Тие што одат на 2 дена повратна е 45 е , а тие што одат на 5, 10 дена повратна е 40 е , и за назад + 2 е Јас сум Несебар и плајќам 6 е од ден, супер е
мене не ми е убаво во бугарија искрено морето е катастрофа...а јас одам на одмор да се бањам во убаво и чисто море а не да јадам....
Девојки хелп! Се договоривме со една другарка да одиме за празникот во Бугарија и уплативме превоз а смештај таму сакавме да бараме, арно ама другарка ми ја седнале нејзините и ја наполниле главата дека во Бугарија е страшно, се краде на сите страни, па сега таа се предомислува дали да оди, и е страв во приватно сместување а за хотелско или нешто слично(као посигурно) веќе немаме време.. Би ви била благодарна доколку ми кажете ваше лично искуство околу оваа тема оти и мене почна да ме тресе паника
Ние немавме никаков проблем..имаше моменти кога ташната за на плажа ја остававме на песок(а во неа апарати,мобилен..) и по пола саат во вода сме седеле. Секаде каде што се оди треба да се пази. Само парите кога ќе ги мењавате,менувајте ги во банка,не во менувачница(тие крадат)
Повратна карта со Црво експрес е 45 евра, без разлика на колку денови се оди. Прашав во агенцијата и вака ми кажаа
Црво експрес одат на 2 дена, еден месец одат во парни денови еден во непарни, а јас од кај шо прашав ми рекоа дека одат и на 5, 10 дена ама изгледа тие се други автобуси и повратна е 40 е, е сега кој се незнам јас со црво идев и најубо е на 2 дена кога сакаш ќе си дојдиш
луѓе а каде точно е cacao beach каде да ја најдеме заминуваме и сакаме да одиме таму со друштвото .... знам дека е во сонцев брег но каде??? на почеток /???? на крај????
Да, во јули секој непарен, а во август секој парен ден. Ама мислам дека не е баш кога сакаш да се вратиш, сепак треба предвреме да си резервираш место за враќање а таа другата агенција најверојатно соработувала со оваа или како и да е
Ние бевме со црво и лани и годинава и полошо искуство во животот сум немала. Многу незадоволни се вративме и двете години, али проблемот е што само они беа на 2 дена па немавме избор. 45 евра е повратна карта, така што мораш да направиш резервација или во автобус на одење натаму ако ја знаеш точната дата кога ќе се враќаш или во агенцијата во Несебар, онака колку да си фрлиш 2 евра, инаку никој ни проверува колку луѓе треба да се качат од тоа место, ни дали има некој што не е стигнат, ни списоци имаат, ни ништо. Значи буквално ни викаа ај видете да не има некој што зборува македонски и што треба да се врати назад со црво, немаат никаков список на патници колку луѓе треба да вратат. Автобусите им се катастрофа се расипуваат на секој чекор, па ги чекаш да ги поправат, а не дај боже да прашаш нешто, сите им се криви патници, како да они го расипале автобусот. А да, плус и не секогаш има место за седење, ако ви се враќа за стоење до Делчево качувајте се, ако не, не не интересира, нареден превоз е за два дена, ова може да го добиете како одговор. И ништо чудно да ве остават некаде на пат, да ви кажат дека треба да се преместите, дека ќе дојде другиот автобус да ве земе и на крај да ве заборават, па да ги молите да дојдат, бидејќи другиот автобус ни бил информиран кај сте оставени ни па дека треба од некаде да ве собере. Абе катастрофа невидена, по неорганизирана агенција немам видено.
Дали некој знае за превоз во Бугарија, до сончев брег? Се јавував во црво и нели сите парни датуми во август ама само до 25 август имало превоз и за назад нема. Исто така е и во медитеран. Anyone
Касно видов. За следна година ако сакаш да идеш ќе ти најдам 5-6 евра од кревет за една ноќ ако сакаш. Јас 60 евра за 10 дена плаќав.
Лудница е, ама и Бугарија не е тоа што беше, на Сончев брег цените се исти како во Грција и Црна Гора. Има добри журки, забави и кој што сака да оди задолжително сместување да бара преку интернет или таму на лице место, агенциите овде три пати подупло наплаќаат и тоа сместувањето е во најлити хотели.
Знам дека темава е повеќе за летен одмор, ама мене конкретно ми треба информација да ми препорачате некој хотел/мотел во Софија?Не знаев каде на друго место да пишам, па морав тука. Фала однапред
Јас често одам во ATM. Скоро до центарот е. Ефтин хотел. 800 денари преку викенд со попуст. Има теретана, базен, ресторанче. Блиску е Молот, блиску е центарот. За 15 мин со кола си во центар. Молот ти е уште поблиску. Ако ти треба број од хотелот пиши ми ПП.
Може да ми кажете каде се наоѓа тој хотел имам слушнато со нараквици што идат и пиеш јадеш колку сакаш на плажа се ти е вклучено во цената,имаш и лежалки на плажаа..Знам во Бугарија,незнам на кое место Можеби знаете таков некој??