Јас бев во Блу си преку Тера Травел и сум многу задоволна.Патувавме околу 20 часа,тргнавме во 10 од Скопје, таму стигнавме околу 6 наутро.Хотелот е убав, чист, ни дадоа соба на 4 кат со поглед на море, блиску е до плажа.Собите ги чистеа секој ден, крпи менуваа на два дена.Секој ден појадокот беше ист, салати, јајца, слатки,кафе,чај, сок,навечер обично имаше едно главно јадење, супа, и многу разни прилози, салати,десерт(пудинг, колачиња, овошје).На плажа одевме на Лејдис бич, времето ни беше ок.Од екскурзиите бевме на Памуккале 55 еур за две плативме, Ефес беше 28 еур од човек, крстарење 10 еур. Превозот до град беше 2.5 лири (1 еур).Мене Кушадаси ме бендиса заради градот, многу е голем има каде да се прошета.Плажата не е нешто спектакуларна ама не е лоша.Луѓето кои беа во Сани хил и во Ајда буквално плачеа од мака, хотелите ужасни, собите мали, било многу нечисто, храна никаква, ни толетна хартија не им дале,далеку од плажа, на тие што резервирале таму им препорачуваам подобро да си доплатат во хотел на лејдис бич бидејки повеке ке уштедат и ке се поштедат од нервози.Храната е многу скапа, дури поскапо е од Грција и во ресторани и по маркети, пивото е многу скапо.Се на се ние добро поминавме, на тие што допрва ке отад срекен пат и убав помин.Поздрав! Хотелот е ужасен и не е блиску до Лејдис бич,подобро сменете на време. Јас бев преку Терра травел,а и предходно сум патувала со оваа агенција и сум презадоволна.Плус аранжманите може да се платат на 12 рати без камата со кредитна картичка. Модератор: Не испраќајте мислења едно по друго, кликнете на копчето редактирај за да го дополните првиот пост.
А дали некој бил во Кушадаси во септември? Прашувам бидејќи гледам понуди од 14 до 24.09, па не знам дали уште е топло за капење, претпоставувам дека да... Или? И дали некој бил во хотел Сантур, со 3*?
Колку пари ке понесеш е индивидуално.Според мене попаметно е да си одиш со полупансион во хотел на Лејдис Бич, ке потрошиш помалку пари.Храната е скапа, превозот е 1 евро во 1 правец, па ако се сместиш во некој од хотелите со 2* во градот ке потрошиш многу повеќе на храна и превоз.Екскурзиите се живо малтретирање не ти препорачувам да одиш, иначе цените за екскурзии се по 28 еур Памукале и Ефес, а 10 евра брод.Слладоледот е евтин.Ние бевме со полупансион, на плажа одевме на Лејдис бич, лежалки не користевме, си купувавме овошје и сладолед на плажа.
Бев пред неколку години и си поминав прекрасно. Внимавајте само при избор на хотел, бидејќи генерално може да се каже дека хигиената и не е баш на највисоко ниво. Ние бевме во Albora, хотелот е супер во споредба со другите хотели по таа цена, луѓето се пријатни, гостопримливи и секогаш добро расположени. Ми оставија добар впечаток.
Ние закажавме Sunny Hill Hotel Кушадаси, 10 дена, на 5 тргнуваме на 17 си идиме, некој да бил таму? слушнав многу пофални зборови Некој да ми објасни како е со цените, лежалки, за јадење и се, Фала
Јас бев лани во Сани хил, сеа не е нешто кој знае што но задоволително сепак со 2* Плажата и центарот ти се негде иста одалеченост, у принцип е ефтино ко кај нас тука до хотелот има 2-3 продавнички , маркети, има и за јадење надвор во чаршијата со приступачни цени. За лежалки не знам како стојат цените , знам ние на лејдис бич бевме ама со наши лежалки и пешкири. Газдите на Сани хил се срциња многу се фини, слободно побарај им што и да ти треба дозволуваат и нешто да остаиш горе во фрижидерот кај што се јаде, праат македонска вечер имаш базен доле ако побараш постелнината ќе ти дадат да се смени. Тоа е тоа се надевам ти стана малце јасно но вака рекла казала најубаво ќе си видиш ти таму.
Па отприлика 10 мин, ама огромни угорници, удолници е цел град. Хотелот е уствари како на ридче повисоко и се спушташ надоле за на плажа и чаршија. Не се плаши не е многу
јас бев во prestige hotel бевме одалечени од главното сеталиште на 20 мин пешки. Собите секој ден ги чистат редовно нови крпи и на два дена менуваа постелнина (али ја си носев моја), има клима, фрижидер, тв, огромен двор со базен, имаше доста избор за појадок. има и бар за навечер музика, ефтини пијачки. Иако немавме all inclusive вработените не прават проблем да си земеш за на базен кафе или сок. А за плажа одевме на лејдис бич али мн јака гужва.... одевме по ресторани во градот јадевме не беше ич скапо. И турите ако сакате да ги правите на водениот парк, памук кале и со брод околку 50 евра мах. има агенции со различни цени ке си прашате на повќе места. И имаше еден маркет (не ми текнува сега името, ако ми текне ке ти го пишам) се зимаше нешо како member card од самиот маркет без пари.. али со таа картичка сите цени во маркетот ги зимаш за 3ти по ефтино.
