Каде е најубаво во Бугарија ? плазата и да е поевтино сега во јули? се мислиме каде да одиме дали албанија или бугарија
До 15 јули е поефтино во Бугарија,после тоа го рачунаат за шпиц на сезона и поскапи се цените за сместување.Ако сакаш мирен одмор оди во Албанија,ако сакаш малку подинамично оди во Бугарија.Јас сум била и во Албанија и во Бугарија.
Девојки може ли да ми дадете контакт од некој што изнајмува апартмани во Сончев Брег? Ви благодарам однапред.
planiram i jas da odam nesebar ili soncev breg a ako imas brojce od nekoj za smestaj kazi mi posto 22 evra ne e ic skapo pozz fala
девојки дали некој од вас оваа године веќе беше на одмор во несебар? ве молам кажете дали лесно се наоѓа смстување.... бидејќи за терминот кој што можеме да одиме на одмор, е целосно букиран во агенциите па затоа ве молам за помош
јас уплатив од 28. 07 за сончев брег, во хотел со 3* 260 евра полупансион + 45 евра превоз и тоа е тоа
Ајде да дадам еден официјален извештај за Сончев Брег. Значи во постов ќе го занемарам фактот дека ме ограбија, а ќе напоменам само на плажа да одите со крпа и млеко за сунчање, а во дискотека со максимум 50 лева со вас во некое минијатурно ташниче или новчаниче и без телефон/апарат за сликање. Не знам зошто бугарската Полиција не се позамара сериозно со овој проблем, затоа што пред Полицијата цело време имаше минимум 20 луѓе дојдени да пријават кражба. Како и да е, пазете. Прва работа, морето и плажата. Дали нас така ни се погоди, ама тоа брате, уживанција. Топла вода, тиркизна беше дури, нешто како во Неа Врасна. Откиснавме буквално. 5 дена од 7 имаше зелено знаменце, а другите два дена беше жолто. Плажата е со бел песок, доооолга, широка, преубава. Чадорот е 8лв, а лежалка уште 8лв. Ние не изнајмувавме, има многу луѓе кои си постилаат зад лежалките, си ставаат чадори, сунѓери, сламеници и си уживаат. Една многу битна работа е да не се надевате дека ќе ви биде плажата преку пат како во Грција. Значи во гратчево, има главна улица. Пред главната улица се најлуксузните хотели со по пет ѕвезди, шеталиштето и плажата. Хотелите за наш стандард се зад главната улица. Ние одевме околу 5-7 минути до плажа, и ама ич не ми сметаше мене тоа. Не е ништо трагично како што ми го претставуваа. Цените за јадење се како да ви кажам.... Срамота е да отидеш во БГ и да кажеш дека си останал гладен или жеден. На шеталиштето имаше продавнички за брза храна, големо парче пица 3лв, дунер ќебап 6лв, палачинка 3лв. Ресторанчињата и барчињата на плажа се малку поскапи од тие повнатре што се, ама ништо трагично. Цените на скарата/месо се движат од 4лв до 8лв, пржените компири со сирење се 2.50-3 лв, супи за 1-2лв, тестенини по 4лв, нескафето е 1.50лв, милкшејкот исто.. Вода и сокови максимум до 3лв. Повеќе ти се исплаќа да јадеш надвор отколку да готвиш и да спремаш дома. За вечерно испаѓање, има дискотеки што наплаќаат 20лв влез и не ти следува консумација. Има дискотеки што делат бесплатни карти и бесплатни пијачки, па само едното ти останува да си го купиш. Е сега се зависи колку пари носите, ама битно секаде има хепи аур, 1+1 гратис даваат што и да купиш, каде и да купиш. Коктелите, ние се наголтавме коктели, се 12лв, и добиваш 2 коктела. Алкохолот по супермаркети е од 10лв па нагоре, водка за 40лв и слично, ако сте големо друштво се исплаќа да се загреваш пред да испаднеш. Мала препорака, купувајте си