1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одмор во Турција - Кушадаси

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од ladymici, 28 јуни 2011.

  1. AngelGirl

    AngelGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    78
    Јас ви го препорачувам хотел Ayma , се наоѓа на Ladies Beach што е одлична локација, со поглед на море.Има шведска маса и за доручек и вечера и јадењето е навистина убаво. Науторо појадокот е покрај базенот а вечерата на покривот. Преубав е хотелот. Е сега не очекувајте смештај како во Бугарија на пример за тие пари има многу по луксузни хотели, се знае ова е Турција и ако сакаш нешто луксузно 500 Евра само за смештај не те расправат ( зборам за хотел со 5*) . Инаку од тие што се нудат овој е надобар и во центарот хотел Minay, но сепак центарот не ви е добра локација, на Ladies Beach е многу подобро. :)
     
  2. B-O-N-I

    B-O-N-I Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    15

    А добро од Ladies Beach колку е оддалечен центарот?
     
  3. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    20-30 минути.
     
  4. princess92

    princess92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки,

    Сакаме месецов да одиме эа Кушадаси ама неэнаеме кој хотел да го одбереме со дечкото ,а како што гледам сите скоро се во центарот а далеку од плажите. Ве молам помагајте веќе ме фаќа паника а прочитав многу лоши коментари на интернет эа некои од нив па ВЕ МОЛАМ ако сте престојувале во некој од овие хотели пишете ми :*

    HOTEL ABEM
    HOTEL PAK
    HOTEL OGERIM
    HOTEL SUNNY HILL
    HOTEL AYDA
     
  5. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден се вратив од хотел Пак, а имав друштво во хотел Сани Хил, па затоа можам да ти направам споредба. Прво, Пак е на само една блага угорница на 3 мин од центарот (поточно од чаршијата кај што се сите продавници, барови, клубови), додека Сани е на 10мин, плус по мнооогу угорници. Огромен минус му е ова.
    Базенот на Пак е поголем и има дваесетина лежалки, кај Сани е помал и нема лежалки. Доручекот (ако ви е вклучен во понудата) е секој ден ист и во двата хотели со разлика што кај Пак си јадеш колку сакаш од шведската маса, а кај Сани е ограничено.
    Во Пак ни ја менуваа постелнината, пешкирите и ни го фрлаа ѓубрето, а друштвово ми кажа дека тоа го немало кај нив.
    Сани е на 10-15мин од Лејдис Бич, ама не знам колку ти менува тоа. Не верувам дека сакаш секој ден на иста плажа да одиш. Има мнооогу поубави плажи од таа. Заради тоа според мене поважно е хотелот да е поблизу до центар, а не до плажите. Како и да е, има комбиња на секои 5 минути до секоја можна плажа.
    Искрено кога резервирав се разочарав дека немаше место во Сани, па моравме во Пак да одиме, ама верувај дека цело време си повторував дека е среќа што немаше место таму. :D Тие угорниците ќе ме умреа уште третиот ден.
    Пиши ми ЛП ако те интересира уште нешто. :)
     
    На princess92 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Cakica

    Cakica Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    7.665
    Пол:
    Женски
    Некој некакво искуство со booking.com за одење во Кушадаси некако многу ми е поефтино од овдешните агенции

    Ај помош и искуство ако некој букирал така
     
  7. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.626
    Има ли некоја феминка да сподели искуство во врска со цените во маркетите во Кушадаси?
    Дали има некој поевтин маркет каде што повеќето купувале..некои препознатливи дискотеки и некои места за шопинг со пристапни цени..?
     
  8. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Ја сум била во Сани Хил, многу е блиску до центарот и шеталиштето и сите случувања, ама од Лејдис Бич има една огромна угорница дур стигнеш до хотелот и сигурно 1 км одење. И хотелот е со 2** и не е убав. Подобро најди некој со 3***. Има базен, лоби и сите критериуми што задоволуваат 2** ама собите се премали и не се убави едноставно.
     
  9. BBbaby

    BBbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    5
    девојки имам едно прашање. дали некој има искуство за турција поточно кушадаси во септември? ме интересира временска прогноза и дали сте задоволни од времето и патувањето тој период, точно да не ви се расипа времето или е идеално за сончање и за температурата на водата? фала многу
     
  10. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.626
    Не сум била во септември но имам слушнато дека тоа време е идеално со оглед на горештините кои се во текот на сезоната.За дека ќе ти се расипе времето воопшто немој да се секираш таму врнело само 1-2 пати годишно.. така да нема за што да се грижиш :)
     
  11. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.626
    Многу негативни искуства почитав за Сани Хил.Јас имам резервирано таму и битно ми е да е чисто,чиста постелнина,чисти соби а за другото во некој друг хотел што не е со 2* .Нема што да се жалиме кога сакаме поевтино да поминеме,што треба да очекуваме?Колку пари толку музика.
     
