1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одмор во Турција - Кушадаси

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од ladymici, 28 јуни 2011.

  1. Mel-Melany

    Mel-Melany Нов член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Јас не сум била во Адаленд и не можам да зборам кој е подобар, но според тоа што истражив претходно Аква фантази има поголем број на тобогани и посовремени, а од искуство не се сложувам за деца. Во Адаленд сите инвестиции во последните години се само во sea & dolphin парковите, а тобоганите им се постари. И во двата има по нешто што го нема во другиот, во секој случај препорачувам да се посети било кој, супер поминат ден.
     
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.388
    Допаѓања:
    7.970
    Пол:
    Женски
    Јас се вратив во саботата од Кушадаси и можам да кажам дека досега сум го имала најубавиот одмор.
    Градот е навистина прекрасен, има многу што да се види, полно кафичи, ресторани, дискотеки, продавници. Ние бевме во хотел Ајда, како за хотел со 2 ѕвезди сите бевме задоволни. Појадокот беше секој ден ист, топла вода имаше во секое време ( од друг хотел се жалеа и на ова), клима во секоја соба, иако пишуваше до 31 август дека е вклучена во цена, без проблем ја користевме и од 1 септември, собите беа чисти, средени кога стигнавме, на барање ти ја чистат повторно. Луѓето се премногу фини, немам коментар, и тие од рецепција, менаџерот, во кујна, сите баш сите.
    Имаше организирано програма со екскурзии за секој ден, бевме на Памук кале, крстарење и Ефес, од плажи Ladies beach, Long beach. Имаше попусти на облека, си купивме некои парталчиња, во маркети ефтино, некои производи поефтини и од кај нас, во кафичи исто не беше скапо, малце повисоки цени се во дискотеките. Патот, барем мене лично не ми беше воопшто напорен, навистина 20 часа се патува, но со паузи, така да помина некако.
    Навистина прекрасно поминавме, јас со задоволство би отишла уште еднаш.
     
    На kjukli, Candid, mirandaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. tockaAa.

    tockaAa. Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2015
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    256
    Пол:
    Женски
    и ние со дечко ми оваа година бевме кушадаси и дефинитивно никогаш повеќе.Ви ги читам коментариве и јас имам сосема спротивно мислење како прво патот е премногу долг ( само ајде,би издржала ако се работи за убаво место и кога ќе појдам таму да заборавам на напориот пат што не беше таков сучај овој) самиот град на одредени места мириса непријатно.Бевме сместени во хотелот blue sea хотелот беше океј, со 4 звезди иако јас би му дала 3. собите се прекрасни има и базен и интернет секој ден чистачката чистеше но храната беше катастрофа секој ден истото и тоа што остануваше од појадокот ни го даваа за вечера значи се прејадов ориз и варени компири катастрофа. лејдис бич е ужасна лежалките се валкани гнасни, забулени жени на секаде да ти се згрози животот.Мажите се однесуваат како жена да немаат видено, центарот беше интересен облека немаше сето тезги само со фејк адидас и најк. единствено уживав на памуккале и тоа беше главна причина зошто сакавме да одме кушадаси, иако се пола базенчиња исушени и не е како што било пред 3-4 години. и крстарењето не е лошо,толку.Дефинитивно не ви препорачувам да одите кушадаси грција е каде каде поубава! во иднина здравје боже ако се решиме за турција ќе одиме Анталија
     
    На ubavica25 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mirandaa

    mirandaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 септември 2013
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    24.750
    Пол:
    Женски
    За Анталија нема да згрешиш, поубава е од Кушадаси. Освен тоа што воздухот беше многу влажен, спарно беше, па некој период од 2-5 часот не се издржуваше на плажа.А и пешкирите, купаќите многу тешко се сушеа поради таквиот воздух. Хотелите им се прекрасни сите и секако го нема тој непријатен мирис како во Кушадаси. :) Навечер градот е прекрасен.
    И на мене тој мирис ми пречеше многу и на сите што бевме во Кушадаси. А и тоа што хотелот ни беше прилично одалечен од плажата. Другото се ни беше супер. Јас во глобала ја сакам Турција и од сите места каде сум била на одмор, Анталија и Бодрум ми биле најубави.
    А тоа со мажите што напомена, како да не виделе женско, со тоа се согласувам. :| Така е низ цела Турција.
    За Анталија нема да згрешиш и да го имаш истово мислење како за Кушадаси. (y)
     
    На Abrakadabra му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Candid

    Candid Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    489
    Пол:
    Женски
    @tockaAa. а што ти сметало тебе што жените биле забулени? или тоа што мажите се однесувале како да не виделе жена? Па тоа е нормално за една исламска држава, како тука да не живееш со шиптари што ти свиркаат кога ке поминеш (мада не генерализирам, ми се десило истото и со македонци) Ти ако си отишла да се одмориш не треба тоа да те засега. Иначе Турците се познати по гостопримливост и убава услуга и храна. Мене секој одмор во Турција ми бил прекрасен и баш се чудам од твоето искуство. Јас Турција не би можела да ја споредам со Грција

    Сепак зависи од очекувањата на самиот човек ама навистина не ми е јасно, извини!!
     
