Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одмор во Египет

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од april23, 25 мај 2010.

  1. marsilia

    marsilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2023
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    2.515
    Пол:
    Женски
    Имам некое прашање за чартер летот до Египет т.е багажот. За разлика од wizzair гледам дека багажот е многу поголем што е дозволен за носење.
    Течната шминка (пудра, маскара, течен туш, кармини течни) и шампони, регенератори, креми за сончање и слично дали морам да ги ставам во рачниот багаж и да ги пакувам во проѕирно кесе или може во чекираниот багаж да бидат? Дали за чекираниот багаж колку мл се течностите е пак битно и дали морам пак во проѕирно кесе да ги пакувам?
    Може некој што патувал да ми каже од лично искуство? :D
     
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.321
    Пол:
    Женски
    Please препорака за агенција и хотел за Египет.
    Ве читав нагоре ама ми треба да се снижи изборот.
     
  3. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.784
    Допаѓања:
    25.218
    Пол:
    Женски
    Сестра ми беше преку Фибула во некојси хотел Labranda Royal и е задоволна, особено од храната зашто она најмногу за тоа се плашеше дека е доста пребирлива.

    Бтв, да ве потсетам уште еднаш ако резервирате за Хургада до крај на месецов имам код за попуст преку Фибула, пишете ми.
    Не е реклама, имаме кодови за користење и ги даваме како giveaway, ко воли нек изволи.
     
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.391
    Допаѓања:
    250.151
    Има некој искуство со Шарм, ве читам само за Хургада. И каде е поблиску за до пирамидите? Дали има како опција крстатрење по Нил? И најглавното прашање, Египет со сите екскурзии и бебе од 14 месеци? Планираме во октомври да одиме.
     
  5. Curious cat

    Curious cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2023
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    2.473
    Како се облекувавте додека бевте таму? Со оглед на нивната "култура", ме интересира дали можеш обично ко тука да се облечеш.
     
  6. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    6.223
    Заборавете на екскурзиите, дефинитивно НЕ се за со бебе.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  7. rrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrr Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    173
    Ајде и јас да го споделам моето искуство со Египет поточно Хургада. Бевме 10 дена во средината на јули, просечна температура околу 42 степени, многу топло време, но за разлика од други места воздухот е сув па жештината некако се поднесува. Плажата од хотелот беше преубава, голема, чиста, песочна со огромен број на лежлки и големи чадори за заштита од сонце. Водата бистра, чиста, морето во неколку нијанси на сино.
    Хотелот и повеќе од добар, голем избор на храна, пијалоци, два огроми базени едниот со аквапарк за возрасни и еден специјално за деца. Хотелите, рестораните, продавниците, автобусите и таксито во Египет се супер климатизирани, во тој поглед нема да имате проблем.
    Ние бевме на доста екскурзии: Каиро со пирамидите, Карнак со Луксор, Мега сафари, Парадајс бич и Оринџ беј па ако ве интересира нешто подетално за екскузриите прашувајте. Инаку не ги резервирајте од агенцијата со која ќе дојдете во Хургада, ги нуди потполно истите тури за дупло цена. Одете преку српските агенции ги има доста а комуникацијата е преку ФБ или Вибер. Организацијата им е супер, за ништо не се грижете. Безбедноста е на највисоко ниво тргнувајќи од хотелот па на секаде околу вас.
    Ние поминавме супер одмор, доплго време бев скептик за Египет но сум била во голема заблуда. Земјата е гостопримлива, сакаат туристи и ќе направат се за да се чувствувате барем тие 10 дена како кралеви. Секако за се треба да платите, но за возврат добивате специјален третман, како во ниту една друга туристичка понуда. Барем моето искуство е такво.
    Во поглед на хигиената со исклучок на еден ресторан кој беше катастрофа/најгадниот ресторан во кој сум била, на останатите места хигиената е задоволителна. Во хотелот куварите се сите со капи, ракавици некои дури и со маски, па ние немавме никакви стомачни ниту било какво тегоби, труења и сл. Се храневме исклучиво хотелот и во проверени ресторани, вода пиевме флаширана и во хотелот имаш неограничено вода во шишиња.
    Се на се Египет е одлична дестинација за одмор, и да се одмориш, да пливаш, да уживаш во ресортите и да прошеташ а верувајте има што да се види, древната цивилизација на египетското царство е најбогата во целиот свет. Имајте на ум дека 7 дена се малку се, 10 дена се доволно, но нареден пат мојот избор би бил 13 дена. Многумина прашиваат дали Египет е за одмор со мало дете. Дефинитивно да, нема ништо да ви недостасува, со тоа што некои екскурзии (Каиро, Луксор, Сафари) ќе почекаат додека децата пораснат :D
     
    На scorpias, boomsleng и Hoss Delgado им се допаѓа ова.
  8. Hoss Delgado

    Hoss Delgado Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2021
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Машки
    Имам јас неколку прашања, прво летот видов дека е во 1 часот после полноќ, таму отприлика се стига накај 4 саатот сабајле е сеа дали одма не сместуваат во хотелите или е ко во Европа да треба да чекаш со саати иако си капнат изморен.

