Дефинитивно планирам летово да одам во Египет иако слушам дека политичката ситуација таму не е како што треба. Само имам еден проблем. Не можам да најдам агенција која има понуди за Египет. Баш деновиве на саемот за туризам се распрашував и не најдов. Може ли некој да ми каже агенција која организира летување во Египет?
Еве излегоа сите агенции со понуди за Египет ама сеуште се чекаат одобрување на чартери од Скопје. Сега за сега сите чартери се од Белград. АМА колку е паметно да се оди, сакам и јас да знам
Bi sakala da prasam koi agencii imaat ponudi za Egipet od Skopje, site agencii preprodavaat aranzmani od srpskite agencii.Dali nekoj bil preku srpska agencija na odmor,Bogami srpskite agencii nudat mnogu poveke od nasite a i so cenite se dosta poevtini za sekoja destinacija
Еве еден мој пост од лани, да не го прекуцувам, за Египет и српска агенција се работи За жал, повеќе не ја нудат Таба Спојлер http://www.tabaheights.com/home.aspx?SubSectionID=83&IsGolf=false&SelSec=0&SelSubSec=0 како дестинација (таму бевме), само Хургада и Шарм. Таба е една феноменална затворена град/дестинација од 5 луксузни хотела, голф терени и мало гратче со продавници, и е на 11км од Израелска граница. Отспротива се гледа Јордан, а малце подолу и Саудиска Арабија (во залив е). Првиот пат бевме во Мериот, вториот во Софител. Првиот пат плативме по 450 евра по човек за АИ во соба со поглед на море, а вториот по 550 евра за истите услуги пошто Софител го водат како полуксузен. Оваа дестинација мислам дека ја нема за жал годинава....ама затоа ги има Хургада и Шарм, со прекрасни хотели и супер понуди. Можам се` најпофално да кажам за Египет и да имам можност секоја година би одела на одмор во Таба Нема нешто што нема, АИ кај хотелите од тој ранг е ФЕНОМЕНАЛЕН, детето ако сакаш ти го чуваат во градинка и секоја вечер ги анимираат со музики и играње. Храната е НЕНОРМАЛНО одлична, секоја вечер беше со посебна тема - Медитеранска, Арапска, Кинеска, Мексиканска; луѓето се баааааавни и опуштени, кај нив нема часовници, па не ги ни интересира времето за да брзаат Знаат да ти го направат ќеифот ептен, да се почувствуваш како кралица, плус што каде и да одиш се ценкаат за да те купат (мм будалиот не ме даде ни за 101 камила ) Да сумирам - Египет е прекрасна дестинација, ама исклучиво само во лукс или делукс хотел и обавезно, ама ОБАВЕЗНО All Inclusive - немојте да ве сечи ум и да уплатите ПП, или не дај Боже само појадок - спремете 101 камила за да си го отплатите долгот Можам да ви предложам агенција од Србија, професионални и само позитивни искуства имам слушано - Wаy out Спојлер http://www.wayout.rs/ . Прошарајте ги понудите, и ако некоја ви фати око и сте за сериозно одење, пишете ми ПП ќе пробам да ви обезбедам некаков попуст....
Планирам летово да одам во Хургада- Египет. Совет, насока за однесување, облекување (на пример во Луксор или Каиро), нешто да видам што го нема во понудата на агенцииве, што е најважно да понесам од лекови, храна, вода.... Тенкс однапред
Ни рекоа дека е безбедно, турата што е таму во моментов имаат топ коментари. На база АИ уплатив. Советиве што ги прочитав до сега се топ! особено тие 5 евренца за топ соба Единствено ме плаши Луксор со топлината, оти не се сончам а се имам опремено со тон ленени работи и долги ракави, само не знам обувки какви да понесам И дополнително, има ли место за надеж за шопинг или... да не се надевам премногу?
Bi sakala da Ve prasam preku koja agencija odite ,mozda preku srpska agencija bidejki kaj nas nema let od Skopje.Ova leto jas bi sakala da odam Tunis posto pred dve godini bev Hurgada.Tamu e prekrasno ,moreto e nezaboravno kristalno cisto toplobez branovi,neboto bez oblaci samo sto sekogas duvka topol veter. Luxor ne bev posto bev so dete i rekoa deka e toplo ama blo nezaboravno.Cairo bev , toplo e ama se izdrzuva.Obavezno da nosis nekoe dzemerce ako odis Cairo ili Luxor se patuva od 01.00 casot sabajle so avtobus i dosta e svezo navecer niz pustinata ( jas ne nosev i bogami se smrznavme) Za obuvki za Luxor i cairo bi ti preporacala lesni letni paticinja posto tamo e se pesok niz pustinata, Za shoping nema nisto posebno osven kozata koja e dosta evtina,znaci imas dosta evtini kozni jakni,tasni,novcanici i sl.Za kozni jakni ja preporacuvaat FARAON prodavnicata koja za nijansa e poskapa od drugite dukancinja.Ima 2 prodavnici od faraon vo Sakala na setalisteto I obavezno mnogu cenkanje do kraj koga ke vidis deka veke nepopusta . Ako si vo hotel so 5 zvezicki ne vi treba nisto od hrana.Za lekovi obavezno zemi nesto protiv stomacni virusi, antibiotik nekoj, paracetamol, sinopen krem i sl.(mene nisto ne mi zatreba) Bi ti preporacala da pies samo flasirana voda, i nadvor od hotelot mnogu da se jade Moze da otides na eden den vo EL GOUNA odelo avtobus, inace prekrasno mesto koja ja vikaat Venecija vo Egipet Ako te interesira nesto slobodno prasaj.Ti pozeluvam ubavo da si pomines.