дали има некој искуство во хотелот blue sea? уплативме со дечкоми за 31ви јули па ме интересира како ви се допадна хотелот а воедно и плажите градот...
Дали некој престојувал во Ада Бутик? Нешто што му оставило впечаток, совет за каде да се купува и да се оди на плажа?
Женски сте биле на шопинг центарот Outlet некако така се викаше мислам, Каде се наоѓа? Дали треба превоз дотаму? Или можи пешки да се оди? И што можи да се најди на пазарот??
Zdravo, sakam da prasam ako moze nekoj da spodeli iskustvo za hotel santur vo kusadasi. Kakva e gradskata plaza i kolku e daleku do drugite plazi i sekako kolku e prevoz do plazite ? fala mn odnapred
Сите хотели со 2 звезди се ужас, одете си во хотел на Лејдис бич со полупансион поевтино ке ви излезе. Хотеливе со 2 звезди се стварно примамливи со цените,ама имајте во предвид дека сите се на лоши локации далеку од плажа, храната е многу скапа во Кушадаси, едноставно повеке се исплаќа полупансион.
Бев годинава, многу сум задоволна. Доста за шетање, активности, плажа.... Мој совет е да не се лажете со хотели со 2*, туку да си доплатите +70/80 евра и да одите во хотел со барем 3* со полупансион. Оброците се солидни, вечерата покрај ладни мезиња и салати има супа и избор меѓу две топли јадења, доручекот е стандарден и далеку побогат од хотелите со 2*. Сопатниците од автобус, кои беа сместени во хотели како Сантур, Ада бутик, Аида и сл. беа незадоволни. За плажа, препорачувам Капело, Кумсал на Лонг бич, средени за млади, милина... Жад и Миракл се убави, ама не се класична песок плажа, туку платформи, што мене лично ми се допаѓа многу повеќе, бидејќи водата е проѕирно чиста , се гледа секое камче и рибите доле Кој за што оди, има за сечиј вкус по нешто
И јас бев оваа година и многу убаво си поминав. Зависи кој за што оди, но јас никогаш не би избрала хотел на Лејдис Бич. Таа плажа мене најмалку ми се свиѓаше од сите - многу гужва и многу нечисто. Ако сте во центар предноста е што секој ден можете да идете на различни места. Ако сте на Лејдис Бич прво треба да фатите еден долмуш за до центар (центарот е преку еден рид) и потоа уште еднаш за на плажа шо на таа жештина е малтретирање. За тие кои не сакаат да се м'кнат по долмуши и да истражуваат туку да си кулиркаат цел ден на плажа, Кушадаси не го препорачувам и не се исплати да правите пат од 20 саати. Хотелите со 2* се сите слични и овие кои ги нудат нашиве агенции се сите во близина. Ада Бутик е супер, на 1 мин. до главната станица за долмушите, а сепак во мирна и тивка улица. Топла вода имаше цело време, климата беше супер, секоја соба има фрижидерче шо е голем плус. Сани Хил и Ајда не ги препорачувам - на тој ридот се, не си ни на плажа ни во град, а и во доста непријатно и не баш безбедно маало). Луѓето кои беа сместени таму навечер претежно таму и се собираа во хотелот и ретко излегуваа. Озка е убав хотел, но на лоша местоположба - далеку. Самиот град е многу жив и има што да понуди - ресторани, кафичи, продавници итн, особено за туристичко место е доста голем. Храната е многу ефтина - и фаст фуд (пилешки донер за 60-70 ден.) и по ресторанчињата (за 5 евра има да се прејадете). По маркети цените се слични како кај нас. Некои од хотелите нудат вечера за 3-4 евра на принцип на шведска маса. Значи, не мора да сте сместени таму туку си одите само за вечера си плаќате. На нас со друштвото повеќе ни одговараше бидејќи не се брзавме да се враќаме од кај и да сме за да фатиме вечера. Препорачувам да го посетите Националниот парк - таму ќе најдете чиста вода како нигде на друго место, само не одеде во викенд бидејќи има гужва. На Лонг бич има доста убави плажи, најмногу ми се свиѓаа Дајмонд и Силвер. На голем дел од плажите на Лонг бич не се плаќаа лежалките и чадорите, одат на тоа дека кога веќе седите таму сигурно во текот на денот ќе пиете кафе/јадете ручек кај нив. Ако одите на екскурзии, внимавајте со која агенција бидејќи не сите го нудат истиот квалитет па за некое евро плус не ризикувајте. Памукале обавезно препорачувам, Ефес за љубители на историја (луѓе од цел свет доаѓаат во Кушадаси само за Ефес), аква парк (Аква Фантази е понов од Адаленд и многу е безбеден), крстарење и турско купатило. Иако местото како место не ме воодушеви (воопшто, Турција има многу поубави места), сепак нуди можности за ефтин, интересен и исполнет одмор
^^ Кога сме кај аква парковите, на Адаленд има поинтересни работи од Аква Фантази, 2 е повеќе за помали деца.