Za zal taka e... Duri i prativ mejlovi do nekolku agencii so baranje za ponuda individualna od oktomvri i mi vratija deka ne e mozno, ponudite se tie sto se do septemvri pa resiv da vidam tuka za mislenje
Зошто не си организираш сама? Отвори Turkish Airlines или Pegasus, барај од/ до, па Букинг, може да побараш од хотелот каде ќе си сместена да пратат трансфер до аеродром и готово. Нема да зависиш од никого
Mislev da ne se zamaram tolku, ama mi izleze povekje zamaranje da pisuvam po agencii Tnx, vekje pocnav da listam po booking-ov
https://www.filiptravel.rs/sr/hotel/egipat/soma-bay/caribbean-world-resorts-soma-bay Српскиве агенции имаат аранжмани, еве ти конкретен хотел на линков... Не ја знам агенцијата, ама види кои се така подобри агенции, сигурна сум дека има добри аранжмани за периодот кога сакате да одите. Ако не ви е проблем да летате од Белград, секако. Ние од Белград летавме, до таму со кола отидовме, колата беше цело време на паркингот на аеродромот, кога се вративме си ја зедовме. Се беше ок.
Ti Blagodaram mnogu... Imaat dobri ponudite srpskite agencii, osobeno vo odnos na letot. No mene partnerot mi doaga od druga drzava i uste da go teram da vozime do Belgrad.. Ke vidam kako ke uklopam se.. Uste ednas tnx!
Дали некој бил преку Fly turizam во Хургада, или било каде преку оваа агенција, па да сподели искуство?
Даки е потребен ПЦР тест за влез доколку си вакциниран но од вакцинацијата има поминато повеќе од 9 месеци?
Имам неколку прашања, слично со прашањето на коловоз, дали ако не си вакциниран може да патуваш со пцр тест? Дали е безбедно за одмор, читав до сега членка имаше пишано во морето имало све и свашта ежови итн итн, вистина е? Ја сакам како у грчка да влезам и без проблем да се бањам да нема нешо околу мене да ми се мота да не даде господ па ежови, октоподи такви чуда? И општо дали можеш да си безбеден како во грција/турција/бугарија од аспект на безбедноста? Морето што е кај хотелите дали е во ред, мислење најдов од 2010 год и ме испаничи, па и ајкула дека се појавила. Ви благодарам
Супер, преубаво - презадоволни од хотелот. Чисто, храна одлична и голем избор. Базенот топ, прилично голем. И плажата е убава - на почетокот морето е плитко ама има мост така да не е проблем тоа. Ако те интересира нешто конкретно, слободно пиши ми
Мене ме буни дали е овој исто со Албатрос бич клуб? Од агенцијата рекоа дека Албатрос имало повеќе и дека овој нашиов е со 5 звезди. На интернет гледам не е исто со Албатрос Палас ресорт, а кога ќе пишам на јутуб Албатрос бич клуб отвара видеа исто како што тука пишува плитка плажа па после како мост за до длабокото.
Јас само што стасав во Албатрос бич клуб и сум баш негативно изненадена. Плажава на почетокот не да е плитка туку нема вода воопшто после некаде до над глужд. 10мин одев и никако да стасам до подлабоко од над глужд, а ако се спуштиш од мовчето одиш директ во многу длабоко и дека нонстоп ветер, има бранови па брзо се замараш и мораш да излегуваш. Збачи бањање на раат, нема во море, а несакам на базент да се бањам,тоа можам и дома на гратски. Баш се чудам што на толку рецензии никој не се пожалил ни на трип адвајзер, ни на некој форум. Па и на јутуб гледав видеа и не забележав вакво нешто
Заинтересирана сум, само некој нека ме воведе во процесот? Колку чини карта до таму, цена за престој итн.? Пишете искуство
Нема ли повеќе вода кога има плима? Инаку повеќето хотели се такви, немаат плажи за пливање за возрасни, поубави се за деца. Нема многу критики, оти повеќето од туристите ги користат базените. Египет не се оди за пливање, само за одмарање, и за турите (можеш да пливаш кога ќе одите на Рајскиот остров (Гифтун) и кај коралниот гребен, ама мора да пазиш на самите корали. Мислам дека во Сома Беј се хотелите со поубави плажи, ама генерално, во Египет морето е одма длабоко, зборам за Хургада. На почеток има како песочни островчиња, и затоа е погоден за деца оти кога има осека, водата сосема се повлекува.
Сите хотели се вака да, затоа нема критики дека е нормална појава ама тоа ти е кратко, иначе си има супер вода и ок е за пливкање онака барем во повеќето што сум била, а и што сум читала. За пливање ти пишала и членката погоре во базен и на островите Пиши пак апдејт како поминувате, здравје крај на септември планираме ние да одиме. Јас Египет не го менувам сега за сега
Во Еѓипет сум била многу пати,меѓутоа Шарм Ел Шеик е далеку поубав од Хургада,но и е потопло.Една од омилените дестинации ми е,бев сега во мај,a планирам повторно да одам и во септември,меѓутоа овие три месеци не ги препорачувам затоа што е претоло,имам пријатели од Каиро кои овој период одат Александрија,зошто Хургада и Шарм ел Шеик е неподносливо жешко,а инаку Еѓипет го обожавам,има некоја мистика во него и самото Црвено море е единствено и уникатно во светот по коралниот и животинскиот свет и би препорачала тура на Рас Мухамед не е секаде истото околу плажите ,има и плажи кои се баш погодни за деца како што напомена ,но и каде што е длабоко возможноста од давење е мала од големата присутност на сол во водата менувај дестинација,прежешко е,сигурно не би плаќала за под клима во соба или лоби да седиш јас бев сега Мај и топ беше до 33с но сега мислам дека е прежешко