Мислам дека во Хургада нема немири. Туристичкиве агенции повеќе ја нудат Хургада и имаат поволни понуди, додека Шарм Ел Шеик тешко негде да го најдеш. Се сеќавам јас преклани кога бев во Шарм Ел Шеик, кога идевме накај Каиро, автобусот не можеше да застанува по пат, а и во самиот град имаше полиција на секој чекор. Шарм Ел Шеик отсекогаш бил град полн со тензии и поверојатно е таму да има немири отколку во Хургада. Едит: Како место повеќе би го препорачала Шарм, преубав град, поблиску е до Каиро него ли Хургада, таму се води најдобар ноќен живот, а може да се помине и еден прекрасен семеен одмор. Штета што ради немириве немаат многу понуди за таму. Ако одам би сакала да ја видам и Хургада, ама Шарм си има еден свој навистина посебен шарм
Awl во кој хотел беше ???? И ние сакаме да одиме во септември ама уште му се чудиме во кој хотел ? Ако има и некој друг што бил да предложи некој хотел.... Инаку сакаме да одиме преку српската путованја инфо ... бил ли некој или во нашиве агенции си резервирате
бев во хотел Сафир (http://www.safirhotels.com/), иако од агенцијата не убедуваа за Elises (http://www.elyseeshotel.net) зашто бил реновиран. На гугл мапс ми се виде дека Сафир има подобра локација и подобра плажа и не згрешив. Убаво да си поминете, ако имаш уште некое прашање пиши
Аранжманот не чинеше околу 400 евра со аеродромски такси. Таму потрошивме 130 евра за 3 екскурзии и нешто за сувенири. Не беше скап одморов за тоа што видовме.
Еднаш бев летно време е премногу жешко +50 степени сигурно ако не и повеке. Храната е прекрасна. Има и за шетање јас бев во Шарм ел шејк но мала бев и не се секавам точно на се. Знам дека претпладне од 11 часот се до 5 попладне не се излегуваше од соба на клима седевме и гледавме филмови на ТВ. Сепак убаво си поминав но незнам колку е за мали деца зависи колку мали
Одморот во Египет е многу повеќе од само одмор, и лежење на плажа и печење, барем според мене треба да биде. Во Египет има многу што да се види, посети и доживее, што 10 дена се малку сето тоа се види и да се поужива. Крстарењето по Нил, посететата на пирамидите и прошетката со камили мислам дека се некои од незаборавните работи и нешто што не треба да го пропуштите. Јас бев прилично мала, немаше уште добри апарати па од слики имам многу малку асалани, 2 филма ни се осветлија и ужасно слики излегоа. Така да апарат обавезно носете си, и сликајте колку можете повеќе. И посетете што е можно повеќе работи и активсности. Мене храната нивна не ми беше нешто посебно, но тогаш бев дете па мислам дека тоа беше пресудно за да не ми се свија, повоздрасниве убаво се нагостија. Времето ако е претопло дува некој ветар цело време, и е многу попријатно него што сите викаат, и што изгледа. Баш кај нас на 40 степени е неспоредно топло и нездржливо а таму на 50 е каде каде попријатно. Морска клима. Порано беше многу поефтино за 300 евра имаше аранжман со чарер во хотел со 4 ѕвезди, сега ми се чини цениве се малку посолени. Едно незаборавно искуство е, и мислам дека би одела пак, ако ич не ги сакам мусиманските држави и култури, Египет сепак е нешто посебно. Морете мислам дека беше црвено,едно од потоплите и посолените во кои сум била, рај.
