@ @Annath па не е секаде со плима и осека, еве се преместивме на вториот ден во Палм бич хотел, нема плима осека, нормална е плажата но ништо посебно искрено во Грција многу поубави плажи има, можеле да се потрудат да ја средат подобро. Бевме на екскурзии, нуркање, и пирамиди супер си поминавме,црвеното море едно од најубавите за нуркање. Но хранава.....имаат утки, кашкавалов за појадок растителен, блакцава пандишпан со разни бои и одозгора шлакче. Исклучок некогаш со вечерата десертот е топени разни блакца, што многу ми се свиѓаа. И двата хотела се со 4* но се просечни и сум била во многу подобри а исто со 4* некаде дури и со 3* се поодржавани а да напоменам дека никогаш не барам луксуз. Палм бич е постар хотел од Албатрос ( овој бил пред неколку години реновиран), но кога се преместивме дури и бевме пријатно изненадени некако повеќе шарм, доста симпатичен и топол, ама со хранава можеле да се потрудат. Соковите се екстракти за растварање. Од овошје само лубеница, портокал и урми има во ол инклузив. На плажа природен сок ако сакаш ќе си платиш има еден мине и нуди. Искрено јас Египет го доживеав како само да сакаат да ти ги земат парите. Нонстоп бакшиш бараат, трчаат по тебе као да ти направат услуга, ако видат дека се сликаш се нудат одма да те сликаат и пари после бакшиш да им дадеш. Од друга страна мн сиромашни се па веројатно затоа е така. Подоле слики од плажата во Албатрос и плажата на Палм бич ќе ставам. Палм бич има и уште една помала како заливче само има малку камења напочеток. Незнам колку се гледа на сликава но навистина нема вода вооппшто едно 500м па после некаде до глужд. Од вработените ни рекоа дека водава си оди некаде кај 10:30 наутро , се враќа кај 16:40-17ч. Денот трае некаде до 18:40 ч така да преку цел ден е тоа. Ние кога отидовме беше 12:30ч и немаше, па посче тек кај 16:45 или 17 одприлика беше, имаше ама ептен малку.
Инаку сега климата е супер, не се сеќаваше жештина некоја, има нонстоп ветер, па затоа мачкајте се нонстоп оти неосетно може да се изгори. @Maja015 не сретнав во морево на плаживе такво нешто, безбедно е. Во врска со крадење фала Богу не се случило такво нешто.
еѓипет е прекрасен,најстара цивилизација во светот која крие многу тајни и мистики и сеуште се доловува таа магија таму,преубав
Таман си е, секој со свое искуство. Мада по мое мислам дека Египет е исклучиво да одиш во хотел со 5 ѕвезди, нема споредба со 4* во Египет и др држави, голема е разликата.
Да и јас така мислам...сега тоа го увидов. Или пак во некој послаб со пониска цена, ама скоро секој ден на некоја екскурзија. Ама тоа треба да советуваат од агенцијата. Јас им напоменав дека сакам добра плажа, и требаше да не упатат. Обично пред да уплатам добро разгледувам и чирам за местото и хотелите пред да уплатиме, ама овој пат набрзинка се беше, излезе понуда и ајде од денес за по 6 дена да одиме....
Некогаш не е на одмет да разгледате каде одите пред да изберете дестинација. Понудитe се примамливи, ама гледајте што добивате за парите. Египет е друг континент, друг менталитет, бакшиш бараат пошо платите се ужасно ниски, во секој олинклузив - не ултра се доплаќа за свежо цедени сокови и пакувани/увозни пијачки. Олинклузив не е по дифолт добра храна туку храна во изобилие, затоа се мава на маргарин шеќер и боја да се добие визуелно привлечна храна. Египет е пустина немаат тропско овошје, така да нема како да го нудат во просечни хотели. Сите набројани работи како храна ги имате во гугл ривјус и трипадвајзор. 4 ѕвезди во Египет се 3 по Европски стандарди во најдобар случај.
