Најдобро послушај го докторот, сепак тоа би била голема промена за еден мал, нежен организам, да не сфатиш погрешно, најдобронамерно мислам дека е подобро да откажеш. Зошто да си правите непотребно стрес. Сепак, одлуката си е ваша.
Ако не си сигурна, откажи. Во спротивно ќе бидеш под стрес цело време, а греота е да не уживаш во одморот. Моево имаше две години и еден месец кога отидовме таму. Твоето е помало. Лично мислам дека нема да имате никаков проблем, ама сепак, не знам како детето се прилагодува на промени.
Абе детето не ми е проблематично,не е плачко, лесно се прилагодува,сака да шета многу, уште цица, слабо јаде додуша и не пие мн течности ама цица како новороденче па ваљда затоа, секако нема да јаде од таа храна таму, ке си носам кашички, каши млечни за растварање, бисквити,тоа што јаде обично, таму можам да му дадам пециво некое единсвено од таа храна.Домашна храна зачинета и дома не му давам, свежо овошје и салати не јаде никако, сок не пие, само вода.Се мислев едно време сега да го одбијам ама страв ми е да не нејаде ништо. Во Турција беше 7 дена на града, јадеше минимално.Јас до сега 4 пати го носев на одмор, 2 пати во Турција авионски 2 пати во Грција и супер поминавме.Е сега одкако се одлучивме за Египет почнаа да ме напнуваат од сите страни, како само моето дете да ке е единствено таму, сите се грижат демек само јас како мајка сум неодговорна.
Од Скопје летот е околу 3 саати. За јадење имаш апсолутно се,али мене ми беше презачинето искрено на неколку пати неможев да јадам. Ние бевме 14 дена,па може и ми здосади јадењето зошто истите јадења ги вртат. Али ок е,се е до вкусот и човекот Излети за со бебе,реално... ни еден сите се по цел ден буквално на сонце,единствено до Рајски остров ,другите се од сабајле до вечер и доста напорни. По пустина,па возење во џипови каде што е прежешко без клима. Каиро е многу далеку, 6 или 8 саати идевме до таму. Ние бевме крај на јули и многу беше топло. За со бебе ако идете сега искрено не знам... ќе зоврие дете,стварно е топло.
Оти цица, затоа не јаде. Моево јадеше се таму, ама храната беше петка, како јас дома да ја правам, прилагодена на европскиот вкус. Ништо не беше мрсно, ни презачинето, барем еве, нас хотелот таков ни се погоди. Ми е криво, не сликав ништо од јадењето, чисто да видиш колку беше убаво. А хотелот беше премногу чист, од земја можеше слободно да лижеш. Ние бевме десет дена, девет ноќи, преубаво беше. Како што реков, може и до хотелот е, еве @Мариаа. тврди дека храната била презачинета, во хотелот во кој што бевме ние, не беше. Беше таман. Имаше неколку јадења како локални специјалитети, тие беа така позачинети, ама од тоа на дете не давав. Како споредба, од мое искуство, во Турција храната е позачинета и повеќе мириса отколку во Египет, ама како што реков, може мене така ми се погоди. И нас ептен не напнуваа, оти отидовме во прилично турбулентно време, имаше немири тогаш, државен удар, во Каиро беше прогласена вонредна состојба. Ама сепак отидовме. И супер си поминавме, пак би се вратила таму, во истиот хотел.
@Annath Затоа викам се е до вкус али да,има свашта за јадење па мора да се погоди нешто Вие сте биле во април што е најдобро време за Египет. Овој период е пекол таму,посебно за со мало дете.
Ептен е пекол. Април се трпи, веќе средина на мај почнуваат повисоки температури. Мм сакаше годинава пак да одиме, ама јас не сакав, баш поради тоа дека е ептен топло. Би одела само во мај, или октомври, ама тешко изводливо, оти големиот е во школо. Затоа и не отидовме.
Ние сакаме да одиме од 30,08 до 09,09, гледав на нет стои температура 36 степени, а сите велат дека е повеќе. @Annath во кој хотел бевте вие, во кој период?
Iberotel Aquamarine се викаше тогаш, сега е Jazz Aquamarine. Бевме од 28.04-08.05, во 2013. Велигден беше на 05.05 тогаш, таму си прославивме, ептен имаа спремано од хотелот за празникот.
Некоја да била Египет со 6месечно бебе? Само јас сум скептик а сите околу мене се за. Цица, на ад по потреба, почнавме со домашни кашички по малку. Дали во хотелот кујната можеш да ја употребиш?
Кујната си е за вработените во кујна, не за гостите. Ако побараш да ти стоплат млеко или вода, веројатно ќе ти излезат во пресрет. За повеќе - ако најдете апартман или студио а не соба, што е многу ретко за Египет. Јас со 6 месечно бебе не би се кренала на толкав пат, особено во такви тропски краеви. Исто како што не би одела на Малдиви, Тајланд, Индонезија и сл.. Ми нема логика бебе со едвај стекнат минимален имунитет да носам на места каде што доволно е еден комарец да го касне за беља..
Бебе од 6 м во никој случај не би носела во Египет. Па и во август месец. Сум била во август месец таму. Дефинитивно Не е за со толкаво бебче
Нормално..во август ма бубо..во август ли се оди ееејј Тука на планина е жешко, замислувам какво е во Египет.
Бебе кое цица можеш да го носиш секаде, јас на 5.5 скоро 6 месеци го носев во Аланија,и воопшто не го дохранував, само цицаше, и на таа возраст ми беше најубавиот одмор.Со толку мало и да сте почнале со дохрана сега е во фаза на пробување вкусови, понеси си готови каши и не се замарај со говено, ништо нема да му биде ако јаде готови каши неколку дена.Инаку во Турција кај што бевме имаше блендер, овошје, варени зеленчуци незачинети, сигурно ке има и во Египет ама пак не гледам потреба до толку да се оптеретуваш со тоа.Што се однесува до температурите,во Август е топло и во Турција и во Грција, па и во Египет.Ако си терате одмор само во хотел без шетање по пирамиди немаш гајле. Избери си само убав хотел и уживај.Во кој хотел сакате да одите? И јас ке одам на крај на Август, и мене пробаа да ме премислат, ми растропаа глава како сум немајка ама решив да не слушам никој, јас најубаво си го знам детето.Моето е година ипол и сега е у фаза кога баш нејаде ништо, уште цица што е донекаде среќа, дома јаде здрава храна, ама кога одиме на одмор му давам готови каши. Педијатарот што го носам во Скопје ми рече да не го носам никако, матичната ми рече може да го носам, значи се е индивудален став,читав доста други искуства по форуми и одлучив да одам.Размисли ти убаво како се чуствуваш,плус ти најубаво си го знаеш бебето, моето е мирно не е плачливо, сака да се вози, лесно се прилагодува и имам чуство дека можам да го водам секаде со мене.
Офтопик ама за сите во темава, никако не тргнувајте без фактор 50ка од овде. Две, три шишиња минимум. Квалитетна фирма, со УВА и УВБ заштита. Се' повеќе слушам како луѓе си тргнуваат во Египет лабаво на одмор со 5ка, 20ка, 30ка фактор, планови за сончање и бањање, со мармалади за потемнување, без капи, без очила за сонце и слично. Сонцето не е заебанција, морате да носите фул опрема. Не си играјте со здравјето.
Женски да ве прашам дали сте биле во Египет преку Нехар Травел да споделите искуство? И дали некоја има престојувано во Serenity Makadi Beach или Мeraki Beach Resort. Планираме да одиме од 20 септември