Здраво Кажете некој резорт за во Хургада за млад брачен пар? Плажата ми е најважна, слушнав дека некаде плажата е плитка и со корали. Од агенцијата ни го нудат Meraki resort...
Лани во септември бевме во Албатрос, во Хургада. Од срце ви го препорачувам. Плажата убава средена со кревети и лежалки, морето беше многу плитко ама имаше мост кој те носи директно во подлабокото, таму беше преубаво за бањање. Исто и персоналот многу учтив и јадењето совршено
Во однос на факултативите, според ваше лично искуство, дали ја препорачувате Orange Bay или Beach Paradise Island?
Мераки е добар според србите оваа година и со услуга и со се.. Не знам која агенција кај нас го нуди..
Во септември храната и беше совршена, барем по мој вкус. Не беше премногу зачинана и имаше многу избор, од азиска до мексиканска, надвор во фурна правеа пици некои нивни со мелено месо што многу ми се допадна. А најгоре на тераса имаше германски ресторант со пици, скара, помфрит, доколку некои не јаде нивна храна, таму имаше доволно избор. Исто покрај плажа имаше и хамбургерчиња, хот дог и некои други сендвичи. Имаше и покрај базенот мал штанд дека што се правеа палачинки, крофни и сладоледи. Едино за доручек работеше само еден ресторан и настануваше гужва, другите отвараа после 10 Го заборавив омилениот рибен ресторант, со голем избор на риба, а омилена ми беше печена во фурна со компири и зеленчук
Eпа за тој сладолед најмногу го исплукаа хотелов оваа година го дале штандот под концесија на некои и немало веќе сладолед и кркање И храната наводно ја преполовиле од лани.. Тоа споредуваа луѓе и лани што биле во истиот, па презадоволни од лани и оваа год уплатиле ама биднало што биднало
Јас сепак резервирав за Албатрос, па се надевам ќе сум задоволна Сепак ги има многу кои се фалат дека си поминале предобро. Луѓе кои веќе посетиле неколку резорти низ Египет, а и низ светот, велат дека е најубавиот резорт во кој биле. Кој хотел и да го изберете, имајте убав одмор за паметење
Кај мене од раб. најчсто во мај одеа да досикористат заостанат лански одмор, иначе да рана пролет/есен е идеално за таму, ама главно седат во хотелите и по околните плажи и не шетаат наоколу толку многу или ретко така да на некои не им смета. За типичен одмор хотел-плажа и летово им е идеално.
Бевме почеток на септември и преку ден беше многу пријатно, беше жешко ама се трпеше зашто постојано дуваше ветер. Навечер беше позапорно оти немаше ветер. Битно јас нареден пат пак би отишла тој период
Se slozuvam, i baram ocajno po agenciive za pocetok na oktomvri i nemozam da najdam. Site ponudi im se do 23 septemvri... Za nasive izgleda odmor im e po sekoja cena letno vreme, bez razlika dali destinacijata ne e za leto
Значи нашите агенции се толку себични и глупави што не е ни чудо што само летно време работат и пред Нова Година. Искрено и тоа им е многу. Толку време опстојуваат и неможат/или не сакаат да склучат соработка со некоја Српска агенција. Да склучат ќе нудат повеќе дестинации а ќе имаат далеку подобри тури. А се што треба е да ти обезбедат превоз до аеродромот во Белград, за што можат дополнително да ти наплатат. А не да ти викаат можеме ние да ти организираме ама ти мораш сам да се снајдеш за превоз до Белград или Солун. Па зошто би одела преку вас ако целото летување не ми е организирано од вас? Јас сама ќе си уплатам и сама се ќе си организирам. Затоа одамна се откажав од нив.