Мн рано се стемнува, јас бев крај на август почеток на септември во 18.00 веќе беше ноќ. За агенција ја препорачувам Аурора.
Здраво, ме интересира мислење за хотелот Лотус бај дали некој бил и како е, и препорака за добар хотел и плажа во делот Хургада?
моја препорака е за хотел pyramissa, преубав хотел,плажа шеталиште. Лани бевме во бленд клуб и тој е убав имам преубав аква парк ама плажа е подалеку, имаа автобусче што возеше по цел ден,ние одевме со количка во автобусчето, не е толку комплицирано како што звучи ама пирамиса е далеку поубава и плажата и шеталиштето.
Првиот пат преку аурора, а лани преку јк. Аурора се супер организирани а јк ужас, лани ни пропадна еден ден зашто патувавме со денски лет и стигнавме таму околу 19.00ч, првиот ден ни пропадна во пат, катастрофа.
Дечки здраво, Ве молам за совет тие што сте биле, одиме прв пат со малото со авион, а хотелот е Jaz Makadina (ако сте биле споделете искуство)... 1.Дали можам секаква амбалажа да спакувам во чекираниот куфер? ( Бекутан пенливо од 400 мл, за сончање од 270 мл, нешто храна како тегличка за резерва, кеса плазма и смоки, чоколино кеса)??? 2. Дали треба да земеме бројче нивно со сим картичка за интернет? 3. Ме стресира разликата во климата, и тоа што првиот и последниот ден ќе се напорни ( првиот ќе стигнеме рано а ќе чекаме соба до 14ч, а последниот напуштаме на пладне а летот е на полноќ, иако јас ќе барам со доплата да останеме подоцна во соба).
Бевме со малиот и супер поминавме за хотелот конкретно не знам да ти кажам, сме биле во други. Во куфер се можеш да носиш од тоа што си навела, е сега за интернет зависи во хотелот каков е, некаде по нет да најдеш да се расчиташ, мада за сигурно земете си кога ќе слетате картичка. Разликата во климата не е ништо страшно брзо се прилагодуваш ама кај нив на аеродромот климата е на макс и е доста ладничко . За стигањето како што се сеќавам да рано се стига, ама ако сакаш одма да земеш соба пошо со дете ќе бидете дадете бакшиш обавезно при чек ин и ќе ви дадат соба во најбрзо време ако има спремна. Последниот ден соба никогаш не сме доплаќале бидејќи користите се од хотелот додека да си одите, пак цел ден го поминеме на плажа, само пред одење бараме соба за туш и да се средиме( даваат таква соба секаде после одјавување последниот ден) вечераме и чекаме да не земат. Количка сме носеле обавезно па може и да дремне во количка последниот ден ако немате соба и тоа е Убаво да си поминете, јас сум ептен задоволна од Египет, неколку години по ред одиме на одмор таму па се надевам и оваа година ќе биде така
Ако тоа за сончање е за сите, малку ти е, земи си дупло. Во Египет постојано дува ветер и лесно се гори поради тоа, треба почесто мачкање. Сонцето во 10 наутро е ко кај нас на пладне, ама рано се стемнува, во 6 попладне е скоро темно. Ако држи до реномето, хотелот би требало да е одличен. Вода никако да не пиете, при туширање да внимавате да не влезе во уста, заби само со флаширана вода да миете. И да не пиете пијалоци со лед, оти не знаете од која вода го прават. Задолжително пробиотик, јаглен, сирупи против повраќање, можеби ентерофурил. Пред одење земајте сите подолг период пробиотик секој ден, да ви ги припреми стомаците за таму.
Добро вечер, ние сакаме летово да одиме египет на одмор со сите факултативни посети. Па сега ме интересира кој период е подобро да не е пекол август или септември? И ако некој знае која е цената на факултативите од прилика? Ви благодарам.
Како ближи терминот, ме фаќа паника за првиот и последниот ден, малото како ќе издржи... Исто и за туширање, како да спречиме да не се напие при туширање? На малиот му давам од април пробиотик Ваја, а за нас да почнеме провен 5-6 дена однапред? Се мислам 1л тетрапак млеко да му земам во куфер, пие навечер ...?? @scorpias @Annath
За млеко, не препорачувам да носиш тетрапак на овие температури, таму е уште потопло од овде. Има се' во хотелот, нема потреба да носиш. При туширање главата на детето ќе му ја држиш со лицето нагоре, ќе гледаш воопшто да не допре водата до устата. Двајцата со сопругот ќе го бањате, едниот ќе држи, другиот ќе тушира, нема како поинаку. Почнете бар една недела порано со пробиотикот, таму цело време да земате пробиотик, па и кога ќе се вратите тука да продолжите уште неколку дена. Ќе биде во ред, без грижа.
