Прво во план ми беше Црна Гора за летово, ама бидејќи го планирам одморот во септември, ладно ќе е. После се договоривме да идеме во Поморје. Протарашкав по интернетов и цените за смештај се дури смешни. Далеку поефтино отколку Охрид на пример. Еве читам и добро било во Поморје. Пред некој ден дознав дека на мајка ми колешка имала пријатели во Созопол (незнам дали вака се пишува), па ми понудија таму да идам. Ме интересира како е таму? Пред се на одмор одам за да се бањам и сончам, ама па сакам и да си излезам. Има ли некој кафич, дискотека? Морето? Женава вика убаво било, ама она со фамилијата си била
јас ке одам оваа година за поморје не знам веке по кој пат бидејки е многу убаво а и ефтино.оваа година најдовме смештај од 12 лева за кревет или имаше 24 лева на соба исто како и цените во охрид па и во дојран е сега патот е долг ама нема врска се издржува со душа го чекам август за да одиме.
Јас сум во голема забуна, неможам да одберам дали да одам во Варна, Созопол или Ахтопол. Во Созопол веќе сум била трипати и затоа сакам да променам, но нешто повторно ми вели да одам таму. Ајде помогнете ми вие? Што да изберам?
Ами море е... Се вода...што те спира да се баниш. Има и пусти, чисти палажи и то песочни; наjди песок вo Хрватска...нема? Ако не е море што е?
Varna e grad so 350,000 ziteli. Dobar grad za poseta ali, za leten odmore ne mislam. Odi vo odmoriste negde severno od Varna pa posle do grad za shopping vo mol i slicno...
девојки има ли некој одено во албена-Бугарија.Многу ја фалат и гледав по агенциите цените се прифатливи 340 евра за 10 дена се платено,а инаку планиравме да одиме во турција ама многу скапо
Па види вака од општа култура сите знаат дека морето е отворена вода, а Црно „Море“ е затворено, поврзано само со канал. Така да за мене лично тоа НЕ Е море. И не е поентата да има песочни плажи, што ако ги има кога од 10 дена 5 ќе имаш црвено знаменце?? Грција да не нема песочни плажи? Црна Гора?? Па и Хрватска за твоја информација има песочни плажи. Сегде ги има, и да ги нема може да се донесе песок тоа е најмал проблем, покрај фактот дека одвратното „море“ ме спира да се банам. Не отварај дискусија, ако не ја сфаќаш поентата. Во Бугарија се иде затоа што е евтино и за провод, никој не иде за плажа и море, кога околу има 10000 пати поубави плажи покрај поубаво море. Ако на некој му се свиѓа Бугарија супер, јас си реков 15 саати пат за тоа, никогаш.
Јоба па и не е толку лошо како што ти го направи камо ние да имавме такво ‘‘не море‘‘. Бугарија немам одено неколку години, но кога бев мала тоа ни беше главна дестинација и супер си поминувавме. Да многу често има знаменца да забрана, али и тоагаш можеш да се капиш и барем си знаеш дека има предупредување. И други мориња знаат да бидат немирни па нема никакви предупредувања. Хотелите се прекрасни и на високо ниво, а и не се многу скапи. Плажите се песочни со прекрасен ситен песок. Има и убаво плажи, а има и од несредените. Ние кога одевме се наплакаше влез на плажите, за сега незнам како е. А за ноќниот живот да не зборувам
Девојки, малку доцна ја најдов таа тема, али за другава година да знаете, затоа што јас сум од Бугарија и сум прошетала цело крајбрежие на Црно море. Од горе до долу е полно со дискотеки, кафичи, барови, разврати, места за одмори, журки ... све. Од горе до долу се полни со туристи од цел свет, највеќе од Русија и Германија. Албена е на 30 км од мојот град и да речем дека сум одрасната во Албена. Таму е луксозно. Таму никој не живее. Зимата е пусто нема никој, само чувари. Тоа е курортно место за богати германци, кои го посетуват скоро истите секоја година. Прескапо е. Кога сум одела секогаш таму и сум си купувала сладолед или во продавница нешто, кажувам дека работам во еден од хотелите. Те прашуват кој и како каква работиш таму. И си земам за јадене на истата цена како во мојот град. Инаку е не дупло туку 3 пати поскапо. Чист песок без ни еден отпушок, без дури школки на места, толку е мек песокот. Секое сабајле поминуват по плажата со машина за заглаждање на песокот и ако си прв на плажа, ќе си направиш трага од своите чекори. Водата е преубава. На средина на летото е толку жежко, што влегуваме во водата да се оладиме, а