Уплативме во хотел на самата плажа, алл ин опција бидејќи сме со мало дете од 4 години, и не мислиме да јадеме надвор. Така ни е колку толку посигурно. Прашував за плажата, оти ме интересираше дали ја бива за деца и за бањање. Не одиме во хотел ради базените, тоа сигурно. На слики ми се допаѓа, ама спомнавте дека не е чиста, е тоа ме става во мисла. Се тешам со фактот што сепак хотелот има своја плажа, па можеби и не е толку нечисто. За турите, ќе видиме, сакаме да одиме до Памук Кале, би оделе и до Ефес, ама не планираме ништо отсега, има време. Сепак, таму ќе одлучуваме што и како. За патот ми имаат кажано дека после Чанак Кале има некое ритче или планина што требало да се помине, малку повеќе концентрација бара за возење, ама во глобала било ок. Гледаме и авионски летови, да не начекаме некој попуст со Пегасус баш тие денови кога одиме и се враќаме, ама засега немаме среќа. Се надевам нема да се покаеме што одиме со сопствен превоз. Порано имавме план да правиме еден road trip по турскиот јужен брег, почнувајќи од Чанак Кале, да стигнеме покрај брегот до Мерсин, а попатно да отидеме и до Кападокија, ама тоа или сами со мм или со поголеми деца. Вака сега, тешко. Фала за споделените информации.
Лани бев на одмор во Кушадаси, за прв и дефинитивно последен пат. Мене долгиот пат не ми е проблем зошто секогаш го преспивам. Одевме со автобус, мислам дека повеќе од 24 часа патувавме и единствен "проблем" по пат беше турската граница зошто буквално врие од комарци. Јас немам видено толку многу на куп, рој, како магла буквално и се пикаа насекаде. Бевме сместени во хотелот Пак на многу убава локација, онака ОК хотелче, ништо посебно. Собите беа малецки, нашата тераса гледаше кон улицата ама немаше галама. Првично сакав да резервирам хотел на база полупансион ама откако прочитав лоши критики за турската храна и за хотелите во кои сакав да уплатам, се решив само за опција појадок. Овде појадокот беше едно исто секој ден, многу лимитиран изглед на шведска маса: крем сир, краставици, патлиџани, леб, путер, крем и слатко. Кафето го наплаќаа, турското беше 2 лири или околу 1 евро, а турскиот чај само беше бесплатен и на располагање 24 часа. Газдите беа супер, иако мажот и жената не знаеа да гукнат 2 збора англиски, ама син им беше сосема солиден затоа и само со него се разбиравме. Ни беше дозволено да носиме јадење и пиење од надвор (патем алкохолот им е ПРЕскап, лимитиран и од пиво имаат само Ефес), се собиравме во дворот покрај базенот цело друштво скоро секоја вечер и ни даваа да ги користиме чашите од шанкот. Немам забелешка за нив воопшто, таква слобода на друго место никаде нема. Е сега да се вратам на моментот зошто реков последен пат Кушадаси. Како прво воздухот кога ќе влезеш во градот мириса некако чудно, на овчо или не знам како да го наречам ама мене ми се гадеше. Првиот ден отидовме на Long Beach и бев готова да заплачам кога ја видов таа мизерија и од помислата дека треба тука да седам уште 10 дена. Плажата беше катастрофа: ѓубре и пикавци на сите страни, лежалките зарѓани, чадорите во распаѓање и замислете за таа "лепота" плаќате влез 10 лири мислам од човек (околу 5 евра). Водата беше уште поужасна, матна, имаше се и сешто по неа, плус големи бранови така што не ни влегов првиот ден. Другите денови одевме и по други плажи: Diamond, Kumsal и не ми текнува на другите имиња сега ама впечатокот не беше многу подобар од првичниот. Ако се оди порано на плажа има шанси да се брцнеш во вода на чисто, ако не, само пржење на сонце. На сите плажи се плаќаше влез, плус ако сакаш да земеш нешто за пиење. Ако нешто препорачам тоа е крстарењето со брод, единствено тогаш се изнауживав. Целодневна е таа екскурзија, следуваше ручек на бродот (ништо посебно пак, како што реков турската храна баш и не ми се допадна) и застанавме на 3 или 4 различни плажи кои стварно беа далеку поубави и чисти. Исто и на Памук Кале убаво си поминавме иако местото е далеку од сликите што сум ги гледала. Езерцата се пресушени и алчните хотелиери во близина ја имаат уништено таа убавина зошто ја црпат водата од таму за свои потреби односно за да прават приватни бањи. Во секој случај ја препорачувам и оваа екскурзија со оглед на тоа што како им тргнала работава ќе ја уништат тотално таа убавина. Екскурзијата вклучувањше и посета на едно место за обработка на камен и изработуваа навистина интересен накит и други уникатни предмети за дома. Бевме и во Adaland аква паркот и таму си поминавме феноменално. Препорачувам за оние кои се поавантуристички настроени зошто е одличен избор за качување на адреналинот. Имаше премногу гужва и се чекаше ред скоро секаде ама дефинитивно вредеше. За плажите и екскурзиите сами се организиравме и ни беа поевтини зошто бевме големо друштво ама и за помалце мислам дека е поевтино да си побарате по агенциите низ чаршијата отколку со Весна (девојката ангажирана од МК). Некои од друштвото уживаа да се пазарат по чаршијата ама мене ни тоа не ми беше по мерак. Премногу гужва, продавачите премногу инсистираа да купиш нешто што дури беа и нападни. Имаше купишта фалц роба, за мене ништо посебно ниту вредно за купување. Локалното население т.е. машката популација се страшни. Премногу се нападни, зјапаат се живо и диво, коментираат, дофрлаат... Не би рекла дека се љубезни, односно не се воопшто. Јас сум далеку повеќе задоволна од Грците како угостители отколку од нив. Како возачи се ужасни, нема никакви правила, предност... ништо. Со кола таму е пекол да возиш, особено за странец и постојано има голема гужва на сите патишта во и надвор од градот накај плажите. Ете така, тоа е моето видување за Турција и Кушадаси. Имав голема желба да отидам и ми спласна уште првиот ден за жал. Смрдеа и нечистотија на куп. Она што сакав да го видам и искусам го направив, но на одмор таму веќе никогаш повторно.