флаширана вода, да не ве стегне стомак и да висите над шоља. Луѓето, барем спрема нас, беа многу услужливи и љубезни. Македонке, Македонке, цело време по нас. Бражда Блгари и брача Срби, некако мило им е кога ќе те сретнат дека си Македонец (зачудувачки) и ти викаат, абе зборувај си нашки, те разбираме. Хотелите ретко да беа стари и неугледни, дури и тие со три ѕвезди беа супер опремени, чисти соби, климатизирани, со кабловска и 50 канали, бесплатен вифи... Јас сум презадоволна. Има Аквапарк, годинава го поскапеле, картата е 38лв, тоа ви се околу 20е. Само сметајте дека таму ќе треба да јадете и да пиете, да платите шкафче за работи и не смее да се внесува храна ни па пијалоци. Ние требаше да одиме, ама поради немилиот настан ништо од тој план. Ако сакате да прошетате до Несебар или Св. Влас има (ужасен) градски превоз. Дефинитивно Бугарите мора да поработат на тоа, автобусите се неклиматизирани, шоферите и кондуктерите неорганизирани, некултурни, неуслужливи. Најнеубав впечаток добив од ова. Исто и патот до Сончев Брег, има добри 300км што се возат по двонасочен автопат и најискрено подобро што го преспав овој дел од патот, затоа што косата ќе ми се дигнеше. Возат и претркуваат, се е ненормално по патиштата таму. За шопинг и купување облека, претежно тезгарски работи. Јас бендисував чевли, беа од 20лв па нагоре, ама на крај ништо не купив. Малку се преценуваат во овој поглед, морам да заклучам. Кој се мисли дали да оди, нека оди. За млади местово е ПЕТКА! Според мои пресметки, за 10 дена, ќе ви требаат околу 200-250 евра за супер одмор, со излегувања, јадења, пиења, шетања, да не си ускратите ништо.
Дали знае некој колку одат цените сега од 20 јули? да си најдиме таму сместување? дали се поаефтини или? не било кое место и ако има некој број нека ми пиши
Дузи, за се се согласувам, само морам да те исправам за водата. На нас уште од агенцијата ни рекоа да не купуваме вода, дека многу обрнувале внимание на водата и ја носеле од некаде дури 80 км. Инаку и ние, често си купувавме вода за накај плажа, ама приметивме дека таа од чешма е многу поладна, само што заборававме да си наполниме. И на враќање решивме ќе си наполниме од неа. Издржа 8 часа пат и не се стопли ни малку, пак беше пријатна за пиење. И утредента, од кога се наспавме и давам на мајка ми малку што беше останала во шишето, викам напиј се, да видиш вода. И пак беше ладна.
Бугарија е шитот значи ! Најбоље одмор до сега .. Колку е ефтино значи Охрид може гомна да јаде ! Плажата Сончев Брег е стварно добра а богами и морето . Коктели за 4 лева 120 ден алооо нес на плажа 2 лева односно 60 ден. Живо џабе е Бугарија дефинитвно другата година сигруно би отишла тука и баш со друштво и дечко бев па да ви кажам само еднаш сме се скарале на одмор и ништо повеќе и тоа за обична глупост ! А за водата иначе 10 дена пиев од чешма и само еднаш ме стегна пролив и тоа беше се . Следна година дефинитвно идам пак тука !
Абе јас си имам мака со ова и тоа од најобични намирници , ради тоа си пазевме. Голтнав 2-3 пати од ова водава, еднаш несвесно апче се напив така, ама ништо не ми стана. Како и да е, ако имате осетливи црева и стомаци, пазете да не висите негдека на друго место наместо во дискотека.
Posleden pat ko bev na odmor vo Bugarija,bevme 10 dena so drustvoto vo Nesebar.Si pominavme fantasticno,vodata topla i cista,plazite uredeni,a cenite pristojni.