Египет,ко Египет е прекрасен,но како ќе поминете зависи од вас.И ја би да не се јаде секаде и да се искача само сабајле рано,бидејки после е така сончево
Фала ептен за одговриве!!! Едвај чекам да појдам и да се испофалам Ми остана отворено прашање околу превоз од хотел до градот, на сајт пишува дека хотелот е на 5 минути со кола до двата дела на Хургада, ама сепак, убаво е да се има опција за превоз. Читав по нет дека и со таксисти треба да се ценкаш и дека не се најсјајни и дека најдобро е да се оди со автобус, но дека многу рано бил последниот автобус.... Ако имате искуство споделете. И уште нешто- навистина ли пали потплатување на рецепционер, шанкер, келнерна човек што чува лежалка на плажа (демек требало да станеш во 6 сабајле и да ставиш пешкир на лежалка ако сакаш да преживееш)... Тоа малку ме буни, ама слушам искусни А да, летаме од Белград. За во јуни нема од Скопје. А за Тунис читав нешто за од Скопје, ама само 14 дена. Мислам Фибула беше....ако најдам нешто пишам пак
Jas mislam deka podobro ti e so taxi nego so avtobus,tamo ima mnogu lokalno naselenie po avtobusite i ne e prijatno.Ke go prasas vodicot otprilika kolku kosta so taxi do gradot i spored toa ke se cenkas so vozacite.Koga ke se kacis vo taxi obavezno da imas tocno sitni pari po moznost egipetski funti bidejki tie tesko vrakaat kusur i sekogas prvo slezete site od kola pa posle platete ama obavezn pred da se kacite vo kola cenkajte se za cenata.Nikogas ama nikogas da ne se kacite vo kola bez dogovorena cena.Za potplauvanje na recepcioner i kelneri neznam posto bev vo luksuzen hotel kade nemase potreba od takvo nesto i kade sto imase prevoz besplaten do gradot. So koja agencija letuvate ako ne e tajna, pozzz
Фала за советиве со таксито Инаку агенцијата е No limit, прва пат одам преку нив, ама прв впечаток топ
Awl, сега ја гледам понудата од No limit, ама не пишува каков тип на аранжман е - само ноќевање, или само појадок, или само вечера и појадок или се' вклучено. Инаку со таксистите можеш да се ценкаш, а најдобро е да се возите со тие мини комбенца, собираат повеќе луѓе, а се многу поевтини, и ги има на секој чекор. И со нив може да се ценкате и тоа за бајаги поевтино. А јас не видов искрено градски автобус во Хургада , не знам кој успеал да се провози со градски превоз на одмор таму. И имаат прекрасни ресторани и кафичи, ние јадевме на многу места и никаде не сме имале проблем со храната. Исто и со времето, топло е навистина, 45+ степени, ама верувај, не се чувствува, поднебјето има поголема влажност, море во близина, во секој момент би се заменила со 50 степени во Хургада, отколку 40 во Скопје. едит - пишувало до хотелот, сега гледам pp и all, која ќорла сум значи.
Бев во Египет пред две години и супер си поминав, ама сега не одам, страв ми е сега е воведен шериат па ако ‘‘згрешам‘‘ може прсте да ми летне
Ние бевме во Шарм Ел Шеик и колку што се сеќавам не видов јавен превоз, можеби и има. Повеќето хотели имаат организирано мини такси (мали комбенца) кои неколку пати во точно определено време одат до плажа (ако веќе хотелот не излегува на плажа) и до центарот на туристичкото место. Овие се бесплатни, само ќе треба да си резервираш место во нив на време на рецепција. И такси превозот не е лош, обавезно ценкај се, впрочем како и за се во арапските земји. Нас таксито не возеше 6 луѓе, со се него, бевме 7. И сама се чудам кај не собра. Морето е преубаво, нема да згрешиш ако одиш, богата историја, супер плажи, ефтини цени. Единствено црна точка ми беа луѓето. Не можеш на раат да бидеш 2 сек, а некој да не ти диши во врат да ти продаде нешто
^^^Се вратив Супер си поминав, никакви немири немаше, сакаат и бараат туристи. Не беше екстремно топло, турите беа супер, водичот екстра. Ол инклузив аранжманот ми се виде одлично решение. Во агенцијата се договоривме така да биде, имаше опција и за ПП. „Јавен превоз“ има ама треба да го препознаеш, начекаш и да мавташ, во Хургада имаше 2 автобуски само. Се на се супер. Кој се мисли, нека оди