За ноќен живот дефинитивно Трендафилка ќе ти каже повеќе, пишуваше дека е прилично задоволна од тоа како си поминале, иако била пред неколку години таму. Сега мислам дека е уште подобро. А верувам дека има добар ноќен живот, слушав неколку парови од хотелот како се фалеа. Цените не ги знам, ама мислам дека ќе треба да носите повеќе од 200 евра со вас, пожелно долари (не дека немаат евра, ама во арапскиот свет доларите повеќе ги ценат). Сега гледам дека сум пишала оти нуркањето го плативме 40 евра по човек - грешка, долари беа. Значи излетите имаат цени кои се движат од 25-50 долари (не евра). Еден долар е околу 8 египетски фунти. Не знам како се движат цените во рестораните и баровите, бидејќи реално, кога излегувавме од хотелот не одевме да пиеме или јадеме на друго место, не ни се ризикуваше, ама кога и онака имаше се во самиот хотел, зошто да трошиме пари надвор? Ако сте со all inclusive варијанта, можеби би ви биле доста да имате плус 200 евра, ама имајќи предвид дека сакате да излегувате, ќе ви требаат пари за превоз, за пијалоци, евентуално јадење, сакате да одите на излетите, некое сувенирче да купите, бакшиш да оставите... подобро е да носите повеќе ако сте во можност, оти од вишок глава не боли. Не мора сите да ги потрошите. Ако сте со друга варијанта, само со доручек, или со доручек и вечера, тогаш 200 евра дефинитивно ви се малку. До Белград отидовме со нашата кола, ја оставивме во гаражата на аеродромот, при што плативме 70 евра за 14 дена (колата беше таму десет дена, ама немаше таква опција за плаќање).
Коловоз, ноќниот живот во Хургада беше ОДЛИЧЕН, и тоа 2007, можам да замислам како е сега. Имаат дискотеки лудница, половина од нив излегуваат на приватна плажа, се сеќавам имаше внатрешен дел со сепареа со балдахини, свилени завеси, што ти знам, во една имаше кревети. Буквално кревети значи во еден дел, да подлегнеш троа, да испружиш нозе или нешто друго ако ти се прави Во Ministry of Sound се сеќавам плативме 10 евра влез, ама журката беше феноменална, со 3 пијачки гратис и шутери постојано за жените, поголем дел имаат Girls night out (постојано) , па жените ќе бидете мирни и згрижени. Музиката им беше тогаш повеќе хип хоп и поп, ама имаа постојано и диџеи со дупци дупци, сега верувам тоа е уште повеќе во експанзија. Се пикнувате во мало комбенце, претходно се ценкате нормално, се возикате во делот со дискотеките, буквално врие народ, градот не стивнува никогаш во централното градско подрачје. Пивото им е водичка, не се лажете ич. Не знам искрено дали 200 евра ќе ви стигнат и за тури и за излегување. Да се само за излегување веднаш ќе ти кажев категорично ДА, и кусур ќе си вратиш. Ама еве мене турите ме чинеа - 45 евра Каиро (толку беше и Луксор), 25 евра сафари, 20 евра нуркање. Сега се деф. поскапи, за 10-20 евра сигурно. Би те советувала ако имаш да си земеш барем 300 евра. За секој случај. Еве една сликичка, колку да се увериш во делот со креветите. Луди се скроз.
Ова беше нашиот хотел, конкретно главниот базен каде што имаше најмногу гужва Трендафилке, немаат само во дискотеките кревети, имаат и по плажите еве пример (занемарете ја камилата, гледајте во позадина ) Еве конкретна слика од нет какви кревети имаше на нашата плажа, ни во соба не мораш да одиш, може квалитетна дремка да удриш кога ќе ги спуштиш „завесите“ никој не те чепка А туристичките такси мислам дека беа вклучени во цената на аранжманот. Никој не ги спомна посебно. А во целокупната цена беа додадени визите, аеродромските такси и превозот.
фала девојки мене ме убедивте , од вас заборавив да мислам на работата-патувајте сонувајте правам и на работно место сега уште да си го убедам друштвото т.е. машкиот дел од екипата, зашто ми се малку скептични им е страв да не нема жени за нив таму , поради менталитетот да не им се случи нешто зошто се стварно многу слободоумни, па и мене ми е страв за нив ... ке ви пишам што сме одлучиле фала на сите за долгите постови
Здраво, и ние оваа година сакаме да одиме во Хурхада во Хотелот ТРИТОН на база алл ин. Прво сакавме да одиме со Аурора со чартер од Белград, меѓутоа сега се двоумам за Итравел српска агенција, која нуди далеку подобри услови.
