дечки ги гледав понудиве од нашиве агенции и од српскиве и од белград да леташ е поефтино со се вклучено има некој искуство еве гледав преку контики травел
Девојки на турите одевте преку организација на агенцијата со која сте отишле во Хургада или преку локалните агенции?
Сите агенции имаат претставници во градот, и тие ги организираат турите, веројатно преку локални агенции. А сами да бирате преку која локална агенција ќе одите, мислам дека не може. Во секој случај, вака ви е подобро, претставникот на агенцијата само ќе ви каже кога има тури, вие ќе си кажете на која сакате да одите, си резервирате место и си плаќате, ќе ви кажат датум и време.
Zdravo devojki ke ve zamolam.za informacija dali bil nekoj vo.hurgada egipet godinava, kakva e situacijata dali ima neredi? Bidejki sakame da odime no nekako jas se mislam na dva uma sum bidejki mislam deka situacijata ne e bas sjajna, gi cekam vashite odgovori
Ние бевме вo екoт нa нaјгoлемите нереди, кoгa гo менувaa претседaтелoт. Финo пoминaвме, aмa секoгaш пoстoи ризик oд терoристички нaпaди. Сепaк туризмoт им е примaрнa дејнoст, пa не се oсудувaaт дa си гo нaрушaт ренoметo. Сaмите хoтели имaaт се, скoрo и дa немaш пoтребa дa излезеш oд нив, oсвен зa шетaње, a зa шетaњетo мислaм декa ќе си имaте oбезбедувaње. Кaкo и дa е, периoдoв штo следи е супер дa се oди вo Египет пoрaди климaтa, вo летo е премнoгу тoплo.
Некој ќе оди годинава? Гледам Аурора имаат доста избор на хотели и пристапни цени. Безбедно е за одење?
Брат ми беше во декември 2017год во Хургада преку српска агенција, леташе од Белград, немаше никакви проблеми. Јас сум била во Шарм ел Шеик со Аурора во 2009 год и супер беа со организација тогаш. Мене Египет ми е преубав.
Искуства за Хургада преку Аурора.. и хотел од кој имате позитивни искуства, да споделите нешто ако некоја била лани
Преку Аурора не знам, ама од срце го препорачувам Jaz Aquamarine Resort (поранешен Iberotel Aquamarine). Минус му е што нема убава плажа за бањање, ама се друго има, што и да посакаш.
Летово планираме Хургада.. Во хотелите е безбедно меѓутоа колку се безбедни екскурзиите до Каиро и Луксор? Со која авио компанија се лета и дали летовите се безбедни?
Искрено,незнам со кој памет одите во Египет,има далеку побезбедни дестинации.Па лани имаше напад во Хургада и убиени туристи,вредат ли толку примамливите понуди за ризикот?
За нападот во хотел ли мислиш? Ако збориме за истото, убиец преку морето, кое патем е релативно заштитено, препливал и преку плажа влегол во некој ресорт и таму заклал неколку туристи, 3ца ако не се лажам. Никој ништо не може да ти гарантира дека нема да има терористички напад врз авионот или аеродромот. А и темературите се превисоки, УВ зрачење високо, јас никогаш не би отишла толку блиску до екваторот преку лето.
Да,за тој напад мислам.Не се секавам колку беа убиени,но имаше и српски туристи во ресортот,"нашиве"упорно го работат Египет ,а таму никој не може да гарантира безбедност.
Речиси сум сигурна дека имало и македонски туристи, а со сигурност знам дека и после случката, луѓе повторно отидоа во Египет. Доколку не во ист, во ресорт близу оној каде што се случил немилиот настан.
И што? Ако треба да умрете може и во терористички напад сред Берлин да загинете.. Или на Менхетан.. или некоја турска плажа.. Шетајте и уживајте додека можете и не мислете на терористи..