Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одмор во Египет

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од april23, 25 мај 2010.

  1. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.777
    Допаѓања:
    53.159
    Пол:
    Женски
    И ние оваа година сакавме Египет но искрено од агенција не предомислија. Не е за со мали деца, така ми рекоа:| И си истеравме одмор во Турција..
     
    На Волкот, buba4e89, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  2. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.964
    Допаѓања:
    219.399
    Пол:
    Женски
    Како нема поента? Поентата е дека заминале на одмор ете внимавале со вода внимавале и со храна бидејки биле претходно информирани за ризиците ама ете… не е никаква шпекулација ама е факт дека таму се затруле или што год и да е и тоа со екстремна претпазливост. Така пишува тука така ви пренесувам, не те разбирам за каква шпекулација би се работело кога фактот е дека дете почина ради икс фактор токму и ова е трагедија и е многу загрижувачки. И не, не би одела никад таму ниту јас ниту дете би носела.
    Фактот дека загинаа плус две жени и едно дете е факт за египед и огромна трагедија. Точно дека секаде имаш ризик животот општо ни е ризик ама да одам некаде каде што за една недела имаше 3 жртви такви трагедии никад.
    Докторот од палермо вели пред 21 час во медиум дека ништо не може сеуште да каже, се сумњало дека е од храна, тоа е првична сумња. Баш дава пример дека колку и да се пази и од капучиното можело да се закачи нешто. Објаснува. Се додека следната недела не излгле разултатите од аутопсија не се знаело од што е.
    Во морето ајкули, во базентот страшни бактерии, трагедија. Како и да е. Еве ти велиш дека твои луѓе закачиле стомачен вирус, овде погоре жена кажуваше и таа имала исти проблеми зошто кога знам да си ги правам тие проблеми? И она сирото дете што починало бидејки докторот вели дека кај деца имало уште поголем и пострашен ризик во египет зошто да одам да си калемам бактерии или уште полошо?
    Немам поим каков бил ресоротот, овде пишуваше дека бил луксузен, а тоа не е ни важно, важно е дека починало дете. Дали со 4 ри ѕвезди или со 5 фактот дека египет е ризичен со јасни ризични фактори е тој поготово за мали деца.
    Баш погоре докторот од палермо објаснува дека ваков ризик е многу пострашен кај деца и се случува. Околу бактериите зборуваше.
    И ми е мило што ете сте смениле локација бидејки ризиците како што покажуваат настаните се големи.

    Затоа и пишав, маж вика пиши ова е голема трагедија нека се знае. Нека луѓето имаат во предвит. Пишав искрено со најдобра намера бидејки се плашам.
     
    На LiliBoz, cresa-jagoda, lovely91 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Кита

    Кита Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2017
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    55
    Samo so stasavme vo Egipet realno mi se ide da se prepakuvum i vednas da se vratam nazad..Hotelot e uzasen fitnes centar ima mi vikaat 5€ od den se plakalo jas prv pat slusam takvo nesto da se plaka fitnes centarot vo hotel all inclusive…Voda nema sise da si zemes od dispanzer samo vo casa…Site te gledaat ko nekoj vonzemjanec bidejki sekoja zena u bazentot e zabradena od glava do peti…Hranata uzas…Pogolem uzas ne sum videla mi se place…
    se izvinuvam za fondot.
     