Sonce, јас само ќе ти препорачам убаво да ги разгледаш понудите. Во периодот кога ние баравме поволни понуди за Египет (март годинава), немаше од нашиве агенции, само преку српските. Инаку, Савана и Аурора може да ви средат аранжман, само да им кажете за кој период и за кој хотел сте заинтересирани, па можеби и ќе ви средат нешто. Инаку, друго што ќе те советувам - задолжително на TripAdvisor провери ги хотелите за кои си заинтересирана, многу значи мислење и искуства до луѓе што биле во тие хотели, па одбери го најдобриот. Нашиот хотел беше фантастичен, тука немам замерки, ама луѓето од агенцијата (Санлајн Травел) не беа баш професионални, за разлика од македонскиот посредник (агенцијата АвиоТурс) кои беа коректни и професионални на секој можен начин. За Итравел не знам да ти кажам, ама можеш да провериш по српски форуми за искуства со нив.
http://www.alfatour.bg/ види дали можеби ке ти се допаднат нивниве понуди ... летаат директ од Софија и јас имам прееее убаво искуство со нив ... Се на место и навистина прекрасно !! Искрено незнам дали уште им е интерена релација Египет .. знам дека соработуваат со РУСКА агенција и за тоа имаат многу добар одзив таму .. еве ги цените на екскурзиите кои ги нудат од таму Спојлер http://www.alfatour.bg/?destination&id=62 Хотелот во кој бев јас е Alf Leila Wa Leila Спојлер http://www.hotelscombined.com/Hotel/Albatros_Alf_Leila_Wa_Leila_Hotel_Hurghada.htm да видите некоја сликица од таму
Јас сакам да прашам какво е морето Затоа што на слики ми изгледа убаво, ама на сликиве и слабо некој да се бања Топло тоа сигурно верувам е, чисто е, убаво е? Имам читано и дека е доста солено...
Топло е кравче, ама никој не се бањаше, оти плажата на хотелот кај што бевме е мнооооогу плитка. Кога е плимата во ек, водата достигнува до половина лист на ногата, а кога е осека, знае да има и суви островца. Затоа за деца е идеално. Ние имавме среќа што хотелот до нашиот не работеше, па ја користевме плажата без проблем, таму можеше да се плива и да се нурка дури, имаше корални гребени на дното (малечки секако). За чистота - искрено, знаеше да биде валкана кога ќе надојдеше плимата, ама затоа што ние луѓето сме прилично несовесни - буквално секакво ѓубре се фрлаше во морето, од пикавци, најразлични пластики и лименки, се до храна. Тоа ме разочара. Ние кога бевме вака беше последните два дена, пред тоа беше чисто, само знаеше да биде заматено од ситниот песок кој беше како тиња. Има и медузи, ама не се опасни, немаат пипки. Еве ти слика за пример колку беше плитко, гледај ги луѓето. Плажава беше плитка километар-два, а после веднаш е длабоко, ама не е безбедно за газење, инаку, може да се плива, само беше многу далеку.
леле Annath и ние бевме во истиот хотел лани , преубаво беше баш би сакала да се вратам хотелот беше фантазија, до душа малку поскап беше од другите хотели ама пак се што е убаво се плаќа
Нели е прекрасен? А бе фантазија, што помислиш, што посакаш, ќе добиеш. И не беше нешто многу поскап од другите хотели со пет ѕвезди, од некои кои беа поскапи дури и подобар беше. Јас го избрав според искуствата што ги прочитав на Trip Advisor и воопшто не зажалив. Уште два хотели идеа во предвид, во Сома Беј, ама тој што ни беше прв избор, беше на stop sale за цела сезона. А вториот имаше многу лоши критики, не само на Trip Advisor, туку и слушнав лично од гости во тој хотел кога бевме на крстарењето. Како и да е, моја најтопла препорака за Iberotel Aquamarine Resort. Вреди за секој денар. P.S. Се сетив дека на Саша од Аква Центарот му ветив дека ќе му најдам жена од Мк Некоја заинтересирана? P.P.S. just kidding, типот е женет