    На princess92 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    ^Ок е, чисто е, немаат онаков систем коа ќе го извадиш клучот све да ти се гаси ко што имаат повеќето, и си користевме клима целовреме, а и често си ја остававме пуштена за ко ќе дојдеме од плажа собата да биде фрижидер, појадокот е онака секој ден едно те исто и се смачува, ама за 2** тоа е. Голема е разликата таму од 2 до 3 ѕвезди и препорачувам да си уплаќате во хотел со 3*** со појадок и вечера, не е нешто преголема разлика во цената ама е многу подобро. И хотелите се многу поубави, и храната и све.

    Таму секоја ѕвезда си има свое значење, Турците се мајстори за тие работи, нема кај нив ова-она. Секој хотел мора да ги задоволува сите критериуми и стандарди за ѕвездите кои ги поседува, ни мање ни више.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Cakica

    Cakica Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    7.665
    Пол:
    Женски
    Некој да има некакво искуство со sunday beach hotel во Кушадаси ?
     
  14. BBbaby

    BBbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    5
    ти благодарам mynameislove :D уплатено ми е се, сеѓа уште да тргнам но искрено единствено што ми е во мисли ми е времето затоа што не сум личност која е 24/7 во вода, повеќе од времето издвојувам да се сончам и онака сум беличка :) па се надевам дека сонцето ке ми биде наклонето. Доколку има некој што бил во Септември нека пише искуство за временски услови , за сончање, за се друго сум информирана од пријателки. поздрав :)
     
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.153
    Допаѓања:
    102.066
    Пол:
    Женски
    Јас бев во Блу Сеа. Во принцип да не очекувте многу и убаво ќе си поминеш, но ако си бил во Турција или било кое друго место и си видел што значи хотел со 4* иритира. Мој совет кога веќе ќе идете, никако, ни под разни да не дозволувате да ве убеди Весна, тоа е една девојка која ќе ве пречека во хотел, она ќе се обиде да ви продаде тури за местава за посетување по страшни цени, истите ќе ги купите кај Мустафа и Наџа за по 10 евра поефтини цени ако не и повеќе, ќе ви објаснам и тоа кај се наоѓа, значи игнорирајте ја. Ќе ви понуди плажи, вреди само Кумсал, другите плажи не вредат, Дајмонд никако, а за Парадајз не знам како ќе ви се погоди. Лејдис бич не ви е лоша плажа, да гужвичка е но не е лошо. Посетете ја Грин бич, во близина ви е, распрашајте се лесно ќе ја најдете. Обавезно да одите на брод, незаборавно искуство. Ние бевме и во аквапарк, во Фантази не во Адаленд, и двата се прекрасни. Не бевме на Памуккале, бевме во Ефес, и едното и другото вредат да се видат. До центарот се иде и пешки но можете да си фатите и бусче, не е далеку како и да е. Внимавајте на рецепција, не дозволуваат да се внесат храна и пијалоци, кријте ги во ташни или ќе ви ги конфискуваат. Инсистирајте повеќе на мењање пешкири, секој ден кажувајте им додека не ви ги сменат, после некое време и постелина ќе ви сменат. Лифтот не го користете пребавен е и многу е швркнат, сто пати не заглави. Турска бања имате и во хотелот, во подрумот е, да идете штом пристигнете, лудница е, 7 евра е бањата и навистина опушта. Сувенири купувајте од Лејдис бич и на марината кај Пиџн ајлнд, најефтини се, има една поголема продавница за сувенири, преефтина е. Сан винд или агенцијата на Наџа која е македонка омажена за турчин ти се наоѓа на сама плажа, од хотелот одма лево, нема шанси да ги утнеш, има еден префин дечко што работи кај нив, Хакан, срце е, ќе се исценкаш за добра цена. Да јадете обавезно во Роси на Лејдис Бич, поубаво јадење не сум јадела.
    За другите хотели, од поефтините ми го понудија ПАК, и ми се фалеа од него луѓето, ама од Сани хил, од Огерим, од слични на нив, никако, единстевно од Албора од поефтините ми се пофалија, Ајма бил убав ама не го нудеа годинава.
    Се на се, Кушадаси не е тоа што беше пред некоја година, луѓето се станати понељубезни, те бркаат од продавници ако не им е ќеф, мене лично ми кажа еден Сиктер во дуќан. Сум била пред 6 години не беше вака, имаше со нас девојки кои биле пред 2 години и они викаат исто. Јас мислам и патувањето не утепа, 22 саати си се 22 сати. Здравје следен пат Турска би идела само чартер Бодрум или Анталија ;)
     
    На t-sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.470
    Допаѓања:
    201.247
    Пол:
    Женски
    Ми треба инфо од тие што биле во Кушадаси - плажата Лонг Бич ја бива или не? И колку време возење е до таму (повеќето претпоставувам оделе со автобус), отприлика?

