млади кои се само за смештај таму, фамилии највеќе одат во Албена, ама е доста поскапа од овие две колку што знам. За мали деца само Грција му е мајката.
@crazylady Вие сигурно бевте и се вративте јас сега ја читам темава Ние бевме во септември на Golden Sands, имаше огромни бранови само еднаш се искапив во морето. Ама мислам дека во целиот летен период има бранови бидејќи се наоѓа на отворено море. Инаку, за Бугарија би препорачала одмор на Sunny Beach. Плажата ме потсеќа на онаа во Мајами или Палма де Мајорка. Во однос на цените е преефтино и идеално е за млади во поглед на забава. Ние бевме на еден ден да го разгледаме кога се враќавме од Golden Sands. Морето во Sunny Beach беше доста почисто од она во Golden Sands. Мислам дека тоа беше заради брановите. Во Sunny Beach нема толку бранови како во Golden Sands - таму имаше и по метар и пол високи. All inclusive за двајца плативме околу 220 евра, ми беше многу страв каква ќе биде храната, но беше зачудувачки одлично целото искуство. Единствена маана е долгото патување. Ние патувавме скоро 900 km, едвај издржав. Ако живеете во источна Македонија, Бугарија ви е илјада пати подобра и поефтина варијанта од Грција.
Како па да не.. Од Берово до Полихроно помалку од 300км .. До Златни песоци 600.. Ем водата не чини, ем морето не чини. За во базен да се бањаш, ене го аквапаркот во Пробиштип
Певтино е Даст. Само тоа. Доста поевтино е. Ако не можеш да си дозволиш Грција - Бугарија е солиден избор. Или ако сакаш целосно да се опуштиш и да не излезеш од ресторан буквално цел одмор.
Колку може да е поевтино? Поарно нема да пијам кафе на плажа ама ке се бањам во почиста вода. Не сум била во Бугарија а нема ни да отидам. И од слики се гледа дека морето е лошо, којзнае какво е навистина.
Е да де.. Ама ако одиш за на базен или ресторан, која е поентата да се возиш 600км.. божем немаме ние во МК тоа Тоа ми беше муабетот, дека морето и сите тие градчиња, не им вредат за парите...а за патот па ич Подобро ќе одам во Банско на ол инклузив, барем имам и сауна, парна бања, џакузи, внатрешни надворешни базени и храна и пиење да пиеш, пиеш...и да не знаеш како се викаш Барем поблиску е
Кал до колена ситуација. Не буквално, ама водата е црна и делува гадно и нечисто. Ко Дојранско езеро ми е. Ми беше шубе да влезам во вода, не ми се допаѓа како дестинација за одмор ама споредено со Грција навистина е многу поевтино верувај. Ако во Грција есапот за во скромен просечен хотел испаѓа околу 300е, во Бугарија е околу 200е со потполно истиот третман. Сепак непривлечната вода е deal-breaker, барем за мене. Сакам да пливам и сакам проѕирна вода, да гледам што ми се мота под стапалата.
По мој критериум, 100 евра во џеб и бањање во грозна вода се големо - но но. Може и во Грција да се искомбинира скромен одмор, па ако буџетот е 200 евра, нека бидат, ама во малку поасално море. Реално, одмор преку лето подразбира капење во море, па чуму толкав пат за кал? Арно велиш, тиња има и во Дојранско кај нас.
На Црно Море имам одено неколку пати, последен пат 2005, ама ич не е дестинација за одмор, особено за лица што го обожаваат морето. Џабе и средено, и ефтино, кога водата е катастрофа. Водата е ладна, добро и јадранот не е којзнае колку топла, ама тие алги, па медузи, големи бранови, па тоа нивно мртво валнение што повлекува во вода, подобро нема на одмор да одам отколку таму живот да си ризикувам. Подобро ќе ризикувам во Турција ќе одам за поефтино, отколку Бугарија. Убаво море и топла вода само Грција.
У Несебар бевме лани у јуни на размeна баш како одмор ни излезе. Врие од Руси, Латвијци,Естонци и по некој од Британија и Романија. Рака на срце немаше многу народ кога излеговме во Bounce али баш предобар клуб и не беше нешто скапо. Морето не се споредува со Грција, па и со Јадранско