Јас само на Лонг бич платив, на другите не се плаќа. Да кажам збор, два за таму кај што сум била. Може ќе му биде од корист на некој. - Long Beach - пишав една страна поназад - Костур - мирна плажа без гужви и гласна музика, чиста вода, со умерени бранови - Love beach - искрено, едвај чекав да ја посетам плажава дека на слики ми изгледаше многу убава, ама прилично страшна е. На некои 10 метри од плажата има автокамп, мали деца трчаат на сите страни, галама, викање, шатори, освен турци нема ништо друго. Седевме само пола саат и одма се преместивме на друга плажа во близина. Не ја препорачувам во никој случај. - Miracle - една од поубавите, ако не и најубава плажа за млади. Чиста вода, големи бранови, ситен песок, странска музика, денски журки во барот, евтини лежалки, розеви лаванди. - Ladies beach - три пати отидовме на оваа плажа, многу е долга и различно беше секој пат. Има големи бранови, некогаш е чиста, некогаш не е. Покрај лежалките има и простор за сопствен чадор да си ставиш. Ви препорачувам да не седнувате одма на почетокот на плажата, од центарот кога одите, туку одете подоле, поубаво е натаму. - Davutlar - плажата е сон, широка и песочна, мирна и без гужва, ама водата не е чиста што е најголема штета. Може на сабајле е подобра. - Плажите на Националниот Парк - до нив се стигнува само со брод. Тука ја има најубавата плажа што некогаш сум ја видела. Ситни камчиња, светлно сино море, кристално чисто, доволно ладничко, наоколу има само зеленило и карпи. Да можев секој ден би одела таму, совршено е за полнење батерии. Застaнавме и на уште една плажа, исто чиста, ама имаше покрупни камења во вода и не ми правеше многу мерак како претходнава. Крстарењето е must do. Дефинитивно би отишла пак во Кушадаси. Има уште многу работи да се видат и направат.
Како што можам да забележам не сме ни биле на истите плажи, а очигледно дека сум била на најлошите (барем по мое видување). Или па периодот беше баш висока сезона и голема гужва имаше секаде.
На тие што ќе одите би ви ја препорачала плажата Green Beach и Paradase,тука се близу една до друга но се стварно добри и помирни од другите плажи,особено првата.Но се подалечни и има комбиња кои за малку пари водат до таму.Ние на Лејдис бич не отидовме ниту еднаш,некако сите таму одат а мислам не е нешто посебно и според тоа што ни кажуваа и не зажаливме.Би ви препорачала и едно добро ресторанче со пристапни цени и прекрасна храна- Kordon веднаш до Starbucks каде исто е добро барем еднаш да отидете иако е малку скапично.Ах како не го откривме ресторанчево порано.Пробајте и турска баклава Од туриве Памук кале задолжиелно ви го препорачувам.турската бања и аква паркот ADALAND но за тие со поавантуристички дух.Ефес не отидовме иако јас многу сакав, ме привлекуваат такви места,наредна прилика здравје.А да не го заборавам и крстарењето со брод,преубаво нешто и не толку скапо.Пишувам во кратки црти,зошто гледам горе-доле е се опфатено во темава. Убаво место е Кушадаси,но мене повеќе ми се свиѓа кога си со друштво на вакво место,и доколку не се најдевме со едни таму што праевме се заедно не сум сигурна дека вака убаво ќе си поминев.Сепак вреди да се посети!
Хотелот каков е, оваа година нудат полупансион, каква е храната? Далеку ли е од центарот, колку плаќавте превоз? Се мислам помеѓу Сани хил и овој, во сани хил има само појадок и со 100 евра е поевтино, вреди ли овој Блуе сеа во поглед на лоакцијата и храната што ја нудат? Има ли wi-fi во хотеливе? Има ли фрижидер во собите?
