Ние пробавме преку агенции, но потоа најдов адреса на Батихан Ресорт и тие ми дадоа попуст, значи за сите 5 души со две соби со поглед не на море 1400 евра, да напоменам дека сме скоро 4 возрасни значи керките ми се 20 и 19 синот 12, во тоа се вклучено, пола уплативме преку банка а пола кога ќе идеме таму на рака, девојката е главна за хотелот и се јавив и средивме се. тоа е цена за 7 дена, па сега рачунајте како е по лице.
Види а ФБ страната на ЈК травел Од 01.06 до 11.06 им е таа цена Blue sea не е лош, тие што некогаш биле во хотел со 4 и 5 ѕвезди во Турција, знаат што е добра услуга, а тука мислам ја нема баш.. Е сега за тие пари 189+ евра со се превоз и појадок, веројатно е меѓу најдобрите .. Ние еднаш престојувавме во Derici hotel, споед мене локациски доста добро поставен. Значи, зборам за мои потреби.. Ценовно и не е баш пристоен за тоа што го нуди.. Вториот пат бевме во Grand Blue Sky (е од тука ми е споредбата за хотелите со 4*, наши пријатели беа сместени во blue sea, па од страна можев да видам што е и како е, во поглед на хигиената и услугата, затоа што инаку имаат сосема различен концепт) на база на се влучено и имам само пофални зборови.. кога би одела пак, дефинитивно пак би бил мојот избор. За цената (тогаш околу 100-110 евра од соба за двајца), мислам дека не можевме да најдеме подобро.. Храната беше ненормално добра, персоналот услужлив а собите чисти, секогаш средени, сапунчиња, шампон итн никако не смееше да нема..
Јас резервирав во Блу си од 01,06, преку Тера травел, и тоа ми дадоа можност да платам на 12 рати без камата со кредитна картичка од Стопанска Банка, секоја пофалба заагенцијата.Патот малцеме плаши, ама се трудам психички да се припремам на долгото патување и здравје се ке биде како што треба, само се мислам колку пари да понесам, на екскурзии не одиме, само за трошок...И лири да си сменам од тук или таму?
Јас бев лани преку тера травел во блу си, ок е агенцијата, превозник им е вардар експрес. За пари си е индивидуално, не е мн скапо нормални цени се, а лири таму ќе си напраиш, кај надја од хотелот право надоле одма лево, или види си и на др места кај даваат највеќе.
Храната не е воопшто скапа, дури и поевтина од тука. Само пиењето и цигарите се поскапи, така да, ако си пушач подобро земи си од тука штека. Ако не одиш на екскурзии тогаш не би требало да потрошиш многу, под 150 евра сигурно. Исто зависи и дали ќе одите пешки на најблиската плажа или ќе плаќате превоз за различни плажи. А за во автобус ти препорачувам да си ставиш филмче или серии во таблет/мобилен за побрзо да ти помине времето. Лирите таму смени ги, има менувачници на секој чекор.
Дали некој бил во хотел Оzka да сподели искуство? Прочитав добри критики на TripAdvisor, ама сеуште немаме одлучено.
Колку му се радував на одморот, ама после ситуацијава во Куманово некако ми се расипа расположението, се надевам дека за брзо време се ке се врати во нормала.
Сакам да го носам лаптопот од работа, заради работата треба да сум достапна, ама колку е сигурно таму, има ли шанси да ми го украдат недај боже,?Вие какво искуство имате, носите ли лап топ кога патувате? Јас досега сум одела само во Грција и фала богу никогаш не ми снемало ништо ама за Турција не сум сигурна.
Razmisluvam za odmor ... spodelete iskustvo.Dali mislite deka Kushadasi e dobar izbor za super odmor so partnerot??
Бев лани со сопругот и уште еден пар и тоа со кола и можам да ти кажам прекрасно си поминавме.Има што да се види,каде да се прошета,предноста со кола беше тоа што можевме да шетаме.Бевме на планината Ефес, на гробот на мајка Богородица,па има еден преубав резерват во кои ти шетаат диви свињи околу тебе а таму плажата невероватно убава.Јадевме по ресторани и самоисхрани и не е скапо .Бензинот само не изгоре,најскап бензин имаат во Европа.
Ме интересира во Кушадаси како стојат со банкомати (дали има секаде или поретко ги има) , не сакам да носам пари кеш .
Јас скоро ни Грција не носам кеш којзнае колку, распоредувам пари на 2 картички и носам колку што мислам дека ми треба, за лежалки, кафе мафе и слично. Друго се плаќам со девизна картичка, раат е. Инаку другарки и другари лани беа во Кушадаси, си поминаа ефтино и посетија многу работи барем таму има каде и што да се види. Споредбено со Грција, цените се горе-долу тука некаде, храната е поефтина, смештајот зависи што сакаш таква цена си бараат и нема како у Грчка, спална во кујна и вц спроти кујна. Се си е распоредено, јас дури ви препорачувам хотел наместо соби, со доручек, ручек, вечера и не е толку скапо како што е Грција. Јас бев пред 3 години и поефтино си поминав, проблемот е патот, долг е ти се смачува, ама кога ќе си таму, се се заборава
Не сум била, но размислував за со ЈК травел, имаат убави и ефтини понуди, а читав на форумов дека има задоволни.
Dali moze da mi kaze nekoj sto bil vo hotelot blue sea, Kakov e hotelot sobite kakva e uslugata, jadenjeto kakvo e.
Nekoj da spodeli iskustvo za balkanfun agencijata,dali bil ili slusnal nesto vo vrska so agencijata i aranzmanite sto gi nudat za Kusadasi Turcija??
Ti blagodaram za spodelenoto iskustvo se nadevam deka i nie ke pomineme super ovaa godina,sepak ke odime preku agencija so aftobus i ke bideme smesteni vo hotel Sunny Hill 2* ako imas slusnato nesto za hotelot spodeli infotmacii.
Хотелот Sunny Hill 2* е најлошиот хотел од сите понуди. Претходната година беше другарка моја, ужасен бил. Не било чисто, во базенот мачките пијат вода и мократ, читав reviews и на www.tripadvisor.com, и таму луѓето што биле имаат дадено лоши критики, а слики од собите и wc-то.
Nekoi zboruvaat dobro za hotelot nekoi se zalat,nie veke rezerviravme pa ke vidime kako ke bide,ke spodelam iskustvo,dobro e sto se naoga blizu do plazata Ladies beach i do centarot na gradot.