1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одмор во Бугарија

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од ElleS, 22 мај 2011.

  1. coconaut

    coconaut Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    2.562
    Пол:
    Женски
    Ги прочитав коментариве на форумов ама едно не сватив. Дали ако одиш во пар во Сончев брег е интересно или потребно е поголемо друштво и финатава на местото е само добар провод. Сум била во Бугарија на 19-20 години и ми било топ на таа возраст. Сега се мислиме со маж ми дали да одиме Сончев брег или Грција островите. Сончев брег би го избрала ради поефтините цени на храната и пијачките, ама ме плаши дали е убаво морето, сепак одам на одмор да уживам на море. А пак Грција скапо, дома да готвиш и да не можеш да си приуштиш многу излегувања и јадења по ресторани, ама па вода милина . хм хм :^) :^)
     
  2. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Ако сакаш комбинација на добра морска вода и ефтини цени, тогаш одетњ во Албанија
     
    На coconaut му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Јас и дечко ми бевме сами во Сончев брег, не бевме со друштво и си поминавме супер. Има добар ноќен живот во Сончев брег, ама во Несебар е помирно. Многу туристи има навечер во стариот град и на пристаништето. Цените се ниски, секој ден јадевме надвор. Водата е добра, ама има бранови, за разлика од Грција каде што морето е многу мирно. Таму морето е одлично, цените високи. Во Бугарија цените се одлични, ама затоа морето баш и не е :D
     
    На coconaut му/ѝ се допаѓа ова.
  4. coconaut

    coconaut Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    2.562
    Пол:
    Женски
    Епа сега да се одлучи човек на Парадајз турист и убаво море или јадење, пиење, а море крш. Малку тешка одлука :?:
     
  5. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.933
    Сончев Брег не е место за парови. Цените оваа година најавија дека ќе бидат поефтини од ланската. Морето за разлика од Грчкото е нула. Али затоа ноќниот живот во Сончев Брег ти е број 1.
    А ако сакаш да одиш да одмориш асално, одете во Грција на Кефалонија. Таму имаш плажи ко на Малдиви. Ептен е убаво, ќе одите и до Мелисани пештерата. Една од најубавите пештери во Европа. А цените незнам какви се. Али на такво место да не ти е жал да платиш. Еднаш се живее. Не ќе одиш на 60 години таму.
     
    На coconaut му/ѝ се допаѓа ова.
  6. shinelikeasun

    shinelikeasun Активен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    6
    каде може да најдам ефтин смештај во несебар или сончев брег? преку агенција или...?
     
  7. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.933
    Ако сакаш во Равда можам да ти најдам ефтин смештај. 2 км е одалечено од Несебар. со автобус до Несебар ти е 1 лев, а до Сончев Брег ти е 1.5 лева. Иначе имам и од Несебар број. Ако сакаш ќе ти дадам, само за цена незнам таму зошто не сум престојувал туку само го земав бројот.
     
  8. Solea

    Solea Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    22
    Кажи ми како поминавте во Равда,колкаво е гратчето,има ли многу странци,плажите добри ли се,дали се поминува добар фамилијарен одмор таму?
     
  9. coconaut

    coconaut Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    2.562
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае кога се појавувале тие алгите и медузите во Црното море, во август месец слушам, ама дали после 20 ти или цел месец?
     
  10. pretty-girl6

    pretty-girl6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    Најубаво место за летување во Бугарија се Елените, искрено многу е мирно местото, а и имаат одлични хотели :)
     
  11. maci95

    maci95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    18
    Девојки да ве прашам некоја случајно од вас да не престојувала во Бугарија, Сончев Брег, или поточно Вилна зона Зора?
     
  12. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.933
    Јас и оваа година ќе одам во Сончев Брег. Ќе одам со кола и ќе се сместам во Равда. 6 евра кревет за една вечер. Топ цена. А со кола за 15 минути си до Сончев Брег. А и со автобус не е скапо 1.5 лева. Најефтиниот хотел што го најдов во Сончев Брег е 15 евра од човек за една вечер. Не ми се исплати. Боље е Равда, има Лидл во близина, ефтино е. Така да, се гледаме таму. Идам на крајов на месецов. 8)
     
  13. orhidea25

    orhidea25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2014
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
    6 евра во хотел? Или приватно? Зашто 5-6 евра е и во Несебар приватно. А мислам дека многу подобра опција ти е Несебар ако сакаш да си во Сончев брег. 10 минути пеш, а и плажите се веднаш тука. Дури и по плажата ти е многу поблиску.
     
  14. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.680
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    Несебар е добро местенце, можиш да си дозволиш да јадиш скоро постојано надвор (кинеските ми се омилени), но зависи каде ќе си сместен- ние минатата година за да стигнеме до слободната плажа (на која не се наплаќаат лежалки) одевме скоро 20 минути, ама сепак не ти е досадно ако си со друштво-муабети по пат и слично. Инаку водата не беше баш сјајна-многу алги (ова беше крајот на јули почетокот на август) -вријаше ...а др некои страшни суштества не видовме :) И за забавата, во Несебар до 12 часот е штама, има само ресторани (кои се преполни) и кафичи исто така но онака за седење, мирно..А се знае после 12 за забава се префрлате во Сончев Брег ;) И да не го заборавам стариот град од Несебар кој ЗАДОЛЖИТЕЛНО МОРА да се посети...Поздрав :)
     
  15. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.584
    Допаѓања:
    5.924
    со која агенција може да се оди...како се движат цените?
     
  16. kikooooooooo

    kikooooooooo Нов член

    Се зачлени на:
    10 мај 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Дали е некој заинтеренсиран за одење на одмор во Бугарија (Несебар) планираме да идеме со наша кола при крајот на Јули па така да ако некој е заинтересиран за делење превоз нека пише има место за 3ца
     
  17. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.680
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    Патот кошта околу 50 евра повратна карта само мислам дека нема одење идење секој ден туку некако во парни и непарни денови (пример парни се оди за таму а непарни тргаат за ваму или обратно)...Има повеќе агенции како ЦРВО ТРАНС, БАЛКАН, БРАН...Зависи од каде тргате, скопски има секако повеќе.
     
  18. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.933
    Кај тие што идам во Равда ми се пријатели. И им се јавив завчера преку телефон и им резервирав за сигурно да не ја дадат собата. А вака во Несебар ќе треба да акам од врата до врата. и Плус таму да се јавиш вака непознат никој не ти чува соба. Исто е и во Несебар цените.
    Ние со кола сме, па блиску е СБ. И Бургас и Варна ќе ги посетиме. На 27 си резервирав соба. А вечер одам за Тасос.
     
  19. lovelife

    lovelife Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.722
    Дали некој бил во хотел Беатрис во Сончев брег? :)
     
  20. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Со Црво Експрес повратна карта е 41 евро, сега веќе одат и се враќаат секој ден.