Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одмор во Египет

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од april23, 25 мај 2010.

  1. WorldInMyEyes

    WorldInMyEyes Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2015
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Јас бев сега во јули и супер е. Турите ти препорачувам да ги земете од serbiantravelhousehurgada, имаат одлични понуди или од локални агенции (сигурно ќе има во близина на хотелот),но никако од агенцијата која ќе ве пречека, која е во соработка со нашиве агенции, зашто цените што ги нудат се скоро па дупло. Вода не се пие од чешма, не е претопло да не може да се издржи, значи се на се, вреди да се отиде и да се види. За чистотата друг пат, во друга прилика :)
     
    На warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  2. warrior

    warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    399
    Пол:
    Женски
    А за облека шо ќе кажете? Сите гледам препорачуват подолги алишта лесни. Прават проблеми ако како турист носиш нешто пократко или шминка?
    Или е попрепорачливо и ради сонцето да се покриеш повеќе?
    Или во ресорт немаш проблем ама надвор е друго или само се зборувања ова.
     
  3. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    4.301
    Пол:
    Женски
    Воопшто нема проблем ни за облека ни шминка,кога јас бев се шетавме како и тука преку лето,полесна облека.
     
    На warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    Има некои ресорти што се поконзервативни во однос на облеката. Со нас имаше пар, баш збореа дека во нивниот ресорт мора по долги да си облечен ако сакаш да одиш на ручек.
    Инаку погоре во мојот коментар, носењето на лесни облеки по долги е подобро за тебе кога ќе одиш на турите, сонцето навистина пече, да не речам премногу.
     
    На warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.386
    Пол:
    Женски
    Абе една ајкула се појави и цела Македонија отиде за Египет. :|
     
    На Marija_Magdalena му/ѝ се допаѓа ова.
  6. boci79

    boci79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2017
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Jas se vrativ od Egipet pred edna nedelja.Zadovolna sum od izletite.Se e ubavo,osven zacinot sto go stavaat vo sekoe jadenje..Bev na safari beduinskoto selo,luxor,ostrovite orange i paradise,piramidite.Mislam deka poveke e maltretiranje otkolku odmor.Mnogu e toplo,pokraj moreto e podnoslivo ama po pustinata e pekol.Nikomu ne bi preporacala da odi vo juli I avgust .A zgora na se zakacivme i stomacen virus. Povrakanje temperatura dijarea. Strasnooo. Bez linex,boulardi I enterofuril paracetamol,nikako ne poagjajte. I toa za 4 osobi ni otidoa 20 kutii linex. Uste me mozam da se normaliziram. Za 10 dena oslabnav 5 kg.E toa ti e odmor vo Egipet.
     
    На warrior и mssuniquee им се допаѓа ова.
  7. HoneyHoney

    HoneyHoney Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите!

    Јас имам прашања околу Египет, прв пат ќе одам таму сега во Декември.
    Си закажав хотел на Booking.com, картите ги купив а ме интересира како се вадат тие визи за влез во земјата. Истражував на интернет ми излегува 80 евра виза, а некаде прочитав на форумов дека на аеродром таму ти вадат доколку немаш за околу 20-30 евра.

    Околу стомачни вируси кои апчиња можам да ги земам од кај нас тука да сум подготвена за таму за секој случај, и за облека каква можам да носам тој период, дали имаат некои рестрикции таму за влез во земјата не ми е ништо јасно околу тоа.
    Доколку некој може на кратко да ми објасни и некои совети плус се добредојдени, поздрав :)
     
  8. boci79

    boci79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2017
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Vizata se izdava na Egipetskiot aerodrom I cini 50 evra.A za apcinja kupi si linex. Boulardi.probiotik.Tamu nemaat restrikcii.ne se nosat maski. Dobar provod
     
    На HoneyHoney му/ѝ се допаѓа ова.
  9. warrior

    warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    399
    Пол:
    Женски
    Нас ни зедоа по 20е од човек. Бевме минатиот месец околу 10 дена.
    На самиот аеродром на пасошот ти ја стават визата.
     
    На boci79 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    760
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    Јас оваа година гледам понуди за Египет. Ги прочитав мислењата, гледав и на Booking и TripAdvisor, размислувам да го одбереме Титаник Ројал 5*, има 9.1 на Booking и мислењата се добри . Добро би ми дошло ако некоја од вас била таму, па да ми сподели искуство.
    Видов дека вода од чешма не се пие, мраз да се избегнува, миење заби со флаширана вода, некаде прочитав овде на форумот диња и лубеница да не се конзумира. Ај ваши искуства дали е толку страшно како што се изначитав, или доволно е неколку дена пред одење да пиеме пробиотик?
    Не би ризикувала да одиме во јули или август поради жештината што не ја поднесувам, а би сакала да одиме на екскурзии, па ме интересира каква е климата во јуни?
    Какви екскурзии нудат,што сте земале и искуства?
     
