Може некоја да ми каже како се движат цените за ноќевање во Несебар? Конкретно, гледав преку Црвоекспрес, нудат ноќевања за 7 евра. Ама ме интересира вака приватно како се движат не преку агенција. Може да се најде приватно сместување некаде околу 20 август?
Mожеш да најдеш смештај,зошто само што ќе се симнеш од автобус,ќе ти се пуштат еден куп бабички и дедовци кои нудат сместување. Така да ич без гајле за тоа. Не ми текнува баш нај јасно,но знам кога се симнав јас,еден чичко ми понуди смештај за 35 евра од ден,во вила.Е сеа колку луѓе сте,ќе си поделите.Јас бев од 5ти август лани. Мислам дека ти е подобро сепак преку агенција,ефтини им се понудите.
Ние сме двајца, така што ќе ни треба двокреветна соба сакавме да одиме приватно, само превоз преку агенција. Ама може и оваа понуда да ја избереме. Сепак, ти благодарам на одговорот.
Би го препорачала тој другиот аква парк во ннесебар многу е подобар од овој на сликава имам одено преубаво е http://www.youtube.com/watch?v=BIgIbk8eH14
Ние плаќавме по 10 евра од особа, имавме двокреветна соба, со телевизор, фрижидер, тераса, сопствено веце се разбира Бевме некаде накај 10 ти август. Штом се симнеш од автобус одма имаш понуди, сепак ние отидовме кај една жена кај која вереников порано имал одено знаевме дека е проверено и дека ќе ни се допадне, па не шетавме многу, а може и поефтино ќе најдевме ама ептен уморни бевме, плус ни врнеше тогаш Сепак смештајот што го добивме вредеше за парите И Несебар ти е многу убаво местенце ич нема да згрешиш што ќе одиш таму, кога сакаш за брзо време си на Сончев брег со автобус
Mорам ова да го потенцирам за оние кои ќе одат во Несебар. Обавезно да пробате од палачинките,од 3 лева нагоре се,и се најубавите палачинки што сум ги пробала некогаш. Обавезно,обавезно Ахх,како би изела сеа една
И јас да ви ги препорачам слатките аууу страшни се , поубаво нешто не сум пробала !!!!! ЌЕ ја забележите слаткарата една до друга се втората имаат папагалче во кафез .. Најдоброто нешто што сум го пробала , сите љубители на благо не пропуштајте
Што ги спомна сега ние земавме од едно типче така мило на фаца, дебелко и тетовирано ама почист човек од него немам сретнато абре ништо ама баш ништо не фаќаше со раце, се со најлонче, лажица,виљушка тоа да се чудиш, а не како кај нас тука фаќаат пари па ајде јадењето после не се сеќавам на цената ама знам ефтини беа многу, и огромни, една палачинка ќе земевме и ја делевме со мажево, дефинитивно најубави палачинки правеше во цел Несебар, а и блиску до смештајот ни беше и обавезно секоја вечер ние нацртани кај него
Девојки што мислите за крадењето во Бугарија, ме исплашија дека многу се краде таму па ме фати паника затоа што само јас и дечко ми ќе бидеме и ми е страв,дури и се предомислувам дали да одиме, не сакам да ми се уништи целиот одмор за (не дај боже) вакво нешто.
Јас сум била на одмор во Бугарија , но многу оддамна , јули 2000 година И тоа во Несебар и Бургас. Тогаш не беше ништо средено како сега , јас бев со моите родители , кога отидовме во хотелот ни рекоа-нема место , дали не зезнаа тие од агенцијата нешто (не се секавам бев само 10 години тогаш ) и потоа ајде го шетавме цел град како изгубени германци одевме од хотел во хотел и никаде нема место .Потоа најдовме конечно место во една зграда и тоа без лифт на 5ти спрат , стара зграда од можеби 1970-тата година а внатре неисчистено како што треба насекаде пајажини , и да ви кажам ми се одмили и одмор и се. И морето не ми се допадна дали ние таму каде што одевме не беше добро , смао се сеќавам ми се допаѓаа пиците што ги јадев во едно ресторанче во центарот на Несебар А да и многу далеку е бе луѓе незнам колку саати се патуваше но сигурно беше над 7-8 А ние бевме сместени во двоспратен автобус па така да се изморив и психички и физички
Неколку пати имам одено Бугарија,во Равда и Несебар и можам да кажам дека е прекрасно,плажите се убави,песочни,но морето како море не е баш за воодушевување,баш поради брановите и ладната вода. Сепак вреди да се отиде и да се види,цените за сместување и јадење се ефтини и може да се истера сосем добар одмор. Би отишла пак.
Што ме настрвивте со палачинките не сте фер Едвај чекам да идам сладолед, палачинки и оние големи полнети компири ммммм, ги обожавааам
А да и многу далеку е бе луѓе незнам колку саати се патуваше но сигурно беше над 7-8 часа" Не бой се! На 12 юли (петок) откриват магистралата (аутобан "Тракия") и времето ке се сократи (скаси)!
Ние немавме никаков проблем..имаше моменти кога ташната за на плажа ја остававме на песок(а во неа апарати,мобилен..) и по пола саат во вода сме седеле. Секаде каде што се оди треба да се пази. Само парите кога ќе ги мењавате,менувајте ги во банка,не во менувачница(тие крадат)