Мене ме интересира колкуотприлика чинат екскурзиите,конкретно Сафарито посетата на Каиро како и нуркањето. Да не ме карате дека не сум вратила неколку страни назад,ги видов цените од Трендафилка ,но со оглед на тоа што она била 2007 ме интересира и некој што бил последниве 2-3 години колку платил Сеуште сме во мисла дали да одиме,страв ни е од немири иако не ми се верува да има некакви проблеми во Хургада.
Околу 1500 евра цел одмор за 5 особи , 10 дена бевме.Авионските карти ни се погодија тогаш поефтини, но и таму небеше мн скапо.Со оглед на тоа што беше хотел со 5* јадење пиење колку сакаш..Екскурзијата до Каиро по 10евра беше за една личност тогаш..сега можеби е сменето
Нема немири во Хургада 100% имам едни пријатели таму се веќе неколку дена и се фалат коллу им е преубаво
Баш би сакала да ја посетам Хургада. Намногу ме загрижува температурата, препорачливо ли е да се оди јули или август?
Јас кога бев пред 6 години, во Шарм Ел Шејк, бевме при крај на јули, почеток на август. Беше топло да, но не беше нешто неподносливо. Само дента кога отидовме во Каиро, на еднодневна прошетка во посета на пирамидите, навистина беше претопло. И ден денес памтам, се топев мислам на сонцето. Можеше да се влегува и внатре во пирамидите, каде што беше неподносливо и 10 секунди да се остане. Знам една жена се онесвести. Но главно во Шарм ел Шејк не беше волку, беше супер, но не се изложувавме на сонце од 1-4 ,затоа што каде и да си во тоа време е претопло, а и сонцето штетни зраци пушта. Мене потопло ми беше во Тунис,неподносливо топло, одколку во Египет. @gagic @Aerial
Во Хургада постојано дувка ветерче, па не се чувствува многу жешкото. Пред две години ние бевме крај на април, почеток на мај, беше прилично топло, ама не жешко и неподносливо. Максималната температура одеше до кај 30-32 максимум. Веќе кон средина на мај започнуваат вистинските летни температури. Но како што кажав, во Хургада постојано дува, па жештината е поднослива. Само внимателно, многу лесно може да изгорите. За другите места не знам. Логично е да е потопло во Каиро, или пак во Луксор, ако одите да ги видите пирамидите. Колку сте повнатре на континентот, потешко се поднесуваат жештините. Ќе си носите лесна облека во светли бои, капи и марами задолжително.
фала ти многу се надевам ке го издрзам топлото колки време се патува од хургада до пирамидите и дали со евра мозе да се плака?
Ако го избегнувате тој временски период од 12.00 - 16.00 како што ви напомена @mirandaa, се издржуваат температурите и е подносливо. Е сега ако сте по шетање со тури, а да отидеш во Египет и да седиш во хотел е за мене непојмливо, тогаш ќе си подготвите со долги ракави некоја светла кошула, шапка со поголем штитник и обавезно намачкани со висок заштитен фактор. Вода да не споменувам колку е неодходно секаде да си носите !! Јас и дома летен период пијам 3 л., а таму мислам дека 6 л. ги мавав како ништо. Мене во Анталија ми беше по мачно со температурите.
Само со долари може, еврото баш и не проаѓа. Од Хургада до Луксор има околу 3-4 часа возење во еден правец, а до Каиро има околу 6 часа возење во еден правец. Ние не отидовме на тие тури, бидејќи бевме со детенце од две години, тоа е пренапорно за него. Има и сафари и крстарење со брод до Рајските Острови, со нуркање кај коралните гребени. На крстарењето бевме Да надополнам, вода обавезно! Било каде да одите, вода со вас мора да имате. @Abrakadabra, во Анталија влажноста на воздухот е поголема, во Египет не е толку изразено, посуво е.
И од Шарм Ел Шеик до Каиро патувавме едно 6-7 саати. Знам имаше тури од хотелот секој втор ден, се тргаше рано сабајле во 3-4. Во цената за картата автобуска влегуваше и еден оброк од хотелот за по пат.А таму ,во Каиро ,си плаќаш се сам ,влезот во пирамидите, во музеот, возење со брод и сл. А инаку се сложувам со @Abrakadabra во Анталија беше значително потопло, а и воздухот беше многу влажен.