    Уплативме во хотел на Лонг Бич, планираме со сопствен превоз да одиме. Ме интересира што да очекувам во однос на патувањето, патиштата веројатно се убави, меѓутоа станува збор за илјада и кусур километри. Дали е подобро ден порано да тргнеме, со преспивање некаде, да речеме во Чанак Кале, или пак може за едно 15 саати да стигнеме до Кушадаси? :?:
     
  17. blueteacher

    blueteacher Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Бидејќи сум била во Кушадаси 2 пати имам колку толку искуство и со патување и со плаживе. Конкретно за Лонг бич е прилично далеку од центарот на Кушадаси, ние од центар до таму патувавме 40 мин мислам. со нивните бусчиња (што возат многу брзо). Е сега плажата е многу долга и целата е со лежалки, мене ми се допадна за разлика од другите плажи, најубава е, лежалките се плаќаа не памтам колку но за разлика од Лејдис бич беа поефтини, плус и чадор имаш, ако сте во хотел ол инклузив лежалките ке ви се гратис. Хотелите во тој дел како што ги приметив беа каде каде далеку поубави од хотелите кои што беа во центарот и на самиот влез во Кушадаси. Е сега за патиштата... Патот е долг до Кушадаси, со кола би требало некаде околу 15 часа без застанувања да стигнете, ние со автобус првиот пат стигнавме за 26 часа, а вториот за 17 негде.. така да ако сте 2ца шофери нема да ви е проблем, но ако е еден поарно да направите пауза некаде.. До самата граница до Турција патиштата се супер, но од кога ке влезете се само се поправаат па едната лента затворена, па со семафори мали е сеа нема дупки и сл ама еве барем кога бев пред 3-4 години истото беше и лани пак истото беше (не верувам дека и годинава е средено) мада не се лоши до толку.. ако имаш уште некое прашање слободно пиши.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    @Annath, ние со автобус патувавме 24 часа за натаму, а за назад 22. Со кола е секако помалку.
    Ми се чини дека се плаќаше влез на Лонг Бич, ама не ме фаќај за збор. :?: Водата е ужасна, нечиста, со премногу алги. Вака како плажа е фина, има лежалки, наргиле во баровите, шетаа камила по обалата :lol:, ама водата и е најголем минус. Не можеш со мерак да си се избањаш. Затоа само еднаш отидовме таму. Ако сакаш повеќе слики, можам во ЛП да ти пратам.

    SDC10966666666666666.jpg
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Triumf

    Triumf Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Машки
    Kusadasi e super sum bil i pak ke odam ima sto da se vidi ne se samo plazite ,ima dobri plazi pogotovo onie sto se nadvor od gradot.
    No jas bi ti preporacal ako odis vo kusadasi da odis na turska nok i krstarejne so edrenik obavezno ,imas i ednodnevni turi za Efes i grobot na Bogorodica a i nokniot zivot ne e los.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Rosonerka

    Rosonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    4.480
    Јас бев летото во Кушадаси и дефинитивно има што да се види И вреди долгиот пат .
    Од плажите бев само на Лејдис бич и прилично не беше лоша плажата само што знае да има многу луѓе.
    Преку агенција (на плажата се наоѓа) дечкото дава попусти за македонци и срби и го посетив памуккале ,ефес, Sirince и неколку пати на крстарење со брод со што те носат на диви плажи каде што водата е чиста и многу убава.
    Пред да идеш на Памуккале посетуваш хотел со 5 * каде имаш шведска маса и плус користење на спа ,бањи масажи и друго.
    Ефес беше малце напнато затоа што го шеташ цел антички град , а е прилично топло.
    Исто така ја посетуваш и куќата на Богородица која е на повисоко планиско место.
    Во оваа тура имаш и водич кој цело време објаснува на англиски и ручек исто така шведска маса.
    За крстарењето како што кажав посетуваш диви плажи , застанува на средина на море а и самото возење со брод е многу пријатно. Тука имаш ручек и цел ден бесплатно пиење(сокови)
    Sirince е како планинско селско место има црква стара иљадници години има исто како мала чаршија и ова место е познато по виното.ВО една винарија имаш бесплатно да пробаш околу 10 чашки вино.
    Низ чаршијата во Кушадаси има многу продавници и за евтини пари можеш да најдеш доста работи.
    Јас на попуст ги фатив DeFacto и Waikiki каде си изнакупував маички,патики ,шорцеви и други работи по многу ниски цени.
    Има неколку маеркети што се како кам и стокомак кај нас кај што има ефтини производи така да ако сте во хотелот само со доручек или вечера нема да имате проблем и да си купите нешто од маркет или пак од ресторани има пици,гира турско пиде со месо (турска пица), ѓомлезе има и Mc'donalds , Burger king , Starbucks на кој што најмногу му се радував.
    Верувај дека со изборот за Кушадаси нема да погрешиш би напишала уште милион работи бидејќи стварно беше одмор за паметење.
    Јас доколку сум во можност би го посетила пак.
    Прекрасен град , прекрасни луѓе кои чат-пат знаат да дофрлат нешто на македонски пријатни гостопримливи има и некои напорни пто знаат да бидат но како и да е цела сум со позитивни импресии.
    Доколку имаш нешто прашај слободно во лп ќе ти одговорам се што те интересира.
     
    На macalavica, Annath и Elena69221 им се допаѓа ова.