на есен е толку ладно, што седиме во водата да се затоплим. Во близина нема нито пристаниште, иа само рибарски лодки. Затоа е многу чиста водата таму. Дискотеки еден куп. Плажата е долга 4 км и за 30 мин или 1 сат можете да појдете до соседното село по посекот. Таму е гужва од тинејџери руси. Во селото има 4 дискотеки, многу хотели и е 5е сместување на човек. Така да ако појдеш во селото-Кранево, ќе се веселиш јако за малце пари и ќе спиеш таму, исто така ќе се шеташ во луксозната Албена и ќе си печеш газот до топлата вода АЛБЕНА: КРАНЕВО: Во Кранево исто има плажа, али не е како во Албена чист. Има многу школки, камчиња по песокот...по..див е КАВАРНА Овде исто е добро и е многу ефтино. Балчик Ботаническа градина Овде плажата не е толку добра, али има многу места за шетање, места кои треба да се видат.Како ботаническата градина-најразнообразна и голема на цел Балкански полуостров, Дворец, нос Калиакра, стари цркви и многу други.. Нос Калиакра(Близо до Балчик) Тук е била столицата на цар Лизимах. Еден од наследниците на Александар Македонски. И управител на Тракија. Легендата е 40 бугарски девојки, кои врзват косите си една за друга и скокат во морето, за да не попаднат во рацете на турците. Една од нив се викала Калиакра и сега има во нивна памет построена врата (по долу на сликата) Варна Варна ми е омилен град. Таму градот не спие. Има и ефтино и скапо, има и убо и лошо...за сите по нешто има. На места плажот е добар, на некои е ужасен. Таму има огромно пристаниште и нормално близо до пристаништето плажата е ужасна. Обзор Населено место од пред 3000 години.Траките создажат сжое селиште на име Неулохас. После осжойужавето му римлјаните през 1 век пред новата ера постројават храм на Јупитер и градот добива името Теополис (Божи град) . Останките од този храм се зачувани во центарот на градот.По доцна е било резиденција на византијски императори. После тоа е построена бугарската тврдина Козјак. По време на Османската Империја на тази територија е создадено селиштето Гјозекен-на турски Обзор. Луксозно место с до 5 звездни хотели. Свети Влас Многу е убаво во Свети Влас. Климата е смесен меѓу планински и морски. Таму зимата е месец и пол. Слънчев Бряг Најголемиот бугарски курорт. Со над 200 хотела. Курортот е направен во 1957г. Тогава се били пренесени таму 550 000 куб м. плодородна земја, засадени се 300 000 дрвета, 770 000 грмушки, 100 000 рози, 200 000 дјунни треви, като инвестициите се над 150 000 000лв. Доста луксозен курорт. Има и ефтино и скапо, зависи каде седвиш да јадеш и пиеш. Дискотеки еден куп, барови, кафичи, сладкарници....леле.,..леле Несебър Несебар е населен во крајот на бронзената ера. Во старата част на градот има 42 цркви, открити од археолози, и реставрирани, а функционира само 1. Другите по зачувани се направени во арт галерии. Църкви [редактиране] * „Света София“ (Старата митрополия), развалини на църква от 4 век * „Света Богородица Елеуса“, църква от 6 век * „Свети Стефан“ (Новата митрополия), църква от 10 век * „Свети Йоан Кръстител“, църква от 11 век * „Свети Димитър“, църква от 11 век * „Свети архангели Михаил и Гавраил“, църква от 13 век * „Света Параскева“, църква от 13 век * „Христос Пантократор“, църква от 13 век * „Свети Теодор“, църква от 13 век * „Свети Йоан Алитургет“, църква от 14 век * „Свето Възнесение Господне“("Свети Спас"), църква от 17 век * „Свети Климент“, църква от 17 век * „Света Богородица“ ("Успение Богородично") - действаща църква от 1873 г. Поморие Град основан во крајот на 5 век пред Христа. Населен од траки. Таму се произведува сол. Има и музеј на солта. Единствен музеј на солта во Бугарија, финансиран од ЕУ. Спојлер Утре ќе продолжам
