Не знам од кај ги копате информацииве,ама сигурно не ОД ПРВА РАКА.Бај д веј-не беше терористички напад убиството на ДВЕ туристки туку сосема десета приказна.А посебно делот со го препливал морето и убил"неколку туристи"...П.С не се што ке прочитате по социјални мрежи е вистина(ма да приказнава вака прераскажана прв пат ја читам тука)
Soma bay, Memsha, Makadi bay, El Dahar, Sakala... Каде е најубаво и што се овие, градови? Каде би било најдобро да се оди, искуства?
Мене не ми е јасно како може Египет да бирате и да бидете спокојни дека нема дека нема да го бомбардираат хотелот во кој седите. Па 10тици инциденти минато лето со радикални џихадисти, а плус дел од пустината Sinai e под окупација од страна на ИСИС и со години се борат властите таму не можат да ги елиминираат. Од толку многу места Малта, Шпанија, Кипар што се подобри дестинации генерално, а да не збориме за безбедност, го бирате нај ризичното.
Soma Bay (hotel Palm Royale) и Makadi Bay. Другите не ги знам. И Marsa Alam е одлично. Секогаш и секаде постои ризик од терористички напад. Небитно на која дестинација. Ако е така, само дома да си седиме, најарно. Ние бевме во Египет во прилично бурен период кога имаше пуч, го менуваа претседателот, па еве, супер одмор истеравме.
Не е баш така,не постои секаде подеднаков ризик,некои земји се со повисок ризик како Египет,а таквите не се добри за одмор,зошто да одам со страв за потенцијален напад кога можам да одам во мирно место пример во Грција и раат? И во Сирија има убави плажи па ајде да одиме таму.
Точно е, шанса секаде постои, ама колкава е шансата да има терористички напад во Парга, да речеме, а колкави во Египет? Не знам дали некогаш се случило киднапирање во Парга, ама во Египет да. Погоре баш пишував за нападот, кога човек преку морето препливал и влегол во ресорт кој е обезбеден.
Сега во март имаше терористички напад во Египет,а кога беше пред две години мислам кога го срушија рускиот авион со 220 патници. Јас не би у Египет.
Не ми е јасно зошто ја полните темата со вакви негативни муабети? И самите гледате дека има секакви искуства. Ако сте решиле да одите читајте, гуглајте ,ако ви е ок, идете . Зошто се убедувате колку е лошо? И не само вие, туку и другите околу ? Што да ви кажам не знам, анти кампања ли правите или толку ви е ќеиф за негативни ствари да си зборите. Загарантиран упропастен ден добивате, ништо друго.
Здраво. Планираме да одиме за Хургада крај на август, па ќе ве замолам тие што веќе биле да ми предложите хотел, агенција како и што се може да се посети?
Jaz Aquamarine или Palm Royale или Oberoi. Малку поскапи, ама вредат за парите. Агенција не знам, одевме преку српска, ама Авиотурс ги даваа тука аранжманите. За посета - пирамидите, сафари, крстарење со брод до Рајскиот остров (Гифтун) и нуркање.
Devojki, moze nekoj iskustvo za Hurgada, no zboram vo pogled na patuvanjeto, vizite, aerodromot, sto moze da se nosi nadvor od hotelot( obleka)... i koj bil bo Luksor i Kairo da objasni kako pominal po patot, dali se plakaat pijackite, dali gi posetile vnatre piramidite. Jas odam sea kraj na mesecov a prebaruvav po net nema bash nekoj do tolku da objasni. Znam deka e preubavo mesto zatoa i tamu idam, no me interesiraat i ostanatite raboti, ne sakam da bidam samo vo hotelot, no ne sakam da zgresam hehehe. Fala
Ја исчитав цела тема. Ај нека пиши некој искуство што бил минатата година или планира да оди оваа година. Исто така и преку која агенција.
Напад на туристи во Египет. https://www.alo.rs/vesti/svet/bacen...m_medium=Widget&utm_campaign=Razmjena+prometa
И јас сакав да одам за Хургада ама се премислив. Да сум на твое место би одела ама не би излегла од хотел да одам да посетувам пирамиди, Каиро или др места.