Здраво, Ве молам искуство со хотели во Египет од каде имате позитивни искуства. И дали некој има искуство со Lotus bay resort?
23м има малиот, и не знам дали да му давам од локалното млеко?? Си давала на твоите кога одевте? Матичната ми рече АД ама година веќе не пие АД, може да не го сака, и може узалуд да го купам а 1000 ден е... Ние секој ден сега и таму а и по цраќање, да пиеме по 1 пробиотик провен дневно? Дали комбинирано со нешто друго или доволно е тоа? Ме фати страв да не ми изгубат куфери
Не се мисли толку, а и за водата не е до толку страшно па и таму живеат луѓе, јас сум била 2 пати до сега, еднаш големото синче имаше 20 месеци, и лани бев со бебе од 5 месеци и дете од 5 год.Големово се бањаше и во аквапарк и го туширав и којзнае колку вода излижа па фала богу супер поминавме, јадеше и од таа храна. Во хотел од 5 звезди нема да останеш гладен, има буквално за секого по нешто.Пиевме пробиотик, носев цела аптека за недај боже, и не искасаа комарци лани, предходно кога бевме не.Земи нешто за комарци обавезно.Мн убаво е таму,не се стресирај без потреба, јас пак би одела без размислување.А и зошто мора да пие млеко, еве моево е 21 месец па не пие воопшто млеко, максимално избегнувам да му давам, ретко за вечера во некој брок му давам, ке јаде овошје , зеленчук, лебче, има многу избор и комбинации.немаш потреба од млеко воопшто, а од тоа млеку таму јас сум си ставала во кафе и исто е како нашето буквално, млеко ко млеко, и големово јадеше со житарици.
Bas ti blagodaram! Vo odnos na mlekoto, negovata hrana E ovosje zelencuk, I nekako peciva ne jade bas bas, pa mislev da ponesam 2-3 teglicka za rucek, 1 cokolino I plazma neso smoki??? Za mleko Moze I taka da projde ama NZ Dali da mu davam od tamosnite sokcinja? Za komarci mislev da zemam raid za steker. Hotelot E 5*, prv pat nema da nosam peskiri I postela, osven za maliot peskiri. Kazi mi Kako pominavte prviot I posledniot den, so ogled deka tamu ke stigneme sabajle U 9, sobata E okolu 14, a za vrakjanje napustame na pladne a letot E na polnokj...
Готови каши можеш да носиш, еве ние ке одиме сега во грција ке носам и јас од хип таму.Инаку од момент на пријава во хотелот додека да се сместите во соба почнуваат да ви течат сите услуги, добивате алки и може да си одите на ручек, на кафе,или да си седите во лоби,мада обично брзо ги даваат собите. стави си во ранец облека за да се преслечете кога ке стигнете да не чекаш да стигнеш до соба, а куферите ги зимаат они. Иста процедура е и за последниот ден, се одјавуваш од соба ама до вечер додека си тргнеш сите поволности од хотелот ти се на располагање.Сок исто не е неопходен, обично имаат од оние како лимонади на точење негазирани, јас и големото пиевме, малото пие вода и чај, има и цедени сокови или смути ама тие се со доплата Земи си чајче инстант бекутан и некое хипп сокче ако ти е мисла.Моето јадеше пица, паста, житарки има секакви, обични, чоколадни, шарени, ги јадеше со млеко.има неутрални јадења, прилози,зелнчук на пареа, ориз, печен компир, абе ке најдеш комбинации што ке ги јаде верувај.Ние лани бевме со денски лет стигнавме во 18.00 и првиот ден ни пропадна, ама тоа беше грешка на јк травел они не зезнаа. Убав одмор.
Нема потреба да пие млеко, моето не пиеше, па не давав. Иначе за јадење навистина има се', од пиле млеко, е сега во поголемите ресорти има и континентална храна што не е толку зачинета, па имаш и голем избор. Ништо не мора да носиш, освен основно од аптека, крем за сончање и облека, друго се' има. Пробиотик да, да се пие пред, за време на престојот, и после тоа, за заштита на стомакот.
Ние прв пат го носевме на година ипол и искрено не сме обраќале толку внимание околу водата, детето се бањаше најнормално и пиеше од соковите нивни и храната ја јадеше и милкшејкови и разни глупости и помина добро. Пробиотик мислам дека му давав неколку дена пред да тргнеме, а јас и сопругот не сме пиеле никогаш, а сме биле повеќр пати и до сега не сме имале стомачен проблем. За храна освен грицки и по некое смукалче не сум носела друго ништо за него оти реално има и повеќе од доволно храна и мислам дека нема да бидете ни гладни ни жедни, има и чаеви така да ни тоа нема потреба да го носиш. Комарци нема, барем ние не сме осетиле до сега. За соба ти реков ќе им ставиш 10тче во пасош и нема да чекате до 2 таму со бакшиш се функционира