во египет беа едни мои познаници и велеа дека си поминале прекрасно , незаборавно а , не е спорно дека не се излегува надвор бидејќи температурите билееее ехејјјј ногу високи .... не се излегувало надвор
Сум била како помала, прекрасно е, каде и да мрднеш од македонија е прекрасно, никогаш да не ги жалеш парите за патување
Мојот прв пост на форумов после враќањето дома Пред некој ден се вративме од Хургада. Одличен период одбравме, посебно затоа што сме со мало дете, допрва почнуваат вистинските летни температури. Си поминавме преубаво, се одморивме за сите пари. Египет е дестинација за луксузен одмор во вистинска смисла на зборот. И тоа со all inclusive или ultra all inclusive аранжмани, посебно ако сте со мали деца. Во повеќето хотели за деца до 14 години не се плаќа ништо, се плаќа само превозот, аеродромските такси и визата. Немири нема, иако Каиро не е безбеден и не е препорачливо за туристите, кои сепак се пожелни во Хургада и останатите дестинации, пред сè затоа што живеат од туризмот. Кога излеговме од аеродромот на пат кон хотелот бев тотално разочарана бидејќи на сите страни имаше ѓубре, крш и не беше воопшто средено. Претпоставувам дека се работи за дел од градот во изградба (најверојатно новиот дел), па затоа и беше такво. Кога стигнавме во хотелот - друга приказна, како да влегуваш во сосема друга земја. Бевме сместени во Iberotel Aquamarine Resort - идеален хотел за семејства со деца, посебно за малечки. Има 11 базени, два аква паркови за возрасни и уште два за најмалите, песочни игралишта во секој дел, голем број на активности преку денот и вечерта и за возрасни и за деца, така што не е досадно во ниеден момент, па дури и нема потреба да се излегува од хотелот. Храната беше фантастична (јас многу се грижев како ќе биде со малиот, бидејќи е малку повеќе пребирлив, а од друга страна секогаш постои опасност од некоја цревна зараза), имаше голем избор, но беше многу чисто што ми беше особено важно. Персоналот беше многу љубезен и услужлив, 24/7 достапни, за било што, не беа нападни, што не може да се рече за продавачите на сувенири. Ми пречеше тоа што имаше доста комарци, не помагаше Raid средството против комарци (течноста што се става на приклучок во штекер), ниту пак средства против убоди од комарци (Аутан, Бекутан), па чаре беше само тепање на сите комарци пред спиење. Немавме проблем со комарците преку ден, ама затоа ноќе царуваа, јас особено им бев мета, малиов го каснаа два-три пати, а мм немаше гајле. Времето беше супер, температурите беа некаде од 29-35 степени максимум, цело време дувкаше пријатно ветре, што спречува да ја осетиш жештината, па лесно може да изгориш. Сонцето рано изгрева, па затоа уште во 8 часот наутро е прилично топло, ама затоа и рано заоѓа, веќе во 18:30 е темно. Најмногу време поминувавме на плажата, избравме да се бањаме во море, а во базените воопшто не влеговме. Хотелот има убава и пространа песочна плажа која е прилично плитка и идеална за мали деца, песокот во водата е ситен и мек. Имаше и медузи кои беа особено бројни за време на плимата, ама не беа опасни, и самите локалци кажаа, но и ние се уверивме во тоа. Има доста организирани излети надвор од хотелот, ние со мало дете бевме само на прошетка со брод до Рајскиот Остров, и освен тоа, ми се исполни желбата да ги видам коралните гребени. Уживав максимално во нуркањето Пирамидите и сафарито ќе почекаат некој нареден пат. Сè на сè, одличен одмор и покрај некои пропусти на агенцијата. Уште еднаш со српска агенција не би одела на одмор. А поготово не со овие со кои бевме, Санлајн Травел. Иако се дел од Sunshine Holidays од Мароко, се покажаа тотално непрофесионални. Македонската агенција која е нивен застапник (Авиотурс) беше супер, луѓето многу коректни и професионални, што не може да се каже за српската агенција. Штом уплативме, ни јавија дека таксите се покачени за цели 30 евра по човек (значи 100%, што не е во ред), ама тие трошоци ги плати македонската агенција без приговор. Штом ја уплативме целата сума за десет ноќевања (all inclusive), ни јавија дека авионскиот лет ќе биде на 08.05 во 2 наутро (а требаше вечерта во 19:00), парично ни надоместија откако се пожаливме. За среќа, луѓето од хотелот ни излегоа во пресрет и собата ја напуштивме вечерта во 23:00 (инаку нормално треба на пладне, ама кај ќе идевме со мало дете?). На аеродромот во Белград пред тргнување, претставникот доцнеше цели 45 минути, претставникот во Хургада не го биваше за ништо, уште и ни остана должен 20 евра. Ај тоа и не е проблем. Доцневме и на враќање, кога требаше да одиме на аеродромот, наместо на полноќ да бидеме таму, ние одвај стигнавме во еден часот после полноќ, па одговорните на аеродромот се лутеа зошто толку сме доцнеле, одвај се чекиравме, а капак на сè беше тоа што оставија двајца патници во Хургада, оти немало место во авионот. А имаше уште едно празно седиште, плус седиштето на малиот, кој ми беше в раце во текот на целиот лет. Ама толку од професионалноста, поважно им беше парите да ги земат. Како и да е, не дозволивме тоа да ни влијае на одморот. Топло препорачувам одмор во Египет, во all inclusive варијанта. Вистински луксуз, вистински одмор.