    На mssuniquee му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    6.223
    Ама зошто така глобализираш. Едно е да се каже тој и тој ресорт не чини а сосема погрешно е да се гледа целата држава како најлошото место на светот. Ајкули има секаде во секое отворено море и не за џабе секоро секој ресорт си има направено лагуна која има мрежи и си кажува до каде може да пливаш. Црвеното море е познато по тој морски свет и затоа е тоа така. Водата не се пие и тоа е секаде кажано. Но затоа сите ресорти со 5* имаат клиники во кои доколку не ти е добро може да се обратиш. Моментално и водата во Скопје не чини и не е за пиење. Пр. кај мене на работа 10 луѓе се со стомачен вирус од кои 3ца на инфузија, и сега што правиме? Климата во Египет е премногу топла особено во лето што значи не е добра за мали деца. И во Грчка ако го оставиш детето во 3 часот попладне не е добро не па во Египет. Затоа се препорачува да не се оди во најжешките месеци. Ама кој слуша препораки. И на крај колку пари толку музика. Ако сакате добар ресорт ќе си платете добра цена. Не може да очекувате дека за 400еур. ќе добиете хотел со европски стандарди од 5* и се вклучено во него плус и превоз.
     
    Последна измена: 13 јули 2022
    На Alexandrite, scorpias, Noemi и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.189
    Допаѓања:
    8.332
    @kolovoz Тоа е тоа, не се гледаат критики не се проверува хотел, пакет чартер, трансфер од-до аеродром, ноќевање во хотел со плажа и all inclusive храна и пијалоци ама за 700€ епа каков да е квалитетот? Египет е сиромашна држава ама не се глупи хотелиерите. Кај нас многу се гледа на Египет како на евтина далечна дестинација, а воопшто не е така.
     
    На Alexandrite, scorpias и kolovoz им се допаѓа ова.
  6. ања

    ања Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Лошо Во кој Хотел сте сместени?
     
  7. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Не треба да се генерализира и да се донесуваат заклучоци за една дестинација, во кокнкретниов случај Египет, само врз основа на едно-две искуства. Затоа е многу битно да се направи вистински избор на ресорт во консултации со агенција, коментари на Google, Trip advisor, Booking, препорака од некој што веќе бил итн...
    Јас бев годинава во Египет и прекрасно си поминав. Презадоволна сум од одморот, се вратив жива и здрава исто како и еден куп луѓе со кои што имав можност да разговарам на факултативите, во ресортот и на враќање накај Скопје. Некои да, ги имаше фатено стомачен вирус ама ништо страшно, за ден-два им поминал. Го добиле од водата, т.е. најверојатно од мразот во пијалоците бидејќи на сите ни е добро познато дека не се пие водата од чешма.
    Дефинитивно е дестинација што вреди да се посети и планирам понатака да одам повторно.
     
    На Panda girl, buba4e89, scorpias и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    Во Египет не се оди со броени пари, иако може да звучи невкусно.
    Колку поефтино поминуваш во хотелот, без разлика дали се декларира како 5 ѕвезди, има шанси многу лошо да поминеш. Секогаш треба да се читаат reviews за хотелите. Има неколку хотели кои се целосен погодок, а со тоа да го направат патувањето незаборавно.
    Јас би отишла повторно. Искуство што не се пропушта.
    Сепак мора многу да се информирате за се. Водата се знае, не се пие, ниту пак за миење заби да се користи. Само флаширана. Да се внимава дури и од каде се купува вода, особено на турите кога не сте во хотел, може да е точена.
    За храната, никако да се јаде надвор од хотелите, особено улични ресторани, хигиената е на лошо ниво. Сиромашна земја е.
    Летен период, за турите е многу лош период да се оди. Колку подалеку од море се оди, станува пеколно жешко. Обавезно да се носат капи, шешири и шишиња вода, летна гардероба по можност да е со долги ракави, сонцето пржи. Инаку на море, не се чувствува топлина воопшто, постојано дува.
    Хотелите се максимално обезбедени, не смееш да влегуваш во туѓ хотел ако не си гостин, се проверува ако излезеш од хотел, кој те зема, регистрација, кое време.
    Никогаш, никогаш не давајте на локалците телефон да ве сликаат. Ако сакате да си го вратите, бакшиш ќе дадете. Не влегувајте во комуникација со нив, може и да ве одвлечат некаде, бидете во гужва цело време.
    Спремете долари, евра за бакшиши, дури сами си бараат.
    Од тука обавезно да се земат пробиотици барем 2-3 недели унапред. Некогаш не е до контаминирана храна, туку го имаш балканското, ставај во уста додека не пукнеш, бидејќи си платил нели. Но, за да бидеш безбеден, од пробиотик нема штета.
    Затоа, мала едукација за земјата, внимателност и ќе сакате да одите пак и пак и пак.
     