    На Adi888, kjukli, Aschenputtel и 2 други им се допаѓа ова.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.153
    Допаѓања:
    102.066
    Пол:
    Женски
    И јас имав слично искуство со Кушадаси и Блу Скај лани, за забулените и мажите не сакам да зборам бидејќи тоа е право на личен избор. А за гостопримливост па лани и не беше баш така, не знаат нас балканците ко скржави и се исмеваа на тоа, имаа нашишано на табла No bla bla for price и не бркаа од дуќаните. За храната во хотелот не сакам да коментирам, тоа беше срам за цел Кушадаси мислам, најслабо мени имавме, сум била во хотели во Турција нема врска со оваа храна, а тоа што го имаше беше вкусно повеќе или помалку. Ме иритираше фактот што на турците даваа повеќе храна од нас, пример мене едно мизерно парче стек недопечено а на турчинката пред мене и стави огромно парче стек убаво печено, епа не еднаш или два пати, стално беше така и со сите не само со мене. И хотелот не е за 2 ѕвездички не за 4.
     
  7. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.388
    Допаѓања:
    7.970
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам со тебе, посебно со тоа дека Турција е неспоредлива со Грција. Лани бев во Калитеа, умрев од досада, поглупаво место не сум видела, никогаш веќе.
     
    На Candid му/ѝ се допаѓа ова.
  8. tockaAa.

    tockaAa. Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2015
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    256
    Пол:
    Женски
    па отидена бев да се одморам но самата околина не ми дозволуваше јас баш се чудам на твоето мислење сум била на мнооогу поубави места за разлика од Кушадаси. Грција си е Грција не правам муабет за краците некаде подалеку како на пример Санторини,Скијатос,Миконос,Лефкада,Тасос Родос и сл. се прееубави и немаат допирна точка со Кушадаси, ем поубави и покултурни луѓе ем поубави плажи и хотели ем поубава храна. Можеби е поскапо ама пак за тоа е одморот секој со можностите. На некои и Претор му е Сен Тропе. тоа е
     
    На ubavica25 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Candid

    Candid Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    489
    Пол:
    Женски
    @tockaAa. јас пример кога идам на Одмор сакам само убава плажа, убави луѓе со кои ке разговарам, сликам, забавувам. Мене повише ми сметаат фамилијарни плажи каде што има милион деца кои ми пиштат и вриштат над глава отколку некој забулен да ми се шета. Таква им е религијата и си ја почитуваат и тоа е тоа сакала или нејкела ти. И да имам прошетано многу места но не ја споредувам Турција со Грција. Сум била на сите места што ги спомена ти освен на Санторини (планирам наредната година да идам) и пак не ми е јасна споредбата но нема врска, нели форумот е за да си дискутираме и размениме мислења :)
     