^^Тие 20 кој ти останале должни сигурно ги сметале за бакшиш !! јас исто бев воодушевена од самата култура по хотелите ама општо прљаштината по Египед е на ниво мнн големо .... Услуга и екскурзиите кои се возможни да си ги уплатите вредат за секоја паричка !! но немојте да наседнувате на оние кампањите да ве прошетаме во единствените продавници за вистински парфеми или за папируси или што и да им текне од нивните познати или другари или семејства кои покачиле цените со милијарди и имаат 10000 % заработка од она кое го продаваат а можете во лакална продавница за сувенири да си го купите за убави пари... нормални цени ... Хотелските продавници се со 5% поскапи цени од оние кои се надвор ... ВРЕДИ да се види .. не му се чудите на она БАКШИШ моментот пошто им е секојдневие !! **Од мојот одмор АЛЛ ексклузив дури имав и полицаец кој ми побара 2 долари што ме сликал со пирамидата ...** Јавајте камила- интересно е .. и пробајте го убавото солено море со мннн убааа глетка , чиста вода и мнн риби!! Одете во Луксор да видите двата дела на НИЛ ..... најубаваааа екскурзија која вреди парите !!
Ќе ве замолам доколку знаете колку пари е визата за Египет? Бидејќи има понуди од околу 500 евра но без виза. Ве молам за одговор
Мислам дека беше некаде 36 евра по човек. А која агенција нуди таков аранжман? Во повеќето што ги гледавме пред да одиме на одмор, во целокупната цена беа вклучени визите, таксите и превозот. Инаку, знам само дека граѓаните на БиХ мора сами да си извадат виза во амбасадата на Египет во Сараево, а ние останатите од Балканот ја добиваме при пристигнувањето на аеродромот (ја лепат во пасош и удираат печат на лице место). EDIT: виза +аеродромски такси = 36 евра по човек (дете или возрасен, неважно). А само визата колку чини, не знам точно.
Кога бев во 2007 год. визата чинеше 10 долари, на лице место ја ставаат и тоа е тоа. Многу убав одмор може да се помине во Египет, мене таа година аранжманот ме чинеше околу 345 евра, тогаш беше многу поевтино. Турите исто беа релативно евтини - 20 евра беше за сафарито во пустина, 25 за нуркање, и најскапи беа Луксор и Пирамидите - по 45 евра. Не отидов само во Луксор, немаше да ми стигнат пари и чувствувам дека ќе се преморев. Бев во хотел со 3 ѕвезди, на база ПП, појадок и вечера шведска маса, јадењето беше преубаво, персоналот беше многу љубезен, чисто, мирисно, што да кажам, можам да замислам како е во хотели со 4 или 5 ѕвезди. Плажата приватна, само за гости на хотелот, со бесплатни чадори и лежалки, малечка додуша, ама сепак имаше простор за сите. Ручавме надвор во центарот, преевтино, овошни коктели, сладоледи се` беше за некои смешни суми, прекрасни сувенири, расположени за ценкање, атмосферата е одлична. Инаку се возевме или со такси или со мало комбе ако бевме повеќе луѓе, возат како луди, дури и со таксистите има ценкање. Има многу да се види, прекрасна е Хургада, имаат и одличен ноќен живот, тоа ми е еден од најдобрите одмори. Сафарито ми остана најомилено, најубаво доживување, Пирамидите не ми го оставија впечатокот кој мислев дека ќе го имам откако ќе ги видам. Сега знам дека аранжманите се поскапи, но вреди, само јас би одела со all incl. зашто мачење е да немаш се` на дофат - де вода, де сладолед, а вака имаш вклучено се` и сешто. Одмор во Египет - препорачувам. Водата и плажата се рај. Совршено.