    На warrior, boci79, buba4e89 и 9 други им се допаѓа ова.
  9. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.386
    Пол:
    Женски
    Епа докторот од палермо не знае колку што знае маре од Ракотинци.
    јебига:D
     
    На vitamina му/ѝ се допаѓа ова.
  10. boci79

    boci79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2017
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Jas pak si zakazav vo Egipet. Na 13 avgust patuvam. Mi pomina stravot od ajkulata.
     
    На NoirSerpentine и justonequestion им се допаѓа ова.
  11. justonequestion

    justonequestion Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2021
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Во кој хотел си сместена?
     
  12. justonequestion

    justonequestion Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2021
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Инаку сакав да прашам како е со ноќниот живот во Хургада?
     
  13. bitches broken

    bitches broken Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2021
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Iskustvo so hotel lotus bay vo egipet
     
  14. boci79

    boci79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2017
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Dali nekoj znae kako e vo hotel Desert rose vo Egipet?
     
  15. boci79

    boci79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2017
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Lele.Navistina li e mnogu loso?
     
  16. s.frosina

    s.frosina Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2013
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    40
    Јас имам позитивно искуство од Мераки . Бев 2019 г далеку поефтино од сега ,и би го избрала пак ако некогаш одам , а верувам дека би одела но повеќе денови. Хотелот е со 4* но за разлика од некои кои беа со 5 вредеше многу повеќе.
    Услуга на високо ниво во секој момент стојат на располагање, хигиена , храна , плажите мислам 4 беа се беше убаво. Забава секој дем диско базен , верувај неможеш да постигнеш се да видиш од хотелот.
    Хургада е место каде се оди на одмор повеќе денови пр 10-13 за да можеш се да видиш пр Каиро вклучува целодневно патување разглед на град музеи , пирамидите , крстарење по Нил. Островите се рајски , нуркањето неизбежно , исто така и турите низ Сахара и бедуините , градот е потполно безбеден , шетавме два пати со локално такси.Единствено што не успеав да одам е Луксор…но за 7 дена неможеш се да видиш колку и да сакаш. И одете на турите преку локални агенции ние невме преку српска мн поевтино , презадоволни бевме , а и на српски зборува египјанецот хихи..Би одела пак
     
    На Nena Jovanova, bearrr и lovely91 им се допаѓа ова.
  17. Кита

    Кита Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2017
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    55
    Sea star beme i voopste ne sum zadovolna od hotelot nikako!
     
  18. ања

    ања Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Искуство некој со Labranda Royal Makadi 5* -Египет ?
     
  19. warrior

    warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    399
    Пол:
    Женски
    Јас ќе одам другиот месец со друштво. Малку ми е шубе дека друг континент и култура ама мора да се излезе од комфор зоната.
    Читав за водата од чешма никако, заштитен фактор, капи, шешири и лесни долги алишта.
    Планираме да одиме Каиро, Рајски остров и Супер сафари.
    Бил некој во скоро време? Препораки?
    Однапред ви благодарам.
     
  20. Nena Jovanova

    Nena Jovanova Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2021
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    1.306
    Пол:
    Женски
    Еѓипет ми е омилена дестинација мене и нема потреба да се плашиш,магичен е,а препорака да не јадеш лубеница и диња таму во ресортот ,ова ми го кажа жена од Каиро која беше во ресортот последниот пат кога бев и јас ,во месец Мај,инаку уживај,водата секаде од чешма не се пие,другото што останува е да уживаш
     
    На scorpias, warrior и lovely91 им се допаѓа ова.