Одмор во Египет

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од april23, 25 мај 2010.

  1. april23

    april23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Би сакала да одам на одмор во Египет со мали деца. Дали некој бил и каде, во кој хотел е прифатливо? Каква е храната? Места за шетање?

    Би сакала да чујам ваши искуства.
     
  2. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    148
    Ти одговорив на другата тема,Каде летово, ама изгледа не си видела, ќе ти ископирам.

    јас сум била во Шарм ел Шеик,јас бев во хотел со 3 *, супер ми беше да ти кажам право, мене ми беше поентата да идам да прошетам што повеќе да идам на што повеќе тури и излети, отколку да бидам сместена во хотел некој луксузен.Ама добро секој со свои желби. Многу луѓе се жалат за таму, дека било многу топло, јас воопшто го немав тој проблем, мене ми беше онака нормално топло, затоа што влажноста на воздухот е ниска и не е спарно многу( освен една вечер ). Таму нема песочни плажи, или има многу малку или некои вештачки направени, туку се се корални гребени и тоа едни од најбогатите во светот. Како пливаш околу тебе има мал милион рибчиња во разни бои. На нашата плажа се влегуваше преку корален гребен директно во вода и тоа беше многууу длабоко.Така да не знам баш дали е за деца.Имаше доста луќе со мали деца не дека не, ама повеќето плажи и тоа најубавите не се за деца. Бидејќи убавината е во коралните гребени баш. Ако те занима било што пиши.
    Уште нешто, ако сакаш многу луксуз, чистотија и сл. и си по фенси места можеби не е добар избор Египет. Мислам има луксузни хотели нормално, ама вака глобално нее баш, мене лично ми беше преубаво, ама не е за сечиј укус.
     
  3. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.461
    Април, Преска гледав на страната на Путник и Травел хаус имаше интересни понуди за Египет можеш таму да си провериш.
     
  4. april23

    april23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Благодарам многу за информациите,разгледав некои понуди и во фаза сум на премислување,бидејки со мали деца повеке ми требаат добри услови за престој,а да отидеш во Египет и да не ги видиш пирамидите,навистина е штета.
     
  5. Mermaid

    Mermaid Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    102
    Летово размислувам за оваа дестинација.
    Дали сте биле , какви се вашите искуства? ?
    Фала однапред 8)
     
  6. Iva-Sliva

    Iva-Sliva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    39
    Бев лани, во Хургада, преубаво си поминав... Ако не се плашиш од многу рипки, поубаво е во Шар мел шеик :lol:
    Бев во хотел со 4*, храната беше одлична...имаше се и сешто...обично сите слабеат на одмор али јас се здебелив од цел ден јадење :$ ако одиш обавезно да одиш на турите во Каиро, Рајски острови, Луксор, Пустинско сафари....навистина има што да се види... бев преку Фибула зошто за разлика од другите агенции кои имаат аранжмани за Египет беше за околу 60 евра поефтина.
     
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.382
    Јас бев во Хургада пред 2 години, преку Аурора во хотел со 3 ѕвезди. Преубаво, храната солидна и многу се гостопримливи. :)

    Градот е прекрасен, за водата и плажата нема муабет тука, ни Јадран, ниту Црно, ни Егејско, ни Медитеранот, ама ништо не е ни приближно како Египет. ;)

    Инаку, аранжманите се ефтини, и цените таму се живо џабе, само доколку се решиш за турите што се надвор од аранжманот, ќе си понесеш уште некои 100 евра, значи нуркањето, сафари, пирамидите и би те советувала да не пропуштиш ништо кога си веќе таму, посебно сафарито во пустина. :)

    И мој совет за скеој кој ќе појде, многу марами, шапки и многу средства за сончање. Ако обично носите едно, земете си 2-3 сега.
    Нема да зажалите, Египет е рај, и има што да се види и доживее. :)
     
    На Lacrimosa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. julijanabadarovska

    julijanabadarovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Letovo bev vo Hurgada preku Aurora i mi go unistija odmorot. Imav uplateno za hotel od 4* a ne odnesoa vo hotel sto nema osnovna higiena. Cela grupa od 15 luge moravme po 3-4 pati da ja menuvame sobata uste dodeka se smestuvavme zatoa sto ni davaa sobi neicisteni od predhodnite gosti ili bea so skrsena vrata itn..
    Imave plateno i za " se vkuceno" ama alkite ne mozevme da gi dobieme ni vo 11h iako bevme dojdeni od 5h, sto znaci vo toa vreme ne mozevme da dobieme ni voda a kamo li nesto drugo. Uste prviot den dojde prestavnikot na Aurora i vide deka kelnerot ne ni dava pijalok zatoa sto taka saka i rece deka ke sredi so menadzerot. Arno ama nisto od toa. Utre denta prodolzuvase torturata od personalot. Pijalok ( voda ili sok) dobivavme posle dolgo raspravanje so personalot ili voopsto ne dobivavme pa bevme prinudeni da si kupuvame. Za kafe mozevme da sonuvame. Vtoriot den posle dve javuvanja vo Aurora (bevme prinudeni da vrtime od nasite mobilni) ni pratija nekoj nivni prestavnik od tamosnata agencija. Otkako vidoa za sto se raboti ni ponudija premestuvanje vo drug hotel. Se cekase samo na odobruvanjeto od Aurora koe ne go dobija. Odgovorot na g-gata od Aurora bese ili da doplatime po 60 + 20 evra za transver ili da se pomirime so sudbinata i da pocekame 2-3 dena da se navikneme na personalot. Tretiot den veke trojca od nas ( megu koj i jas) zavrsivme vo klinika zaradi nehigienata vo restoranot. Ostanatite denovi preziveav so biskviti poneseni od Skopje. Zaradi zdravstvenata sostojba uspeav da otidam samo na edna tura, ne vidov ni piramidi ni beduini. Otkako se vrativme vo Skopje uste 10 dena bev vo krevet so terapija. Koga otidov vo Aurora za da im objasnam za sto se rabotese i vo najmala raka da mi gi vratat parite sto gi imav plateno za "se vkluceno" povtorno me pustija da razgovaram so istata g-ga so koja zboruvav na telefon zatoa sto gi kriea predpostavenite. Na kraj izleze deka pominale 8 dena za zalba koja se podnesuvala na meil ili po fax. Me napadnaa deka lazam i deka sum dosla da gi reketiram, zosto ne sum uplatila poskap aranzman ako sum sakala podobra usluga i sl.. Sto znaci za 530evra kolku sto me kostase celiot aranzman jas dobiv unisten odmor, naruseno zdravje i ogromna smetka na mobilniot. Se ke bese vo red ako probaa da se izvinat pa luge sme ke razberevme. Zatoa pazete na kogo mu go doveruvate odmorot koj go cekate cela godina i koj mozebi ke go plakate cela naredna godina.
     
  9. Plezir

    Plezir Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    E bas ne si vo pravo..Pa i nie bevme vo istiot hotel. Prvo, ubavo ni kazaa deka hotelot e zvanicno so 4* ama kaj niv stoese 3*, i deka ima ekstremno niska cena, taka da rizikot vo odnos na uslugite vo takov slucaj e nas. ( Cenata na aranzmanot bese 395evra so vklucen avion + hotel + Pola pansion + transfer. Ako avionot kosta 300evra i transferot 20, znaci nie sme platile samo 75evra, odnosno po 500,00 den. po den..Pa greota e da se zalis. )Hotelot bese poln so turisti a samo nie ( T.E vie ) pravevte problemi. Za parite sto gi plativme, mislam deka bese odlicno. Hranata ne bese kojznae sto, ama ne ostanavme gladni. A sobite ni bea super, so klima, TV, frizider, so pogled na more. A hotelot si ima i privatna plaza, lezalki i suncobrani ne plakavme, a i peskiri ni davaa. Pa vo pravo se ako Vi rekle deka trebalo da si uplatite poskap aranzman a imase uste min. 20 drugi hoteli so razlicni ceni i kategorii. Nego site nie koga uplakame vikame ako, dajte mi sto e najevtino, mene mi e vazno da imam kaj da spijam a parite ke si gi trosam za setanje, a posle ke se bunime i ke barame za istite pari da ne prefrlat vo drug hotel, poskap. Ke se organizirame i ke protestirame..E ne moze toa taka.Pa nekoj si platil poveke i si dobil podobro. Taka odi toa. Jas sekogas patuvam so Aurora i SEKOGAS sum zadovolen zatoa sto znam za kolku pari kolku mozam da dobijam. Bese sramota ona sto go pravevte vo hotelot. Drugpat mozebi ke ne stavat na Crna lista, nas Makedoncite. Kako toa nikoj od ostanatite ( Ne znam kolku ama mozda min. uste 700 gosti) ne protestirase? Site jadea od istata hrana i spiea vo istite sobi. A na Vas Vi gi dadoa najdobrite, samo da Ve smirat. Moj sovet, za ponataka, bez razlika so koja agencija ke patuvate, preispitajte se, analizirajte ja cenata pa potoa uplakajte. Malku pari, malku muzika..
     
