Епа и во понудите за Египед од агенциите наведено е дека не се бара тест.Ме интересира дали некој бил во Кинг Тут хотелот
Тоа важи (или важеше) од 15.08 до 31.08, за туристичките места да не треба тест а за останатите делови да треба, имам една страна понозада споделено. Денеска премиерот на Египет за жал, изјавил дека од 01.09 ќе биде потребен тест за сите бидејќи евидентирале зголемен број на заразени.
Нема на што. Еве и линк: http://english.ahram.org.eg/NewsCon...gypt-to-require-all-travelers-to-present.aspx
Во четврток патувам во Хургада во хотел Албатрос Палас. Ако има некој искуство од хотелот да сподели и кои се промените поради короната таму, освен тестот? Дали може да се посетат пирамидите и другите излети или има некои промени и во тоа?
Здраво, сакам да ве прашам дали некој бил во египет на зима, ноември декември да сподели искуство со времето и како се организирани турите?
Здраво, дали некој би можел да ми предложи хотели или ресорти во египет? И преку која агенција сте патувале кој се најдобри во организација? Сама организирам патувања обично, ама сега со коронава и тестови чуда ми е страв да не ми пропаднат парите за бадијала. Па преку агенција мислам посигурно е
Со Аурора види, имаше убави аранжмани, ги гледав пред некој ден. Имаме патувано со српски агенции, оти одевме во период кога нашиве агенции немаат чартер летови. Препорака за Jaz Aquamarine или Palm Royale Soma Bay.
Дали некој има престојувно во Sea Star Beau Rivage Hotel , и кои излети ги препорачувате да ги посетам?
Ние прелани бевме преку Аурора во Пирамиса Сахл Хашиш,и преубаво е,локацијата е топ,плажата преубава,имаше многу убаво шеталиште покрај морето.