Јас бев сега, моето бебе има 8 месеци, цица, за него си носев каши од тука, и цицаше од таму ни вода не му дадов.Поминавме супер.
И ние сакаме средина на јуни да идеме под сенка бевте издржа малото? Немавте проблеми со температурите?
Јуни може да биде и многу топло, ние бевме затоа во мај, предходно бев на почеток на септември и исто беше супер.Таму дува ветер обично и колку и да е топло е пријатно.
Претопло е во Египет во јуни, лесно се гори, оти немаш осет колку е топло, постојано дува ветерче. Најубав период е април-мај или октомври-ноември.
Колку е големо бебего, понеси си само лекови за таму за секој случај, и пробиотик пијте, земи и за вас активен јаглен и ентерофурил за дијареа и електролити. Таму водата е проблем, има некоја бактерија, ние миевме и заби со флаширана. Таму е преубаво, оди со добра мисла и најубаво да си поминете. Во кој хотел уплативте?
Пробиотик обавезно, вода никако не пијте од чешма, со флаширана мијте лице, заби, при туширање ќе пазите со водата. И пијачките без лед да ги земате, не знаете од каква вода е ледот. Хотелот секогаш бирајте го спрема оценките за хигиена, макар и поскап да е. Јас цела аптека носев, ништо не користев, освен пробиотикот.
Здраво. Некој скоро да се вратил од Хургада да сподели искуства. Во врска со локалните агенции за излети и екскурзии дали ги резервирате од Македонија или таму на лице место можат да се најдат поволни услови. Гледам од Србија туристите однапред резервираат преку ФБ групите па затоа не знам како е подобро. Јас уплати за 24 јули.
Zdravo, isto I jas sakav da prasam za eksukrziite. Gledam preku MK agencii Edna Cena, a preku srpski agencii za 50%poeftini. Dali da rezerviram od Sega, ili tamu na lice mesto da vidam za cenite. Druga rabota sto e so vodata, jas odam vo avgust so dve deca...pa bi sakala nekoj sto skoro se vratil da mi spodeli iskustvo Faka
Здраво, пред 2 години бев во Египет, Хургада. Екскурзиите ги одевме со водич од Египет кој знае перфектно српски. Еве ја неговата страна Www.hurgadaizleti.com , има и страна на фб, може да си разгледате. Има доста искуство како водич, и многу задоволни туристи кои биле со него, исто како и ние! Преку нашите агенции е доста поскапо, можеби и тродупло. Со човекот се контактиравме преку вибер, има бројче на страната и можете да си ги разгледате турите и цените и е доста убаво објасното се што ќе посетите и правите. На српски се договарате секако. Ние му пишевме од ден за ден, и одма враќаше. Не чекаше пред хотел пред тргнување. Многу добар човек, кажува српски шеги, скрос безбедно ќе се чувствувате со него. Само срби и македонци патуваат со него, нема арапи и сл. По пат објаснува се, се е според договореното, едноставно ќе си немате мака! Во Каиро на пирамидите е со обезбедување; се труде секогаш да има слична храна како што сме навикнати да јадиме( без многу зачини итн), иако тоа не е баш возможно бидејќи сте сепак во Арапска земја и храната е таква каква што е.. Ви остава доволно време за сликање (ни малку ни премногу бидејќи е доста жешко). Во Луксур беше уште пожешко од Каиро, носете си многу вода. Може 2-3 литри вода испивме секако тој ден. Автобусите му се големи, доста комфорни и со клима. Тој објаснува се на српски кога ќе пристигните во Каиро и во Луксур, објаснува се што треба и се што е корисно и интересно и битно, нема да е мачно затоа што знае дека е многу жешко и дури и мака ти е да слушаш во моментот . Се возевме и на реката Нил. И уште многу други работи кои може да си ги видите на линкот горе. Бевме на Сафари, парадајс бич, нуркање. преубаво искуство, ако имате можност посетете ги овие екскурзии, може ќе немате друга прилика. За хотелите и храната, нема многу разлика. Не гледам причина зошто би се фрлало пари за скап хотел кога само се тушираш и спиеш во хотелот. Храната е слична сегде, во некои хотели има повеќе избор во некои помалку. И скоро сите го имаат некако тој кич стил Се е многу поефтино од кај нас, сиромашна земја се, давајте им по некој бакшиш за чистење на собите (само така ќе се потрудат малку повеќе да исчистат ) Често ќе ве застануваат и убедуваат да купите нешто. Или пак ќе сакаат само да си поразговараат( да си го вежбат англискиот јазик). ние каде што бевме сместени, дуваше многу ветер на плажата, крпите од лежалките ни летаа и водата беше разладувачка. А слушнав од други дека таму каде што биле, не дувало ветер и водата била ептен топла како бара.. Вода ви носат секој ден во хотелот затоа што не се пие. Ние се туширавме и миевме заби и мраз си ставав во пијачките нема да ви биде ништо од водата. Не се секирајте до толку! Само може да ви стане мачнина ако измешате многу со храна или ако јадите од нивното месо. Се на се, едно поразлично и многу интересно искуство за цел живот.
Здраво феминки Дали некој има искуство со хотелот King Tut Aqua Park Beach Resort во Хургада , цените се прилично ниски за разлика од другите хотели но ревјуата на booking се добри за разлика од други поскапи хотели .