  10. julijanabadarovska

    julijanabadarovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Очигледно е дека не си бил таму а особено не во исто време со нас затоа што целата група од 15 луѓе беше нон-стоп заедно во сите добри и лоши ситуации. Затоа не знаеш што сме правеле таму. Инаку собите беа со поглед на градилиште или кон базенот. Нашата беше накај градилиштето со скршена брава. Во хотелот можеби имаше 700 гости ама сите беа од Русија и за целиот аранжман платиле 200евра. Ние баравме аранжман за хотел Тритон , кој чинеше 365 евра плус останатите трошкови, затоа што слушнав многу убави искуства за него. Ни рекоа дека таму нема место и ни го понудија Ел Самака како хотел од иста категорија само малку поскап (395 евра). Ако знаеја дека нема услови за “се вклучено“ зашто ни земаа уште 60 евра за таа услуга а на добивме ни вода?
    Не е фер кон луѓето што бараат мислење да им пласираш вакви дезинформации. Човечки е да си помогнеме едни на други (иако не се знаеме) а не да се лажеме.
     
  11. julijanabadarovska

    julijanabadarovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Многу е симптоматично што знаеш за кој хотел се работи и колку е цената иако не си бил таму. Токму заради овој Ваш безобразен однос никогаш повеќе нема да патувам со Вас ни јас ни некој мој пријател. Знаете дека за овој одмор платив 100 000 ден., а тоа се мои 8 плати и Вие ми го уништивте не само одморот туку и здравјето. Јас не се кријам позади некој псевдоним, моето име и презиме го гледаат сите.
     
    На Малечка Маша и stilas7 им се допаѓа ова.
  12. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.298
    Допаѓања:
    1.454

    Леле мајкоооо..... неам зборови, да ти е страв и на одмор да отидеш, ц ц ц
     
  13. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.456
    Прва работа: имате интернет, форуми, страни.
    Јас секогаш пред да одам на одмор, 3-4 месеци претходно секој ден се активирам околу барање хотели (да, малку сум болна). Таму ќе си најдете се точно како е.
    Ееее, да не беше tripadvisot јас ќе имав најмизерен одмор во цел мој живот. Фино си пишале луѓето да бутнеме 5 евренца во пасошот, па ќе видиме што е рај во хотелот. Ама глупи, од цела група само ние не ставивме, а македонска работа другиве па не ти кажуваат што направиле и не пикнаа првата вечер во соба пред распаѓање. Климата дуваше на топло. :D Тројца да спиеме на брачен кревет. Видоа моите што е работата, 5 евра наредниот ден и добивме апартман со 4 соби. :) Таков комфорт луѓе...
    Храната почесто е странска, германски ден, руски, египетски еднаш, не знам што, не знам како...За хигиена зависи од ѕвездите. Имајте на ум дека кај нив има 7*. Така што нивен хотел со 4* е по европски стандард со 2*, максимум 3*.
    Времето е фантастично. Јас жешко не видов освен на пирамидите (бев во долги ракави облечена на тоа сонце хаха). Сув воздух, постојано има ветре, милина. Морето е феноменално, особено во областа кај Ројал Палас хотелот. Шарм велат немал некои мнг добри плажи. Хургада има. Имам чуено дека сите кои биле и во двата града, повеќе Хургада ја бендисале. Чистотата по градот е нешто незамисливо. Во плочките ликот можеш да си го видиш од што е чисто. Напорни продавачи има секаде, но не се вулгарни, пријатни се, знаат да те насмеат. Жив народ се, има нешто во нив. Ама тоа ценкањето од такт ме вадеше. Рамстор му е спасот. Сите таму трчавме. :D
    Полиција има на секој метар.
    Мене ме фати вирусот 2-3 дена, тоа стомачниот, затоа што нашиот организам не е навикнат на бактериите во тамошната вода. Веќе втората година ми дојде памет уште од првиот ден апче да пијам (ги има по форумиве, не го знам името точно), и немав проблеми.
    Стававме по долар на ден на креветот, па собарите ни правеа фигури од пешкирите..кога веќе си ги лупнал тие парите, 10 долари се ништо. -.-
    И пак ќе кажам, мој совет на tripadvisor пролистај, се ќе ти кажат што како е.
    Често има напувани британци, не им се свиѓало ова, она..Епа цената си кажува се...ако сакаат повеќе, нека платат за толку. Наидов и на катастрофални коментари од една битолчанка, за хотел баш јас кај што сум била. Имајќи на ум дека сум перфекционист и барам да е на супер локација, чисто, луксузно, со убав хол, убави соби, на само море и безброј други работи, тој коментар беше чиста лага. Хотелот работи 1 година, таа пишала смрдел на старо тепихот во хотелот! Како и да е строго препорачувам all inclusive.
    ..и ако на некој му треба помош за земјава слободно нека ми се обрати, веќе ја владеам Хургада. :D
     
