Ние лани кога бевме,иста дешавка. Само до Каиро одевме со полиција која не пратеше. Во хотел си сигурна 100% ,е само што нас не ни се дремеше 2 недели само во хотел па последните денови отидовме на парадајс,Сафари,и уште некоја екскурзија. Фала богу се беше ок. Оди си,не е баш како што прават да изгледа.
Fala ti srce za informacijava so soprugov rekovme deka nee oskazuvame pa so gospo napred ako treba nesto da se desi ke se desi
И јас планирам оваа година да одам во Хургада, најверојатно преку Савана ќе одам, како што ги читав добри понуди имаат.
Јас лани бев во Хургада,преубаво си поминав цела фамилија сме задоволни. Оваа година пак ќе одиме таму.
Grand Hotel Hurghada e хотелот плажата беше окау исто и водата. Плажата е многу блиску до хотелот е право.
Не сум била, а слушам дека се многу високи, затоа прашав. Наводно и до 50 степени, тоа ми е “to much”.
Srcka preubavo si pominavme Samo hranata ne bese ko so treba vremeto do kaj 37 stepeni vodata super za kairo e malce postrasno ama I'ma so vas celo vreme policija I ne cistvuvas mn strav ama mn pat e plazata vo resorto to e bazeni top usluga isto pozz
Колку време трае летот до Хургада? Има ли некој престојувано во овој хотел http://www.aurora.com.mk/dessole-pyramisa-5-sahl-hasheesh/. Што се однесува до храната бидејки одам со бебе од 20м за кое планирам да носам бејби храна од тука сепак ме интересира дали таму има јогурт, к.млеко, павлака, пресно млеко, бидејки голем дел од кашите му ги правам со нив? На кои излети може да одиме со бебе? На што да обрнам внимание?
За храна не се секирај, има и од пиле млеко. Има се ова што наброја, има јогурт обичен и овошен, цврст јогурт има, не кисело млеко, има пресно млеко, има чоколадно млеко, храната им е многу прилагодена на европскиот вкус. Секако дека имаат и локални специјалитети, ама најголем дел од храната е континентална. За разлика од Турција каде што е презачинета и мириса, во Египет го нема тоа. Слoбодно може да јаде и мало дете, син ми тогаш имаше две години, јадеше се што ќе му дадев. Вкусно, свежо приготвено и чисто. Не знам колку трае летот од Скопје, ние од Белград летавме, околу два часа мислам дека беше, околу 6:30 наутро полетавме, пред 9 бевме во Хургада. После ве собираат со автобуси, ве носат до хотелите, тоа може да биде малку напорно, зависи колку е хотелот оддалечен од аеродромот, ама автобусите се климатизирани, па се издржува. Излети со бебе - реално, ниеден. Мало е. Ние бевме само на крстарењето до Рајскиот остров и коралните гребени за нуркање. Бебето може да ужива на бродот, ама толку. Сафари, турите до Каиро и Луксор се напорни, бидејќи има многу возење. Плус е многу жешко, особено ако одите летово. Ние во април бевме, температурите уште тогаш беа 30-35 степени. Не се осеќа жешкото, бидејќи постојано дува ветерче, ама многу лесно се гори. На плажа бебето да биде облечено во лесна облека, бела маичка и бела капа најарно, секако намачкано со заштитен фактор. Рано се разденува, ама и рано се стемнува, во 18:00 е веќе темно, бидејќи се поблизу до екваторот. Комарци имаше доста кога бевме, ама не бевме многу искасани, малиов го прскав со средството на Бекутан, што знам, мислам дека помогна, макар што беше каснат неколку пати. еднаш излеговме да шетаме низ Хургада приквечер, брзо се вративме токму поради комарците и не излеговме повторно. Водата од чешма никако да не ја пиете!!! Ни за миење заби ни за лице, само за туширање и притоа внимавајте да не ви влезе во уста, особено со бебето пазете, техничка вода е, има опасност од зарази. Си имате флаширана вода на секој чекор, постојано носете со себе, секој ден собарките оставаат шишиња во фрижидерот. Медицински јаглен и пробиотик задолжително носи си. Јас имав цела аптека со мене, фала му на Бога, ништо не искористив.