И мене исто настанот ме замислува… Не го гледав видеото морничаво ми беше само прочитав.Каде се случува настанот во плитко или некаде на отворено море при крстарење со брод?
Во делот кој е означен за пливање на плажа. Но најверојатно ја има "примамено" со хранење на малите рипчиња , бидејќи си нуркала со маска и пераи. Ајкулите сами од себе не напаѓале така освен ако не се надразнети, така викаат. Многу туристи сакајќи да привлечат мали рипки фрлале храна од хотелот и така се намамувале ајкули по миризбата од храната. Но прашањево е од каде влегла ајкулава во заштитениот дел.
Две жени во ист ден наводно нападнати на оддалеченост од 500м двете и двете починале... Сестра ми во Септ ќе одат ептен во близина на местово и одма и пратив и и реков бањање само во плитко до колена и во базени
Во врска со нападот од ајкулата нема реално место за паника. Жената пливала во простор кој бил небезбеден, односно надвор од безбедната зона. Ја преминала ознаката и нападот е случен во природен базен каде се хранат ајкулите. И плус жената пливала во 19.00 часот, а капењето е дозволено до 18.00 часот бидејќи мако ајкулите кои живеат во тој дел се хранат на зајдисонце. Мое мислење е дека станува збор за изолиран случај, кој немало да се случи доколку жената се придржувала до препораките за безбедно капење.
За оваа жена да нејзина вина била читав и јас ама која е причината за другата и во кое место е нападот на другата?
Mi rekoa od agencijata deka im javile od hotelot demek nemale slobodno mesto.Napravile greska .ne videle dobro deka nemaat mesto.a za ajkulite rekle nema prostor za panika egipetskite vlasti pravele se da ja fatat.a nie do togas samo ke go dledame moreto a ke se banjame vo bazenite
Дали некој има искуство со https://instagram.com/serbiantravelhousehurgada?igshid=YmMyMTA2M2Y=, гледам имаат добри понуди, па ме интересира дали некој бил на некоја тура со нив.
Брачен пар со мало дете и жена во четврти месец бремена од италија заминале во шармелшеик во луксузен ресорт од 5 ѕвезди, ова патување го планирале Одамна, по неколку дена мислам детето почнало да се жали имало висока темп и не знам какви други симтоми го читав линкот беше мошне популарен во италија пред некоја ден ама заборавив што точно пројавиле тешки симтоми детенцето и мажот на жената, детенцето за жал починало таму а маж и бил на интензивна нега во болница. Сега се молат и апелираат т.е женава да им пратат приватен авион за да можат маж и да го вратат во италија на лекување детенцето да си го однесат и женава. Сеуште не се знаело што е причината за оваа несреќа. Страшно, жално, траорно и нереално ми лупа срце додека пишувам. Ви го пишувам ова со цел за да го знаете бидејки треба да го знаете не ми е поента да заплашувам некого и паничам НО би било добро ова се да знае и таму во македонија. Бидејки е нешто навистина реално и страшно што се случи. бев голем ентузијаст конкретно за пирамидите сфингата и таму тој дел но сега од сегашна гледна точка никогаш не би отишла таму. поентата ми е да ве информирам за оваа важна информација и трагедија. https://www.ilfattoquotidiano.it/20...utopsia-per-un-quadro-piu-chiaro/6658057/amp/ Еве го линкот, вратени се во италија, таткото е добар детето за жал починало. Почнале со анализи и аутопсија. се случило тоа што се случило само на нив во ресортот и сите тројца пројавиле различни симптоми.
Не ти ја разбирам поентата. Се додека не се знае причината глупаво е да се шири страв за некоја земја. Се што може да ти се случи дома може да ти се случи и во Египет. Да е терористички напад па да стои тука ама вака мислам дека нема поента.
е како не се знае.Пишаа уште пред ден два кај нас,дека е од цревна бактерија одд базентот.Египет е познат по згаденоста на водата.Бактериски е неисправна.Другарка се врати пред две недели.Рече дека цела група завшиле на инфузии таму од стомачен вирус.
Башка хотелов каде што наводно се затруле е дaлеку од луксузен и е доста постар, Sultan gardens resort, го има објавено на други страни, $90-100 од вечер во сред сезона. Мебелот им е од пред 20 години. Во Египет 5 ѕвезди се 4 по европски стандард.
Пишав со цел да бидете информирани мислев ја нема веста од кај да знам, ме фати паника и сакав да споделам се со цел за да заштитам некого тоа ми беше намерата, човек не е да пише нешто со цел за добра намера навистина не знам што побогу рипнавте сите кога пишав за да заштитам некого. Ама ете…. Рипате а зошто рипате со такви тонови не знам ваше си е. Школо за друг пат. Според италјанските медиуми пред 21 час сеуште не се знае од што е се е шпекулација да така сеуште не се знае од што е топрва ќе испитуваат и рекоа дека не можат да кажат сеуште од што е. Ниту е спомената цревна инфекција од базенот во овој линк. да повторам пишав зошто се исплашив и ми беше намера да споделам овде за да бидете информирани оти стварно се исплашив нема потреба од дрски коментари.