spoiler]Продолжувам од вчера.[/spoiler] Буграс Бургас е обкружен од 3 езера и море. Мандренско, Бургаско и Атанасовско езеро. На местото на Бургас пред 6000 години пред Христа са се построили 3 града од траките-Аполония, Месемврия, Анхиало. Откриени се од археологически разкопки над 250 предмета од тоа време. На 11 км од центарот на град Бургас се откриени разкопки - 2 тврдини и село од 5 век пред христа. Во Бургас се ноаѓа најголемата химическа и нефтена рафинерија Лукојл-Нефтохим на Балканскиот полуостров. Затоа е валкана водата во Бургас. Има и бродоградилница. Както и во Варна има бродоградилница. Овие фактори замрсуват водата и плажите, али има поодалечени плажи, на кои може да се ужива во чист песок и горе-долу чиста вода Морската градина [img]http://burgas.freebg.eu/wp-content/plugins/random-image-widget/burgas/burgas.jpg[img] [img]http://dobrinite-news.com/wp-content/uploads/2011/07/Burgas_summer1.jpg Созопол Тоа е најстариот град на Бугарското црноморие. Првото селиште е взникнало 4-3век пред Христа. Под водата, под Созополското пристаниште се откриени останки од куќи. Орадија од камен и коски од бронзената ера. Зачувани се многу куки и цркви од дрво и камен од 18-19в во градот Созопол. Старинен Созопол Тракийски крепости в района на Бакърлъка Има и остров-Св. Иван През 7 век пред новата ера е построен голем храм со 13 метрова бронзена статуа на боз Аполон Лечител. Во крајот на 5 век е изграден храмот Св. Богородица. 10век се обновува и го викат веке Св. Иван.Манастирот е обевен за царски. Турците го срамниле со земјата во 1629г. На истото место на 28 јули 2010 година се открити мошти на Св. Јоан Крстител. Този остров е обевен за заштитно место, поради редки видови на изумирање на птици и зајак подземник. Плажата е добра, ефтино е, можат да се најдат соби и по 5е на човек. Приморско Сами гледате колкава плажа има. Приморско е најсеверното место кадето се одгледуват цитрусови овошја. Има 2 резервата: Ропотамо и Аркутино И друго интересно, кое може да се види: Веселите скали (камења Спојлер мислам ) Царево На 3 полуострова со 4 залива.Има 5 плажи-Централен плаж 420м, Нестинарка-690м, Попски плаж-350м, Арапја-600м, Оазис-800м. Голем избор има за одмарјане на плаж. Тоа се поголемите места на кои може да се појде на одмор покрај Црно море. Да не прајме муабет за помалите градчета, курорти и села како: Тјуленово Камен брег Русалка Българево Златни пясъци Св. Константин и Елена Обзор Китен, Лозенец, Ахтопол, Синеморец и други По селата можат да се најдат и соби по 2-3 евра на вечер на човек. Дискотеки има во сите градови и скоро сите села. Плажите се убави од Албена па надолу. Логично е во големите градови како Варна и Бургас да се валкани од бродоградилниците и пристаништата. И все пак исто така на убав плаж не се оди во централен плаж, туку по на страна, ако сакаш да нема гужва и ѓубре по песокот. Златни песоци се во Топ 10 во листата за курорти со нај добри забави во Европа. http://www.24chasa.bg/Article.asp?ArticleId=984274
Јас летово бев со дечко ми, и сум преееезадоволна.Бугарија е измислено место, ем ефтино ем убаво немам немам зоброви.Инаку бевме Сончев Брег
Еве и видео за информацијата, која имам напишана погоре за бугарското црноморије. http://www.youtube.com/watch?v=RjUvVf6i ... _embedded#!
Само 2 пати имам одено во Бугарија.И годинава планирам на 7 дена. Сум била и во Албена и Варна Прифатливи цени(ефтино),плажи ненормално убави море прекрасни беа,имаш кај да шеташ кај да се движиш,има и убави сместувања. Кој се мисли да оди во Бигарија нека не се мисли-преубаво ќе си помине.ОД искуство кажувам ~
Dali nekoj znae dali vo slncev breg mozes da najdes smestaj tamu, odnosno dali te precekuvaat lugje koga ke pristignes i ti nudat smestaj kako sto e vo Nesebar,Sozopol...prasuvam bidejki tamu se samo hoteli? Sestra mi bese minatata godina i rece deka nekolku lugje stoele i im nudele smestaj...pa ne znam dali e slucajnost...ili? Dali nekoj imal takvo iskustvo? I kolku e najeftiniot smestaj tamu? Jas bev ednas, ama preku agencija, i plakavme apartman za 5 dusi, 150 e i prevoz vo taa cena.
би сакала да прашам од цело црноморие каде е најтопло морето многу сум осетлива на ладна вода а слусма дека во бугарија морето е ладно а сакам мнооогу да отидам и затоа сакам да знам каде е најтопло ? златни песоци , поморие , албена , несебар ?????
Може не ми е прашањево за темава,ама да не отворам нова дека ми треба само еден одговор знае ли некој дали многу се чека на македонско-бугарска граница? и колку време се патува од прилика Софија-Скопје,планирам да летам до Софија и од таму со кола до Скопјенце
Јас сум била 3 год. по ред во Бугарија во Поморие. Значи супер си поминав и оваа година пак ќе одам само не во Поморие.