Здраво, имам одено досега два пати во Египет, еднаш во март и еднаш во август. Температурата за секој различно, ама во глобала нон стоп има благо ветарче и не можешни да почувствуваш дека се потиш. Најчесто одмаравме во периодот од 2-4, а ако одите во луксор или каиро или сафари е тогаш е баш топло. Инаку нашиот водич не советуваше кога бевме во каиро, луксор и сафари да си носиме некоја тенка косулка со долги ракави обавезно а може шорц или сл и обавезно затворени обувки бидејќи сепак песокот е врел не можеш да одиш во апостолки. Јас два пати бев во ист хотел, desert rose во хургада на база аи и без пет евра во пасош добивавме како унгалов со две соби и купатило. Хотелот е сон: има три базени еден со бар во него еден олимписки еден со затоплена вода зимно време и плуз мало базенче за деца. Имаше и посебен залив кој беше опколен со мрежа за да нема опасност. Вработените се многу гостопримливи а на собарите со малку бакшиш ќе добиете неверојатно чиста соба. За храната има за сечиј вкус. Никога не купувавме од надвор бидејќи немаше потреба. Обавезно се пијат апчиња за да се спречи стомачен вирус уште од првиот ден а активната компонента е како во нашиот ентерофурил. За екскурзиите: обавезно да се оди во каиро 1. Во музејот можете да ги видите речиси сите работи што биле во гробницата на тутанкамон, многу предмети, и ако сакате да доплатите може да видите и вистински мумии на некои фараони. 2. Сфингата е феноменална 3. Пирамидите е неверојатно искуство да знаеш дека се толку стари и пак ако сакате може да доплатите и да влезете во пирамидата, јас влегов во средната и да тоа е само еден ходник многу тесен, не е за клаустрофобични личности, НО фактот дека се наоѓаш во нив е НЕЗАМЕНЛИВ. 4. Во живо да видите како се прави прочуениот папирус И во луксор има многу работи да се видат но навистина е многу топло. Нурканјето е истотака добар избор бидејќи морслиот свет на црвеното море е одличен. И за крај имам одено и на сафари и е фасцинантно! Крајно, ВАЖНО е да знаете дека египет не е само место за сончање и бањање. Тоа е едно историско богатсво со многу многу интересни работи и ако не ве интересира животот на Египќаните од пред толку мн години подобро ида не одите. Во мојата група имаше едни да ги наречам пувала : пирамидите биле досадни само камења наредени, глупостбило да се влезе, музејот бил ништо посебно и сл работи кои ме исфрлаа од такт. Како и да е планирам да одам пак само ми е страв за немирите, а хотелот desert rose прелу аурора сега е за замо 490 евра за all i clusibe Ako go interesira nekoj nesto plus pisete
Шарм ел шеик 2008 По одвратен одмор не сум имала,хотелот беше одличен ( 3000 евра го плативме,како нема да биде) морето катастрофа,значи одвратно на почетокот беше премногу плитко(под колена),понатаму имаше отровни корали,риби што касат,ежови и разни други глупости,понатаму беше 25 метри длабоко и водата мраз ладна,значи морето само го гледавме,дури еден ден коа стоеа сите на платформата дојде и ајкула ,среќа немаше жртви. Цел одмор го поминавме на шанкот и во базентот....Кога се вративме во Скопје,јас татко ми и сестра ми добивме инфекција од базенот на ушите,цело лето го поминавме у болница... Совршен одмор нели ? Немојте да се лажете,не одете во шарм ел шеик,освен ако сакате целиот одмор да го поминете во базен со 2000 луѓе
Jas bev vo Egipet Hurgada vo mesec Juli 2010 godina preku Fibula,si pominavme prekrsno. Vo Egipet ima navistina sto da se vidi, nie bevme vo poseta na peramidite vo Kairo, na rajski ostrov na koj vodata bese kristalna, na safarito navistina bese prekrasno i nezaboravno kako i javnjto kamila. Isto taka mnogu me voodusevi lubeznosta na lugeto a nekoi msto vikaat deka se dosadni so se cenkaci golemi mene mi bea interesni. Spored mene vo Egipet ima sto da se vidi Egipet za mene bese 11 dneven odmor ispolnet so nezaboravni avanturi i prosetki sto nikade nema da gi dozivete. Vi preporacuvam da odite vo Egipet ke si pominete prekrasen odmor.
Zdravo strowbery, nie planirame da odime na kaj septemvri ovaa godina Hurgada, ke odime preku agencijata argusturs-http://www.argus.rs/ definitivno od site nasi i srpski agencii ovaa ima najpovolni uslovi za letuvanje. Koga razgledav podobro niz hotelite Old Town Sahl Hasheesh mi odi napamet i ima mnogu dobri preporaki od booking i tripadvisor, a preku ovaa agencija e najpovolen. Dosta dobar hotel, samo malce situacijava me plasi... pozz