Додека чекаш одговор од членката, побарај на Гугл, сигурна сум дека има доста критики за хотелот. Јас секогаш така бирам хотел, секогаш ги гледам оценките на tripadvisor.com. Ние веќе уплативме за септември во Кушадаси, со сопствен превоз.
Јас бев во блу си солидно е, има ви фи, има фрижидерче, плажата лејдис бич 1мин, автобусот не ми текнува точно околу 2лири од пред хотел до центар. Се е супер освен долгиот пат Јас за сани хил немам слушано пофални зборови...
Мене ме интересира храната дали е ок, за појадок шведска маса ли беше, вечерите какви се? Доста се жалат, и дали е сигурно, треба да го носам лаптопот од работа па некако ми е страв да не ми го украдат? Во Сани хил е 89 евра а Блу си е 189 евра за полупансион.
Јас не сум задоволна од хотелот, што се однесува до звездичките дадени, не е за 4+ звездички па што сакаат нека кажат. Но убаво беше, ново, имаат ви фи, имаат убава храна, базенчето е фино. Ние до центар одевме за 20тина минути некаде покрај плажа цело време па се до марината и тука веднаш ти е градот. Јас би одела пак, но не би плаќала толку скап хотел. Шведска маса е и тоа богата, имаше некогаш кајгани правеа за појадок, секогаш има за мачкање и салати, кафе и чај во изобилие, вода исто... Односот на вработените не ми се свиѓаше ама па не е ни толку страшно. Во мојот пост имам убаво објаснето се. Инаку за крадење, не ни се деси ни ѓубрето да ни го снема а камоли нешто од соба, прилично беше ОК за тоа
^ Јас бев пред некоја година во тој хотел, одма е на самата улица главната, минибусче кога ке ти треба до центар или сл пред самиот хотел од надвор ке чекаш.. Кога бев јас убаво беше, секој ден ни ги чистеа собите, има и фрижидер во собите, персоналот супер, базентот убав исто.. само последноте денови кога надојдоа мн деца беше нечист.. е само да пазиш да не ти видат дека внесуваш храна - вода од надвор бидејки има да си купиш во хотелот исто, тоа во ранец ке си скриете. Газдата беше многу фин, се ни кажа каде да одиме, да смениме пари за да не не излажат др. Храната беше шведска маса, доручекот секој ден ист (разноврсен), вечерата мене ми се допадна многу, се вечера на најгорниот спрат на тераса, а доручек доле. wi-fi имаше само во лоби, во собите има и тв, купатилото ок беше, клима исто имаше.. е сега незнам како е, наредниот пат кога бев, бев во друг хотел па само поминав од таму кога бев еден ден до лејдис бич и беше преполн.. лејдис бич ти е на 5 мин пешачење.. Добар хотел, јас бев задоволна за разлика од другите хотели кај што имаше македонци со 3 * се жалеа.. Само сепак тоа беше пред 3 години некаде, можеби се изменило Ако имаш уште некое прашање .. пиши
Nie isto uplativme za 12 Juni i planirame da odime so sopstven prevoz, ednash bevme no preku Bugarija za da posetime nekoi prijateli, sega planirame preku Grcija, znam deka ima mnogu patarini, malku patot kaj Izmir go zgreshivme no sega mislam ke se opravime, isto ke patuvame noke, jas sum malku plashliva zaradi ovie ekstremisti a nie sme Hristijani Protestanti, no uplativme za 7 dena all inclusive i se nadevam deka dobro ke pomineme, za 15 saati se stiga, dobro ako se menite za vozenje, nie sme 3 shoferi. Seushte gi razgleduvame opciite od kade da odime, Gecgelija, Dojran, Strumica preku Bugarija, ako nekoj ima iskustvo so patishtata neka pishe. Pozdrav
Ние не планираме да патуваме ноќе. Ќе одиме преку Грција, бидејќи патот е поубав и пократок, барем според она што го гледам на мапиве (viamichelin). Двајца шофери сме, не планираме наеднаш цела рута да ја извозиме, туку после Чанак Кале ќе преспиеме, и наредниот ден тргнуваме за Кушадаси. Ние имаме уплатено во септември, десет ноќевања, а верувам дека нема да има нешто многу гужва по граници и патарини. Здравје Боже, ќе видиме како ќе биде. А не ми е јасно, од кои екстремисти се плашиш? Или има некои случки таму за кои не сум чула?
@Annath Да си ми жива и здрава за страницата што ја пиша за коментари околу хотели. На листа имавме неколку хотели и си пребарав за секој и видов коментари. Се одлучив за хотел Ozka. Ако некој од вас бил не е на одмет коментар
Многу помош имам од тие страници со критики и коментари за хотелите низ цел свет. Последниве години кога одлучуваме за одмор некаде подалеку, секогаш хотелот го бирам според оценките на трипадвајзор, така и последниов. Па се надевам дека ни овојпат не сум погрешила во изборот, а за тоа ќе видиме дури во септември, здравје. Повели и другпат
Има ли некој кој ке оди со кола на почеток на Јуни во Кушадаси,ако има 2 слободни места да поделиме трошоци?