Ви благодарам многу за советите Многу би ми било мака ако отидам во Египет да не ги посетам пирамидите, дали имаше некои тури од Хургада до таму со авион и дали е исплатливо? Инаку пирамидите, нуркање, Луксор и Рајските Острови се туди кои дефинитивно морам да ги реализирам
Тури со авион колку што знам немаше, ама и возењето се издржува, ако си во друштво. Јас би одела да не бев со мало дете, а во секој случај во план ми е повторно да отидам во Египет, па сигурно тогаш би ги посетила пирамидите. Турата до Рајските Острови го вклучува нуркањето кај коралните гребени, тоа е нешто што мора да се доживее, барем според мене (сон ми беше да станам истражувач на морските длабочини ) Имаше и сафари тури, ама не знам како се одвиваат.
Нудат локалните агенции авионски аранжмани, само нашите обично си се држат до агенцијата со која трнале од дома. Јас доцна најдов добра понуда за Петра преку локална туристичка агенција, ама немав време ...многу ми беше криво што ја испуштив можноста.
дали некој бил во мира мар хотелот ? во ни еден хотел нема бесплатен wi fi сегде ли се плака знае некој
Секаде се плаќа, додуша повеќето хотели имаат интернет кафеа, па таму може да си користиш интернет по потреба. Скапо беше, не знам зошто така. Ама искрено - не ти треба. Нас одморот без интернет ни беше прав одмор. Воопшто не ни недостигаше А конкретно за хотелот, ако те интересира каков е, читај reviews на tripadvisor.com.
Знаете ли дали сега има немири дали е безбедно да се оди? Има некои понуди од агенции со чартери..и ме интересира од каде ви е таа (дез)информација за пиење апчиња во Египет,зошто треба да се пијат апчиња,кои се тие апчиња,дали се проверени..мене не ми е сигурно да купувам апчиња од Египет затоа прашувам..Како се движат температурите..јас лично не поднесувам многу топло,еве денес и вчера во Скопје не можев да преживеам а Јуни сме уште..Пишете..поздрав
@jloves, безбедно е, ние кога бевме имаше немири и безредија, ама не беа толку интензивни како претходните години. Не беше препорачливо да се оди во Каиро, ама сепак одеа луѓето. Туристите беа безбедни барем како што видов. Апчињата не мора да ги пиеш, ние не пиевме ништо, ама сепак бевме во хотел со 5*, се вклучено, надвор од хотелот не јадевме воопшто, водата од чешма не смееше да се пие. Ако внимаваш што јадеш и што пиеш, не би требало да имаш проблеми, ама никогаш не се знае. Препорачуваат превентивно секој ден да се пие медицински јаглен. Аптеките во Египет не се обични маалски аптеки, барем овие што се по хотелскиве комплекси се стварно супер снабдени, нема што нема, не дај Боже да ти затреба нешто. Што се однесува до температурите и климата - топла и сува клима со високи температури. Ние кога бевме, крај на април, почеток на мај, максимумот беше до кај 32 степени, а веќе кон средина на мај започнуваат вистинските жештини. Топло е, прилично потопло од тука, ама се поднесува, барем во Хургада. Погоре имам пишано, постојано дувка ветерче и не се осеќа жештината, па лесно се гори. На плажа или покрај базен до 10-11 часот максимум, после накај 15 часот може пак (порано се стемнува и порано опаѓаат температурите). На турите се носи лесна облека во светли бои, капи и марами задолжително и многу вода со тебе.
@Annath fala ti za ubavoto objasnuvanje..Jas pak za apcinjata ke te prasam..prethodno procitav nekoi apcinja sto se kupuvale tamu,ne mi teknuva koe im bese imeto..pa zatoa prasav..Ako znaes nesto poveke za toa pisi mi..Vo vodata ima li mnogu ziv svet? I me interesira kako i za kolku vreme se stiga do safari,koja e cenata? Ima li od kade da se rentaat four wheelers ili ne znaes nisto okolu toa? Izvini sto te napadnav so prasanja haha
Не знам за апчињата, јас си носев медицински јаглен, впрочем се си носев од тука, и фала му на Бога, ништо не ни затреба. Ни превентивно не го пиевме јагленот, хотелот беше премногу чист. Жив свет во водата има, особено на крстарењето убаво се гледа. По крајбрежјето има корали, риби, школки и медузи, ама овие последниве не се опасни, немаат пипки. За сафарито не знам да ти кажам, како ни за рентањето на four wheelers. Напишав претходно дека бевме со мало дете, па повеќето тури отпаднаа поради тоа (освен крстарењето).