Јас немам ваков впечаток за Египет. Мене ми беше еден од поубавите одмори, само чекам прилика пак да се вратам таму (тоа кога би имала одмор во април или ноември). Одлична храна во изобилство, свежо овошје во секое време, немаше доплаќање на пијачки и сокови во all in, немаше маргарини и боја. Ако правам споредба за хотели, на прво место Египет, на второ Турција, на трето Грција. Барем од мое лично искуство. За бакшишот, така е како што кажуваш, оти народот е сиромашен, и општо, надвор од хотелските терени се гледа сиромаштијата. За жал.
Април 2013 година. Немав прилика после тоа, иако планиравме, ама во најжешкото не би одела. Април ми е идеален, евентуално ноември. Топло, ама издржливо топло.
https://www.tripadvisor.com/Hotel_R..._Beach_Resort-Hurghada_Red_Sea_and_Sinai.html Ова е вториот хотел. Бевме во Каиро на екскурзија во некој музеј заборавив како се викаше и во Гиза да ги видиме пирамидите, се возевме со бродче по Нил, ова се во еден ден платовме по 85 евра од човек + 7 евра за бродчето бидејќи одпосле го вклучија. Имаше и ручек во ресторан во цената. Пренапорно 6 саати вожња во еден правец, во 2:30 на полноќ тргнавме, во 00:30 наредна ноќ се вративме. На нуркање бевме - преубаво, плативме 45 евра од човек со ручек вклучено на бродот. Цениве беа за 10тина евра поскапи на понудата ама дека две екскурзии попуст ни даде тој агентот. https://www.tripadvisor.com/Hotel_R...os_Beach_Club-Soma_Bay_Red_Sea_and_Sinai.html Ова е линк од првиот хотел од каде што се преместивме. За екскурзии види контактирај ги https://instagram.com/serbiantravelhousehurgada?igshid=YmMyMTA2M2Y= Одпосле ги разбрав овие многу добри пакети прават со попусти.
Во кој хотел беше? @ Едит, сега гледам дека си била во 2013год. Веројатно е сменето од тогаш бидејќи мн ретко реновираат хотели и тоа кога го прават не е целосно, а и за храната и други ми имаат кажано дека е мн полоша за разлика од други замји. Ете два хотела сменив и истата приказна и кај давата хотела ,а Турција за разлика од Египет е друга приказна и за храна и за хотели и за услужливост. Ама ете секој различни искуства. А за Грција - да, сите тоа го кажуваат дека немаат никаква услуга во хотелите. Таму искрено не сум била во хотел. За бакшиш знам, напоменав дека се такви веројатно поради сиромаштијата, но има некој што знае како да ти ги земе парите на симпатичен начин, а некои се пренапорни и нападни.
Оди во https://www.tripadvisor.com/Hotel_R...sort_Hurghada-Hurghada_Red_Sea_and_Sinai.html Или https://www.tripadvisor.com/Hotel_R...urghada_Plaza-Hurghada_Red_Sea_and_Sinai.html Од сега искуство што ми кажаа задоволни се, имаа Фибула и за нив понуда гледав сега ми испаѓаше реклама на фб.
Iberotel Aquamarin Resort, сегашен Jaz Aquamarine Resort. Одбрав поскап хотел тогаш, и не зажалив, и плус бевме подолго, не една недела. Преку српска агенција. Можеби е сменето сега, пандемијата имаше сигурно доста влијание врз туризмот таму. Инаку јас не би одела во летен период, пролет или есен. А не сум имала одамна одмор во април, плус веќе децата ми се големи и сред учебна година не би ги вадела од училиште за на одмор.
Јас на 01.06 -07.6 отидов и воопшто не беше жешко, не се сеќаваше жештина, ветер нонстоп свежина даваше. Последните два дена веќе се сеќаваше дека се стоплува, и покрај ветерот, дури и водата тогаш веќе беше топла, пресходно свежичка дури влезеш.