    На Nena Jovanova му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Nena Jovanova

    Nena Jovanova Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2021
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    1.306
    Пол:
    Женски
    Египет не се оди тој период,моја омилена дестинација на која одам многу многу пати е,Шарм ел Шеик е многу потопло од Хургада,Хургада пирка некое ветренце,нема да погрешиш да одиш,вода само флаширана и лубеница диња никако консумирање,ако можеш оди од април до јуни или септември до ноември,не сум била во август али можам
    да замислам колку е топло,јуни е исто многу топол
     
    На aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    760
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    Значи почеток на јуни е добро да идеме? Јули и август не ми паѓа на памет :D
    Тоа секако ќе се придржувам за вода, и ако имаш некој дополнителен совет слободно пиши ми. :hug:
     
  13. Nena Jovanova

    Nena Jovanova Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2021
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    1.306
    Пол:
    Женски
    оди и уживај,за мене Египет е магичен,а се надевам и за тебе ќе биде,нема нешто посебно што би ти кажала за да се придржуваш до нешто,enjoy….:sun::f:
     
    На boomsleng и aaaaa им се допаѓа ова.
  14. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    Не е страшно, ако си претпазлива. Обавезно пробиотици. Имај си за таму и ентерофурил. Не го знам хотелов. Читај reviews. Мене тоа ми помогна многу кога се одлучував во кој да одам.
    Ако одиш преку агенција, ќе дојде водичот кај тебе во хотел со памфлет за тури. Без Каиро, Луксор, островите да не се враќаш назад. И многу внимавај на турите кога ќе ве остават сами да шетате. Не давај телефон на никого да те слика и не верувај на мештаните ако ти дојдат да ти речат да ти покаже нешто. Ла Шукран и бегај.
     
    На NoirSerpentine и aaaaa им се допаѓа ова.
  15. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    760
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    Одлично што ме информира, читав дека се нападни, ама не знаев дека до толку. Гледам дека коментарите за хотелот на трип и на букинг се добри, најмногу околу храна ме интересираше. Ако имаш препорака за некој хотел, пиши ми слободно. И уште ме интересира околу комарци, дали има многу?
     
    На Alexandrite му/ѝ се допаѓа ова.
  16. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    655
    Египет е многу убав, го имам посетено два пати и тоа Хургада, за Шарм неможам да зборувам но Хургада е прекрасна, генерално времето во Египет е доста топло но Хургада има постојано струење на воздух - има ветер така што таа топлина не се чувствува премногу. Во врска со пиење на пробиотик генерално се препорачува да се зема пробиотик при посета на друга држава тоа е од превентивни причини но колку пробиотикот ќе ви помогне во Египет при појава на дијареа тоа се сомневам, имаше едни капсули се викаа Антинал ги има во нивните аптеки, е тие се многу ефикасни и делуваат на тамошните бактерии, капсулите Антинал се земаат во случај на дијареа и при стомачни проблеми не земајте ги превентивно нема за тоа потреба. Антиналот е ист лек по својот состав со босанскиот Ентерофурил и двата лека се на база на Нифуроксазид.

    Избегнувајте да консумирате храна во нивните локални ресторани, претежно ќе се храните во хотелот и таа храна е безбедна, не би требало лубеницата и дињата да ви претставуваат проблем бидејќи имаат кора па не се изложени директно на бактериите односно водата со која се наводнуваат. Сето овошје и зеленчук кое имаат заштитна обвивка - кора и која пред консумација се отстранува е побезбедно за разлика од она кое директно се консумира како зелена салата, свеж кромид, лук и друго, се што е термички обработено е безбедно за консумација на тој начин се уништени сите тие микроорганизми кои можат да предизвикаат евентуални проблеми.
    Доколку се одлучите да го поминете летниот одмор во Египет убаво да си поминете и по враќањето да напишеш впечатоци од посетата.
     
    На peperutka8 и aaaaa им се допаѓа ова.
  17. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    760
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    Супер, ти благодарам. Ќе понесам Ентерофурил од овде, секако со цела аптека патувам :D
    Не прашав за виза само дали треба :?:

    Едит:Сега видов погоре дека треба:)
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.532
    Допаѓања:
    201.624
    Пол:
    Женски
    Визата на аеродромот ја добивате, не се секирај за тоа. Април е одличен период за Египет, не е претопло, ама имај предвид дека таму сонцето во 10 часот е јако како на пладне, задолжително спф крем оти лесно се гори. Јуни е многу потопол. И рано се стемнува, рано се разденува. Кога гледаш за хотели, гледај конкретно оценки за чистота, за да бидеш сигурна дека нема да имате никакви проблеми. Ние бевме со мало дете од две години, немавме никакви стомачни проблеми како повеќето туристи.
     
    На peperutka8 и aaaaa им се допаѓа ова.
  19. peperutka8

    peperutka8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    5
    Ќе може ли да ми пишете во кои ресорти бевте бо Хургада и дали сте задоволни од храната?
    Планираме сега во Април да одиме и се двоумам дали за Титаник или Pyramisa? Ве молам споделете искуства мнооогу ќе ми значи!
     
  20. peperutka8

    peperutka8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    5
    А во кој ресорт бевте? Ние сакаме со мало бебе да одиме затоа споделете инфо повеќе ако може?