Се погодило имало бранови кога бил @Ма.нев па морето исфрлило алги. Нормална појава долж целото црноморско крајбрежје. И мене баш тоа не ми се свиѓа, ќе се погоди немирно море и утредента водата е тиња!
Првите денови лани кога бевме постојано имаше бранови и беше немирно морето, но никогаш немало волку алги, всушност некоја ќе пропливаше низ самата вода, што не значи нели дека некогаш кога не сум била јас немало но ,он ја опиша ко најлоша плажа што ни малку не е точно. Верувам ако @Veki4kaa го избере Несебар преубаво ќе си помине. Навистина има што да се види, прошета. И по толку идење и веќе видено се мене пак ме влече повторно да идеме.
Нема лоши плажи во Бугарија, ги знам сите. Лани бевме Албена а годинава сме на златните песоци. Сите плажи се ситен песок, има разни забави...нема утка кај и да одите.
Кога има прејаки бранови. Се надевам на никој да не му се погодат. Ние во месец дена одмор обавезно еднаш затекнуваме јаки бранови и алги по плажите.
Бев преклани таму. Патувам често во Бугарија преку целата година. Знам каква е ситуацијата и во Несебар, а и во скоро повеќето градови. Си стојам на зборот. Цело бугарско крајбрежје сум го поминал и многу добро сум запознаен со ситуацијата. Ваше е дали ќе ми верувате или не. Нема да навлегувам повеќе во дискусијава.
И јас сум многу добро запознаена затоа што не еднаш, не два пати, туку многу пати сум била, а лани бев и со моето две годишно дете. Ако е такво како што ти кажуваш немаше да носам мало дете. Да , немирно е морето, знае да има бранови, но ништо страшно. Песокот ситен, убав, дете се изнаигра. Зборувам за Несебар , не за Сончев брег, кој што иако нуди многу , сепак таму морето не е баш убаво.
Јас па од Сончев Брег сум најзадоволна , за Несебар не стигнавме да отидеме минатата година, но верувам и тој дел дека е многу добар! За на Елените имам слушнато дека е баш елитно место но кој има повеќе пари може да си дозволи и таму. Околу морето две години што бев таму не сум сретнала ниту еден бран голем , а еднаш се случи ноќта да истури дожд сабајлето да нема ништо и се да биде нормално пеколно време .
A каде не е веднаш многу длабоко? За Несебар сватив дека не е веднаш длабоко што за мене ми се свиѓа, но предложете и други места. Златни песоци? И кога е почисто да се оди во Бугарија? Јули или август односно кога има помалку бранови, алги, медузи и слично? И дали водата е супер топла па макар и во јуни и септември?
Бев во Елените. Плажата не ми се допадна бидејќи имаше камења во водата. Гужва нема многу бидејќи е ресорт. Медузи има од тие кафените во август. Водата е топла. Времето е пријатно, не е топло како во Грчка.
Нема патарини, купуваш само вињетка 7еу чинам беше има рок една недела. Ние лани бевме со кола, точно колку не чинеше горивото ( дизел ни е колата) ќе го прашам мм и ќе ти пишам. @GirlRose 80 eu
Не, во двата правци. Сепак зависи и колата колку ти троши и на какво гориво е. На бугарска граница 7 или 8еу беше. Се лепи на колата
Со картичка (Visa,MasterCard) се купува,така?И кога ќе си на граница ја купуваш или кога ќе тргнеш од Македонија?
од дома купи си ја ке стигне на емаил таму ако те застане полиција си ја имас на емаил напрај скрин и толку пази да си купиш за точно денови колку шо ке бидеш
Да ми каже некој искуство ако бил во овој хотел, исто и за плажата ме интерисира. Даали е погодна за со мало дете, поточно ме интерисира за крајот на август, каква е водата, температурата?