    На Annath и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  14. Panki.Friik

    Panki.Friik Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    12
    Не сум била никогаш во египед ама познавам многу луге кој ко фалат многуу и јас многу сакам да одамм !!
     
  15. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.134
    Допаѓања:
    6.023
    Не би одела на одмор, само на патување ете така да ги видам сите градби од историјата на Египет. Инаку на +40 и нешто степени да се печам ко рак како што викаат дека е прежешко, не фала :)
     
  16. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.456
    ^ Eгипет има исклучително пријатна клима. Нема влага, воздухот е сув, постојано дува ветер, и ни малку не е печење како рак. :) Единствено на пирамидите и каде што се другите историски градби е жешко, и нема допир на ветер, ама на тоа сме навикнати од Македонија.
    Скопје е 10 пати полошо со клима.
     
    На Hipster и Trendafilka им се допаѓа ова.
  17. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.532
    И мене ме замисливте годинава з Египет. Сефора како се движат таму цените, храна такви работи и за вечерно време какви се условите за шетање :?:
     
  18. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    148
    aпчињата што задолжително се пијат во Египет се викаат Антинал и бе знив не ни помислувајте да пројдете без стомачни симптоми. Бeа негде 10 египетски фунти, со ценкање. Тaму се ценак за све живо, значи за се, тоа се однесува и за аптеки кај што се купуваат апчињата, нека не ви биде глупо, ценкајте се за подобра цена.
    Јaс антинал пиев од првиот ден до последниот и немав апсолутно никаков проблем.
    Луѓето во Египет се многу пријани, насмејани и вредни, со нив нема да имате проблем, трговците знаат да бидат малку напорни, ама не се агресивни, повеѓе се симпатични.
    Незнам дали некој го има спомнато морето, не очекувајте долги песочни плажи со плиткио на почетокот, не викам ека ги нема, туку се поретки. Таму се корални гребени, и тоа е убавината на морето, живописниот морски свет, со едни од најубавите корални гребени на светот. Секакви рипки, помали и поголеми, во сите можни бои пливаат околу тебе, а јас за 10 дена ниту еднаш не пливав, туку цело време нуркав.
    Цените не се скапи, онака , нормални, како на сите туристички места.
    Секако пред да идете, ќе се информирате на форумите за патувања ( jaс секоја година неколку месеци однапред сурфам како луда, што ми уштедува многу живци, пари и нервози ) и немате гајле за друго.
     
  19. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.456
    Храната и водата беа како тука, нешто поевтино можда, ама ништо многу. Зборувам за маркетите. Водата имаше драстично поголема цена зависно чипсчињата и другите тракатанци, затоа што ако нешто таму е најпотребно тогаш тоа е вода. :D Како и да е, нема да е потребно такво нешто да се купува затоа што како што знам во сите хотели даваат по шише вода од човек, плус во баровите е бесплатна, кога си all inclusive.
    Јас очекував далеку поевтини цени на смештајот поради немирите, што сум сигурна дека е така, и Египетските власти така најавија, ама нашиве агенции изгледа не крадат, па цените се останати како и претходно. |(
    За шетање има дискотеки, ресторанчиња со арапска музика, кафичи. Зависно од тоа кој во дел на Хургада си.
    Имаше луѓе што беа и во Хардрок, ама јас со родителите не ни мислев таму да се нацртам. :D
     
    На duffi и karina8 им се допаѓа ова.
  20. travel-in-the-blood

    travel-in-the-blood Активен член

    Се зачлени на:
    27 април 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Ја одбрав Хургада како дестинација за ова лето и не се сомневам дека ќе биде лошо. Ме интересира покрај овие искуства што ги прочитав, како се цените во поглед на храната (бидејќи имам избрано хотел на база појадок и вечера), дали храната делумно ги задоволува нашите стандарди и цените подетално за екскурзиите пример сафари? Минатата година бев во Турција и имав прекрасен помин токму поради нив. Очекувам одговор! :D

    пс доколку се сеќавате пишете ми каков е односот египетска фунта- евро