    Со која валута работат таму? Долари, евра или нивна валута? Пред време да си спремам ќешарац.

    Околу ексурзиите, таму кој ги нуди? Поточно сам треба да бараш контакт од нив или тие идат и понудуваат? И би сакал на сите ексурзии да одам иако ќе бидам на 10 дена, е сега како е најубаво да ги испланирам за да не ми биди многу мачно, пример прв ден сафари, втор ден Каиро итн.
    И кои ексурзии според тебе не треба да се пропуштат?
     
  9. rrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrr Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    173
    Египет е еден час понапред од Македонија, па околу 8/9 часот би биле пристигнати во хотелот. Обично правилата налагаат на чекин во 14.00 часот, но ние се сместивме во собата во 11 часот, додека алка ни дадоја веднаш и можевме да го користиме хотелот од 8 часот, значи доручек, вода, кафе-се.
    Работат со долари, евра и египетски фунти. Најдобро ти е да носиш долари, тие прифаќаат еден долар едно евро.
    Со агенциите самиот стапуваш во контакт ги има на ФБ побарај Хургада излети и ќе видиш кои цени ги нудат. Одбери ги најефтините бидејќи нема разлика.
    Според мене Каиро со пирамидите и Карнак со Луксор се must have. На пирамидите обавезно земете камила, незаборавно искуство. Е сега овие две се целодневни екскурзии и се понапорни, имај предвид дека Каиро е 600 км а Луксор 400 км оддалечени од Хургада, па помеѓу нив остави барем два дена за одмор во хотелот. Островите се исто целодневни но тие се релаксирачки, се возиш со брод, нуркаш на гребен, се капиш на плажа. Сафарито е полудневна екскурзија. Имаш и аквапарк, пливање со делфини, нуркање со боца, и сл. Ти ќе си одлучиш што сакаш да искусиш.
     
    На Hoss Delgado му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Viki1108

    Viki1108 Активен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2022
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво, сакам да прашам, сакаме да одиме во Хургада преку Ваикики агенцијата ама не сме многу запознаеме, дали освен визата што се плаќа на лице место 25 долари, има и други некои дополнителни трошоци повеќе од сумата што првично ја плаќаме за целиот пакет?
     
  11. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.321
    Пол:
    Женски
    Кога искачаат првите понуди за Египет?
     
  12. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.386
    Допаѓања:
    25.015
    Пол:
    Женски
    Има веќе. Пред некој ден гледав на Сава фул понуди.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ruben-neves

    ruben-neves Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2020
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    407
    Пол:
    Машки
    Не одете ајкули има:D
     
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.321
    Пол:
    Женски
    Дали некој бил во Египет во сопствена режија? и ако да, како?
     
    На Alex.T му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.740
    Допаѓања:
    172.850
    Пол:
    Женски
    Скопје будимпешта
    Будимпешта хургада

    Или од софија 200-400 евра лет
    И од Скопје се слични цените
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Chokoholic25

    Chokoholic25 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    1.515
    Пол:
    Женски
    Едно прашање, каде гледате понуди за Хургада, освен Фибула (цените ненормално виоски)
     
  17. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.321
    Пол:
    Женски
    Само Атлантис немој
    Јас би одела пак ама преку Савана, Фибула
    Цените се горе доле исти сегде. Сега на почеток се повисоки пошто не е топло и сите одат тогаш. Јас бев во најжешкиот период за 600 и нешто € по лице. Ама ретко кој ќе иде на 40+. Ама мене баш ми одговара таа температура
     
    На Chokoholic25 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.246
    Пол:
    Женски
    Ѕирни во Хавана травел, јас бев преку нив пред две години. Плативме со дечко ми околу 550 евра по човек ама бевме крајот на Септември.
     
    На Alex.T, Chokoholic25 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  19. scorpias

    scorpias Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2014
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    4.421
    Пол:
    Женски
    Аурора турс
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lana001

    Lana001 Нов член

    Се зачлени на:
    11 април 2024
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Zdravo, moze predlog za dobar hotel
     
    На Malamila му/ѝ се допаѓа ова.