    На Donamace и Aschenputtel им се допаѓа ова.
  10. Donamace

    Donamace Активен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2015
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Lezalka na ladies beach e 10 liri, mnogu guava e na ladies beach ko sardini a ponakraj na plazata ima mesto bez Lezalka :)
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.469
    Допаѓања:
    201.244
    Пол:
    Женски
    Еве ме и мене, да пишам и јас впечатоци од одморот во Кушадаси.
    Уплативме директно онлајн, во март за аранжман во септември, со попуст за рана резервација. Бевме со сопствен превоз. Патувавме два дена, со попатно преспивање. Патот низ Грција се минува за кратко време, за некои си пет часа се стигнува од македонско-грчка до грчко-турска граница. А после тоа некако предолг ми се виде патот низ Турција. На одење застанавме да преспиеме во ЧанакКале, наредниот ден ја посетивме попатно Троја и после пет часа бевме во Кушадаси.
    Хотелот не беше во градот, туку некои си пет километри после Кушадаси, на Лонг Бич. Се работи за хотел Батихан, со четири ѕвездички. Можам да кажам дека од самиот одмор сум презадоволна, убаво се одморивме. Хотелот не е многу голем, ама не е ни мал, многу е чист и вработените се прилично фини, единствено им замерувам тоа што слабо стојат со англискиот јазик. Собата ни беше со поглед на море и дел од базените, солидна, со клима и голем балкон. Плажата беше ептен блиску, со лежалки и чадори за гостите достапни во секое време, исто така и крпи си даваа од самиот хотел. Морето баш не ни се погоди, беше некако ладно, постојано со бранови (ретко мирно) и поради тоа и нечисто. Но сепак се бањавме, и таму и во базените. За храната - ок беше, иако презачинета на моменти, малиот мој не сакаше да јаде скоро ништо, па се снаоѓавме. Богат избор за сите три оброци, со исклучок на овошјето, некако немаше избор, бевме ограничени само на бостан, јаболка и портокали. Ми се бендисува тоа што кога сакаш може да си земеш вода и ајран од фрижидерите поставени во барот и ресторанот, исто важи и за кафе и сокови, коктели и други алкохолни пијалоци директно од баровите. Ужинките и доцниот ручек беа ок, иако можеше и подобро.
    Во хотелот имаше супер тим за забава на гостите, постојано беа активни со разни занимации и спортови и дефинитивно беа најдоброто нешто од цел одмор. Навечер прво имаше мини диско за децата (мојов не пропушти ниедна вечер), а после и шоу за возрасните, секоја вечер различно, зависно од денот.

    Во однос на шетање: попатно ја посетивме Троја, еден ден отидовме и до Ефес и куќата на Дева Марија, а на враќање поминавме во Кушадаси. Не ми остави некој впечаток освен тоа дека многу се гради и е во брз пораст. За мирис - очекував да мириса бидејќи имав прочитано искуства вака по форуми, ама јас не осетив ништо. На крстарење не успеавме да отидеме, а до ПамукКале тешко со мало дете, посебно затоа што не верувам дека детето ќе го издржеше тој пат.

    Ако некогаш следно одиме во Турција, тоа би било само со авион, никако со сопствен превоз, бидејќи навистина е премногу напорно. Колку и да е добар патот (а е навистина добар 90%) сепак е заморно.
     
    На Esmeralda-MD, Adi888 и Acka22 им се допаѓа ова.
  12. salat43

    salat43 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    14
    Здраво :)
    Нова сум на сајтов. Оваа година би сакала да одам на одмор Кушадаси, па разгледував некои од хотелите. Сакав да ве прашам дали имате искуство со некои од хотелите како што се Blue Sea, Merry, Grand Kurdoglu. Дали е чисто, дали има убава храна, дали се блиску до плажа? Се надевам дека ке ми помогнете :)
     
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Некој во хотел Teciment бил?
     
  14. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    4.274
    Пол:
    Женски
    Некој со поново искуство од годинава или лани?
     
  15. Zenski Svet

    Zenski Svet Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2016
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    1.199
    Има ли некој искуство во Анталија ?Може е вон тема али ако има таква пратете ми линк од групата ....
     
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.469
    Допаѓања:
    201.244
    Пол:
    Женски
    Што те интересира?
     
  17. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    4.274
    Пол:
    Женски
    @Annath морето дали е чисто, какви се плажите, храната, дали е ефтино општо се, лежалки колку се, луѓе од кај има се :)
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.469
    Допаѓања:
    201.244
    Пол:
    Женски
    Душо, јас одев на варијанта се вклучено, така што ретко трошев пари надвор од хотелот. Инаку цените на храната се ок, нешто како кај нас, не е многу скапо. Лежалки си имаше самиот хотел, а на други плажи не одевме. Плажите се ок, песочни, има додуша и камења, карпи, ама морето не ме бендиса, ладно беше некако (во септември бевме), не беше чисто, и имаше доста бранови. Храната е прилично зачинета ама проаѓа, се наоѓа по нешто за наш вкус. Луѓе има од секаде, на наши не налетав, ама доста Германци, Чеси, Полјаци, Руси имаше. Исто и Турци доста.
    Ова за Кушадаси зборам, за местата и морето во Анталиски Залив не знам, не сум била таму.
     
    На krEM4Eto му/ѝ се допаѓа ова.
  19. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    4.274
    Пол:
    Женски
    Ние веќе закажавме, во септември ќе одиме. Најбитно ми е водата да е чиста со горештините годинава ваљда топла ќе биде. Фала многу
     
  20. najjacha

    najjacha Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2018
    Пораки:
    769
    Допаѓања:
    582
    Пол:
    Женски
    Туристичка агенција која имаевтини понуди за во Турција, Кушадаси? Со дечко ми планраме да идеме на една недела