Мислам дека 100 пати сум була во бугарија најмногу зимно време но и за велигден неколку пати. Најчесто одев во хотел Лион во Банско но бидејки го реновираа е малку по скап сега. Сум била и во White fir wally i Regnum исто така лоцирани во банско
Преклани бев во Сончев Брег. Супер си поминав. Бев сместен во едно место близу до С. Б. 60 евра смештај платив за 10 дена. Ефтини цени општо за се. Е водата во морето не е баш чиста. Од сабајле може да се рече дека е почиста. Ноќен живот топ. Па оваа година му ја мислам пак да одам.
Лани бевме во Сончев Брег, мешано големо друштво. За млади е супер, топ за журкање. Јадењето пре ефтино, слободно можеш да јадеш во ресторанти и ич да не му ја мислиш. И не само јадењето, се е поефтино. Ние бевме сметени во хотел во центарот, на редот над дискотеките, секој ден одевме на познатата Какао бич со автобус, 1 лев мислам беше во еден правец, автобуси нон стоп, на секој 10-15 мин. Само никако да ми текне името на хотелот, два беа еден до друг, ние бевме во новиот дел, чисто , постелнина менуваа секој трет ден , под нас имаше ресторанти и тоа.. Се на се супер одмор
Јас лани бев во Несебар и си поминав супер.Местото е многу убаво,мирно,има кај да се прошета.Гостопримливи се луѓето и спремни за било каква помош во секое време.Плажите се убави,а што се однесува до морето..беше мирно(чудно за Црното Море,нели :/) Во близина е сончев брег,1 левче со бус до таму,и пред се ефтино,со 200 евра(од кои 100 дадов за смештај) без никакво штедење би ви биле доволни Aко некој е заинтересиран за плус информации нека пише
Лани бев во Несебар и преубаво си поминав Сместувањето беше супер, плус колку беа фини газдите.. 99% бевме Македонци, Срби и Руси, за мерак Градот е мал, скромен, убаво среден со многу дрвореди, едно шеталиште, има две плажи, многу продавници и прехрамбени и онака за сувенири и облека... Храната е ефтина, до нас имаше една кантина со домашно јадење, порција беше околу 4-7 лева Цели 10 дена си јадев еден сладолет, поточно беа во пакет 2 сладоледи за 1 лев Ресторани, кафани, бурекчилници - колку сакаш! Дискотеки, не забележав многу, има кафичи а за некоја појака журка може да се оди до Сончев брег.. Знам 2011 Тиесто беше доаѓал, жал ми е што пропуштив Замерка е дека, не е како во Грција.. за до плажа се потребни околу 15 минути, освен ако не си во оние скапите хотели, кај што плажата им е пред нос Иако мене ова не ми сметаше. Водата исто не може да се пофали, премногу алги и медузи И матна е, ама тоа веројатно поради ПРЕмногу народ..
Пред 3 години бев на одмор во Несебар и супер си поминав, се сместив во стариот дел на градот и беше прекрасно...градот е мал убав има што да се види..храната е ефтина..кафани ресторани колку ти душа сака...во близина е сончев брег таму плажата е прекрасна место за млади е...морето е гадно али тоа е со црно море треба да знаеш што да очекуваш секако...во секој случај отидете нема да зажалите
во несебар имам одено и супер си поминав , многу е ефтинооо ,да се убиеш од трошење , мало местенце , гостопримливи се и сончев брег е блиску (пешки се оде ) , за малади е супер. Е во несебар нема многу ноќен живот, ама во сончев брег има кафичи , дискотеки еден куп
подобро од таму да си најдеш смештај , многу поефтино е , и они те чекаат и ти нудат еден куп луѓе има што нудат .
Не сум била ама еве го хотелот.. http://www.booking.com/hotel/bg/kokiche ... 3godUkEAMQ Прекрасно изгледа..
Доколку одам директно во Сончев Брег без претходно закажување преку туристички агенции колку се шансите да најдам слободен хотел..и каде е поефтино Сончев Брег или Несебар? Ќе може ли подетално да ми кажат тие веќе што имале искуство во врска со ова?
Секако дека ќе најдеш .. Инаку Несебар е поефтино. Има луѓе кои стојат и чекат туристи, за да понудат сместување. Едит: Ние лани бевме сметени во хотел Риор во Сончев Брег, плаќавме околу 13е на вечер, ама преку агенција, а вака сами да одите, ќе ви испадне сигурно поефтино. Нов, чист хотел, со базент. Долу имавме ресторант во кој имавме 30% попуст, а таму и онака јадењето е ефтино, ама и тоа плус, многу ефтино ни излегуваше. Хотелот е на центарот кај кафичите. Ние одевме на Какао, со автобус за 5-10 мин се стигаше, 1 лев во еден правец. На секој 10-15 мин имаш градски автобуси .
Мислиш влез дали се плаќа? Тоа е бесплатно. Се плаќа леќалка 8 лева и чадор 8, посебно, можеш да земеш само лежалка или само чадор, а има и дел за пешкири, не мораш да земеш лежалки ако не сакаш. Одма до неа е Бедрум , таму има и базент и имаат едни ко кревети големи беа по 25 или 30 лева, со овошје и вода.