Цените се дефинитивно повисоки годинава. Ама во секој случај, вреди да се посети Египет. За сите пари. Пример, за излетот со нуркањето плативме 40 евра по човек. Останатите цени беа од 25-50 евра, зависно од излетот што го сакате. Најевтино е шетањето низ Хургада, ама и онака, превоз има на секој чекор, само треба ценкање. Секој ден од хотелот имаше организиран превоз до центарот на градот (т.е до стариот дел). Излетот до Каиро беше најскап, ама и најдолго трае, но секако, не препорачуваат да се оди во главниот град. Луксор беше далеку за со мало дете (4 часа возење во еден правец), па го пропуштивме и тоа. Тоа и сафарито го оставивме за некој нареден пат Хотелите се чисти, дури и премногу (на мм не му се веруваше дека јас од фанатик за чистота таму бев толку релаксирана), храната е фантастична, секогаш свежо припремена, и има доста голем избор, за сечиј вкус. Дневни и вечерни активности има дури и премногу, и за деца и за возрасни, од разни спортови на вода и на суво, се до спремање претстави, рецитали и скечови (ова последното за децата). Сите се љубезни и ненападни, просто да ти е мило да си направиш муабет со луѓето. Башка, поинтересен си им ако знаеш некој арапски збор, а ние изгледа бевме прилично интересни, оти мм си го „вежбаше„ познавањето на арапскиот јазик, дури и јас научив по нешто Продавачите на сувенири знаат да бидат досадни и напорни, со нив треба малку построго. Се ќе ти кажат само за да ти продадат нешто, какви комплименти лупаат, овие фразите за смувување што се изнапишани тука на форумов се ништо во споредба со тоа што го слушнав таму Како и да е, ако се решите за одмор во Египет, со топло срце ви го препорачувам. И уште нешто: ме советуваа да пиеме превентивно секој ден по едно јагленче (мед. јаглен), меѓутоа, бидејќи не знам како би му го дала на син ми без да плука, а и не е дозволен за деца под три години, не пиевме. И фала му на Бога, немавме никакви здравствени проблеми. Ако се придржувате кон тоа да не ја пиете водата од чешма, немате гајле за останатото, се разбира, ако сте во хотел кој обрнува прилично внимание кон хигиената кога е во прашање храната. А верувам дека сите внимаваат на тоа, сепак важни им се туристите.
Претпоставував дека цените се покачени, значи ќе треба да си одвоиш уште 200 евра екстра за убав провод, но пак ќе кажам дека ВРЕДИ навистина. Има што да се види и доживее, мислам дека поголемиот дел од луѓето имаат многу погрешна идеја за Египет. Од Хургада до пирамидите има 9 часа пат во еден правец и е навистина напорно, прашливо, но прошетката во Каиро е преубава, крстарење по Нил, посета на парфимерии и продавници и работилници за папирус. Моите беа една година после мене, 2008 уште похрабри од нас, ние уплативме тури со луѓе што ни ги препорача самата агенција кога имавме состанок во хотелот, а моите со уште неколку парови - директно во локални туристички агенции. Која храброст, па се ценкале и за тие тури, ама кога видов слики некако подобро поминале, виделе повеќе (башка поевтино), само навистина треба да се внимава, да не се некои преваранти и лажговци. Продавачите после некое време стануваат напорни, точно. Мене ме предупредија дека во Турција биле оток, очигледно не се запознале со Египќаните. Се вратив натоварена со папируси, масла, парфеми, марами со парички и дел од нив ми беа буквално подароци од продавачите. Еве мал дел од мојот албум, плус сум штракнала и дел од менито со соковите и коктелите, па можете да ги видите цените тогаш какви беа Најскапото нешто - 14 египетски фунти чини 95 денари.
Annath затоа што си била сега во Хургада кажими има ли некаков ноќен живот или повеке го препорачуваш за фамилија. Прочитав дека си била со мало дете па претпоставувам дека многу не сте излегувале, но ние сме четворица мешан состав и само пријатели, и е моја инцијативата да одиме за хургада, па кажими темолам да не ги разочарам сите.Обично до сега секогаш бираме дестинации за журкање, иако сме над 27год сепак воопшто не сме сериозни. Ова друштво до сега бевме на Хвар ,и на Скијатос заедно и си поминавме топ. Незнам дали Хургада Е дестинација за НАС. И уште нешто дали ке ни бидат доволно 200еур пари за таму- во нив вклучувам њуркање, пиење и посета на пирамидите, или ке треба подобро да се потковаме. Како стигнавте до Белград ние планираме да си резервираме такси кое ке не однесе и врати назад само незнам за која сума одат,знам дека автобуска карта е 2240 ден повратна ама не ми одговара терминот на стигнување во Белград поздрав