За двата хотела Хилтон и Свис ин,за тој што прашуваш незнам. За агенцијава што е за екскурзии искрено незнам како е најдобро. Можеш да им пишеш уште сега па ќе се договорите.
Оваа година го избравме Египет за одмор веќе и уплативме ама некако почнува да ме фаќа паника.Читав низ форуми дека малку била храната различна а јас сум премногу прибирлива плус со осетлив стомак… а знам дека водата била техничка и поради тоа се појавувале дијареи и сл ние секако нема да ја пиеме ама зеленчукот и овошјето ги мијат со неа…. Хотелот со 4 звезди шо го избравме Sea star дали некој бил да ми каже мислење? И совети околу се некако се плашам…
Египет мене ми беше топ дестинација за одмор, преубаво си минавме. Храната точно дека е малку поспецифична, ама имаше толку различен избор што секако ќе најдеш нешто што ќе ти се допадне (гладна секако нема да бидеш). Во хотелот во кој бевме сместени, освен главниот ресторан имаше и ресторан на хотелската плажа(која беше околу 5 мин. оддалечена од хотелот) и во него служеа претежно пици, помфрит, тостови исл., па ако не ни се допаѓаа понудените јадења за ручек некој ден, тогаш јадевме на плажата. Овошје имаше во изобилство, флаширана вода ни даваа од хотелот (се земаше од рецепција и за во соба). Знам дека тогаш ни кажаа да пиеме некои апчиња (некој вид на пробиотик мислам дека беше) баш заради тоа да немаме стомачни проблеми бидејќи не сме навикнати на нивната кујна, меѓутоа од нашето друштво никој не ги пиеше и пак немавме никакви проблеми. Излетот во Каиро (пирамидите и националниот музеј) е нешто што не треба да се пропушти според мене, а исто така и излетот на Рајскиот остров. Малку се изненадив овде од последните мислења околу незадоволството од храната и хотелите, затоа што мојот впечаток од Египет е поинаков (и јас како и @Annath повторно би се вратила таму). Е сега да напоменам дека и јас бев пред некои 7-8 години кога беше многу поскапо да се летува во Египет (ако тоа има нешто врска). Се сеќавам и дека таксито не беше скапо и секоја вечер шетавме во новиот дел од Хургада (преубаво шеталиште покрај море со многу продавници) што значи не бевме постојано во хотелот. Околу хотелот кој ви е избран немам искуство, ама со 4 звезди мислам дека нема да биде лошо. Ако нешто друго те интересира, прашај ме слободно. Немаш потреба од страв според мене. Убав одмор.
Па еве со сопругов сеуште имаме проблем со дијареа. Еден ден подобри еден ден пак. Нонстоп со пробиотици сме. Не ја пиевме водата од чешма, од што е ова незнам, почнувам да мислам дека ид ресторанот водата во чаша што ја полневме од тие апаратите да не беше од таквата вода или пак мразот во сковите и коктелите. Хранава не личеше дека е расипана...
Jas lani bev, i za eksurziite odevme preku srpska agencija zatoa sto bea mnogu poeftini od nasite agencii... Od covek za edna eksurzija bese razlika vo cena 20-30 evra, zavisi za kade. Doagaat od pred hotel, te zemaat, tocni se i odlicen vodic imaa za na piramidite.
Lani pred da odam vo Egipet dosta citav za iskustva pa ke ti spodelam nesto.. Vodata nikako nema da ja piete, i duri nema da miete zabi so nea.. Ke si zemes od tuka za sekoj slucaj probiotik i slicno za stomacen virus. Nie pominavme odlicno vo toj pogled. Kazuvaa lugje deka ima i mn komarci (nie ni toa ne iskusivme), mozebi zavisi od mestoto kade sto si, pa sepak zemi si nesto za mackanje.. Obavezno sitni evra ili dolari, (tamu isto go presmetuvaat evroto i dolarot), zosto premnogu zamaraat za baksis kade i da odite. Bukvalno se molat i dosagjaat, sto nas licno toa ni bese najlosoto iskustvo od Egipet. Koga ke se simnete od avion, vednas na aerodrom kupete sim karticka za da imate internet zosto nikade nadvor od resort nema. I vednas od koga ke ja kupite isprobajte ja, zosto znaat da ve izmamat. Se nadevam malku pomognav. Prijaten odmor
Оффф леле…. Како сте сега ? Инаку планирам 4 5 дена унапред да си почнам со пиење пробиотици да го спремам организмот пошо имам многу осетлив желудник…Инаку за смеење или не ќе си земам од дома нешто за јадење тоа шо можам во авион туни некој грицки пошо стварно сум проблематична со тоа едно јадење којзнае дали ке ми се допадне кујната…Фала ти на споделеното искуство
Vo sekoj resort ima razni kujni i hrana vo izobilstvo, ke najdes nesto sigurno.. Ako nisto drugo, ke jades toa sto go ima i kaj nas, pomfrit, stek, razni vidovi na peciva, zelencuk, testenini.. Ima navistina, neka ne te zagrizuva toa. A sekako imas 20kg bagaz, pa mozes da stavis nesto ako tolku ti e strav
Веќе сме подобро. Не се секирај ќе имаш избор да не јадеш некоја нивна храна. Но сепак земај си пробиотици.
На нуркање и во Каиро во музеј, пловење по Нил и во Гиза на пирамидите. Нуркањето преубаво нешто што нетреба да се пропуши, а ова другово е се во 1 ден, и пат премногу - 6 саати во 1 правец. Убаво но напорно
Не, небеше прежешко, ама и во Каиро право во музејот не однесоа, таму ми беше жешко немаше клима внатре, промаа што не вршеше работа , после по Нил беше пријатно, па право кај пирамидите, таму имаше ветер се поднесуваше. На враќање пак во Каиро во ресторан на ручек, беше ладно, па сакаа во фабрика за папитус и парфеми да не носат ама бевме преморени и цела група сакавме да не одиме. Мене лично ми сметаше патот. 12 часа губиш само во пат. Ај за натаму одиш ноќе во 2:30 се трга. Ама нозете балони отечени ни беа. Пренапорно е.
Здраво дали некој има искуство со Meraki Resort (Adults Only) Каква е храната услугата плажата? Некаде прочитав дека пиво точеле во мали пластични чашки, оние кај нас по 1 денар што ги има ..
И во нашиот хотел така точеа пиво, во првиот Албатрос пред да го смениме, пола пиво пола пена, треба за секоја голтка нова чаша . Во вториот Палм бич беа пластични ама поголеми подруги чаши . За Мераки читав некаде добри искуства, сега незнам за ова со пивото, вајда најчесто така се .
Me interesira cenata na ekskurzija do piramidite,vleznici I kamili.Koj bil sega najskoro.Vi blagodaram
Ova so ajkulata me zamisluva iskreno ,imam zakazano za vo avgust, nekoj/a sto imate zakazano dali mozebi planirate da gi otkazite?